1025 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 05:59
Многу пред да биде измислен најстариот астрономски инструмент, нашите предци оставиле сведоштва дека го набљудувале небото и дека небесните појави оставале длабок впечаток врз нив. Цртежите, хиероглифите и непротолкуваните пештерски белешки на прапредците, митовите и легендите, зборуваат за застрашувачките небесни појави и катастрофални промени на небесниот поредок.
Изворниот грчки збор „космос“ има мноштво значења, но во едно од најстарите е украс на коњскиот оглав т.е. копче кое ги поврзува појасите, а е украсено со плочка од слонова коска, често изрезбана и обоена со пурпур. Таа космичка поврзаност со убавината до денес останала во зборот „козметика“. Космосот како ознака за ред, поредок, свет - и како космос, вселена, и како збор за човечкиот свет, и како синоним за украс, накит, убав изглед - веќе му е познат на Хомер.
Некои истражувачи се уверени дека сличноста на митовите и легендите за небесните појави кај повеќето познати народи сведочи за тоа дека тие се засновани на набљудување на небото, а не на чиста фантазија, без оглед што денес ретко кој на ноќното небо може да пронајде каков било мит.
Космичката ера на ѕвездите ќе заврши за некои 100 трилиони години. Од тој момент па до 1037 (десет трилиони трилиони) година во иднината целата постоечка маса на космосот ќе премине во дегенериран облик на ѕвезди, претворени по експлозиите во црни дупки, неутронски ѕвезди или бели честички. Ќе следи - во распон од 1038 до 10100 година во иднината - ера на црни дупки. Кога после тоа ќе исчезнат протоните за одржување на енергијата на црните дупки, ќе исчезнат и тие. Во космосот кој преостанува ќе доминираат фотоните со огромни бранови должини, неутрините, електроните и позитроните.
Уредниот и досаден германски филозоф Имануел Кант рекол дека нема ништо повеличенствено од ѕведеното небо над нас. И моралниот закон во нас, додал, но тој дел од реченицата некако помалку го гледаме.
Никој нема да ја види убавината.
Извор: vreme.com
Слика: Светлана Севел