Конекција

31.07.2014 11:44
Конекција

Министрите, државните секретари и секретарки, презентерите на ова или она, ај-ти експертите, малите деца со мобилно нешто, големите деца со нешто друго... тие се во тоа.

Во конекција.

Имам ли конекција со вас, прашање кое сè уште - а најмалку откако тој збор се појави во новоговорот - не сум го чул.

Дали сме во врска?

Па, ако сме, во каква?

Зборот е изведен од старофранцускиот connexion, со постар латински корен connexionem, а тој од connexare и connectere, да се поврзе, сврзе. Исто така и спои.

Во светот на оние кои живеат од компјутери поимот конекција значи дека ако ја нема, нема ни потреба да се доаѓа на работа.

А ако нема идеја за врска, не вреди да се дојде ни на љубовен состанок.

Без врска нема работа, нема испити, нема запишување во градинка. Без врска е - глупаво. Или тука некаде. Треба да имате врска за работа, училиште, стипендија, матура, ни првата љубов - изгледа - нема да почне без врска. Има тука и ноќна мора: во ерата на електронска комуникација цркнува компјутерот, исклучувате сè од него (компјутерот) а нешто останува да свети: кабелскиот модем, екранот, откачените звучници.

Големиот мал брат, или обратно.

Драматична врска. Што е тоа?

Не е добро, никако. Ни врската, ни конекцијата. Ни со едниот, ни со другиот збор, таа збудаленост на двајца луѓе (на пример) не може да биде ни конекција, ни врска.

Извор: vreme.com
Слика: Leon Zernitsky

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото