E = mc2

19.08.2014 11:19
E = mc2

Веројатнo најпозната на светот, оваа равенка го решава односот на масата и енергијата.

Творецот на формулата Алберт Ајнштајн морал - пред голема маса, со голема брзина - да збрише од Германија непосредно пред Втората светска војна. Евреинот Ајнштајн го притиснала масата од оние кои верувале дека претставуваат нова, натчовечка раса. И дека, како такви, се повикани да ги уништат пониските раси - освен Евреите, барем уште Циганите (Ромите) и Словените.

Две илјади години порано, римскиот писател Јувенал презриво рекол дека масата жители на престолнината на Империјата бара само panem et circenses, леб и игри. Неговиот презир бил уметнички став: меѓутоа, римските имепратори за бесплатниот леб и циркуските игри често се грижеле повеќе отколку за границите на царството, зашто од римската маса и нејзиниот глад често им зависела главата на рамената.

Човечката маса е безлична, таа е толпа, куп, свет, огромна, разјарена, обезглавена, весела, разулавена, хипнотизирана... Или ја опишуваме како маса навивачи, поддржувачи на овој или оној, припадници на тоа и тоа, верници или неверници во некој бог или идеја.

Колку и да гледале на неа од високо како на необразована, лесна за заведување, алчна, простачка, сурова, глупава итн. и колку од неа понекогаш да стравувале, политичките елити низ целата историја настојувале да управуваат со масата. Грците ги нарекувале луѓето кои ја водат масата (светот или „народот“ во нашата смисла на зборот) демагози. Буквално, оние кои - без оглед на своето потекло - во јавниот живот ги застапуваат интересите на мнозинството. Денешното негативно значење на тој збор настанало многу подоцна.

Тајната на уметноста на водење на масата никогаш не е разјаснета, иако се развиени многу теории и усовршени се многу вештини, од античката реторика до денешните организации кои нудат обука во „модерните вештини“ или „политичката уметност“. Не е разјаснето ни дали постојат навистина спонтани побуни на масата.

Толку за Ајнштајн.

Извор: vreme.com
Слика: Ентони Фалбо

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото