Важноста на 9 мај: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

09.05.2014 09:43
Важноста на 9 мај: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

На 9 мај 1945 година Германија ја потпишува својата капитулација во Втората светска војна, во која животот го загубиле милиони луѓе. Војната е официјално завршена неколку месеци подоцна, со капитулацијата на Јапонија, но во Европа денешниот ден се одбележува како Ден на победата над Фашизмот.

На 9 мај 1945 година советскиот маршал Георгиј Жуков пред сојузниците го ратификувал договорот за германската капитулација, кој еден ден порано во име на Третиот рајх го потпишал генерал фелдмаршал Вилхелм Кајтел.

Тој ден, кога престанало најголемото крвопролевање во историјата на човечкиот род, крвопролевање започнато поддржувачите и промоторите на фашистичката идеологија, Европа со гордост извикнала: Никогаш повеќе!

Еден од најзначајните датуми во Европа, 9 мај, се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа. Пет години по германската капитулација, на 9 мај 1950 година, Роберт Шуман, тогашен министер за надворешни работи на Франција, го претставил својот предлог за формирање на Европска заедница за јаглен и челик. Овој предлог, познат како Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.

Овој датум како Ден на Европа, кој го прославува единството и мирот на стариот континент, се одбележува од 1985 година.

Меѓу другото, 9 мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето без оглед на нацијата, верата, расата, полот и сексуалната ориентација се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат.

Извор: radiosarajevo.ba
Слика:
 Михаил Михаилович Черемних

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото