1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Главно се заградени, често со бодликава жица; правилата на куќниот ред детално се разработени и видно истакнати - а расеаните или недисциплинирани „логораши“ (кампери) плаќаат со тоа што ноќе не можат да излезат или да влезат во него после одредено време.
Менаџерот на кампот (порано: lagerfűhrer) не наредува, но очекува од своите клиенти да ги почитуваат и непишаните правила на однесување, да живеат уредно, да јадат во одредено време, да ги извршуваат своите потреби (тивко), да спијат ноќе, а дење да прават сѐ што, кога и како прават и сите други нивни сопатници. Туристи, во оваа приказна. То ест, оној нивен подвид кој „ужива во природата“, па макар дотичната се препознавала по бетонските подлоги за камп-куќички, обележани со плацеви за шатори, паркинг со стреа за заштита од сонце...
Значи, овде не станува збор за концентрациони логори, колку и да потсетуваат на нив камповите денес, и не само на прв поглед. Webster's вели дека концентрациониот логор е со стражар обезбедено место за изолација на политички затвореници, малцинства и слични групи, посебно нацистичкиот логор за интернација и казнување.
Меѓутоа, потеклото на изразот е совршено британско: концентрационите логори се јавуваат во англискиот јазик како ознака за начин на изолирање на цивилното население несклоно кон матицата во Бурската војна 1900-1905. А тој изум ќе стане глобална империјална пракса во сите војни потоа, како што била отсекогаш - во облик на раселување и преселување на цели народи, на пример.
Што се однесува до обичниот камп/логор, тоа е место за престој на војска или други групи луѓе под шатори или други привремени засолништа, кое било привремено засолниште за престој на отворено или одмор, каква било воена или друга група луѓе која некаде привремено престојува, работи или заедно се движи, живот во војска воопшто, групи луѓе кои делат исти идеали или уверувања, рекреативно подрачје опремено за спортски активности...
Според тоа, кампингот е подигнување камп, привремен начин на живот „како во камп“, но и многу други нешта, вклучувајќи го и неконвенционалното, театрално однесување или говор. Во американскиот англиски јазик изворниот латински збор campus, поле, денес означува универзитетска, и пошироко, училишна населба воопшто.
Меѓутоа, кампувањето е нешто друго.
Извор: vreme.com