Каде сте, богаташи?

20.05.2014 13:50
Каде сте, богаташи?

Мојот посинок ни јави дека е во Орашје. Не знаеме каде е денес, но сигурни сме дека тој и неговата група која брои двасет млади луѓе од цела Хрватска, сите врвно обучени професионалци, се обидуваат да ги спасат од матната вода луѓето кои останале без ништо. Додека нашите храбри момци минуваат денови и ноќи во вода до грло, опседнати со потребата да му помогнат на ближниост свој, што прават хрватските мултимилионери и милионери?

Неодамна DNEVNIK.hr објави дека Хрватска има најмногу мултимилионери во регионот. Дури 280. Според методологијата на комуникациската фирма „Wealth-X“ мултимилионер е секој поединец чие богатство надминува 30 милиони долари. На врвот на хрватската листа е Тодориќ, на второ место Тедески, на трето...

Што прават тие момци додека голем дел од Хрватска тоне во вода, кал и несреќа?

Во еден наш дневник гледаме фотка на која се смеат Тедески и „Маја“. „Маја“ нема презиме, но сепак сфаќам дека тоа е жената на мултимилионерот која во Копенхаген вчера или завчера, не ме фаќајте за збор, го прославила својот педесетти роденден.

Немате поим колку откачен лик е Тедески. Тој во тајност во познат копенхашки хотел повикал осумдесетина пријатели од Хрватска, а ја одвел Маја во Лондон, за педесетгодиншната Маја да не сфати дека ќе го прослави роденденот во Копенхаген. Претпоставувам дека пред да влезат во приватниот авион, ѝ ги покрил очите со крпа, а потоа ја тргнал крпата во оној хотел.

Сфаќате? Кое лудило! Каков внимателен лик! Каква е тоа љубов! Па го запалил светлото. Тогаш Маја ги здогледала осумдесетте пара хрватски очи и исто толку усти кои пееле, среќен роденден, среќен роденден, среќеееееееееен... Тука имало и два светски бенда. И готвачот поради кој Маја била баш таму. Типот прави некакви сендвичи во кои нашата Маја би се удавила.

Ебаго! Ебаго! Имаат ли трошка срам сите тодориќи, тедесковци, и како ли веќе се викаат. Нивните маи не би џвакале во Копенхаген ако нивните мажи не ја одереа кожата од грбот на оние кои токму во овој час се дават или лежат во некој прифатен центар или на покривот на куќата чекаат хеликоптер или гледаат како им се дави единствената крава или го молат бог неподвижната баба да им умре на раце, а не во здивената вода.

Ги заболе нив. Ниту еден од нив сѐ уште не се огласил и не направил нешто да им помогне на каков било начин на несреќниците кои навистина останале без сѐ. Никој нормален во Хрватска не очекува од ниту една од тие 280 хрватски маи да ги соблече од себе дизајнерските крпчиња и да се упати кон некој собирен центар и од тука да тргне да им делат храна на бездомниците.

Нема да го направат тоа, бидејќи никој не им кажал на тие наши маи: „Еј, маи, тоа се носи во светот.“ Да се случеше ваква катастрофа во Британија, нивната принцеза немаше да го слави роденденот бидејќи славјето во земја која тоне е неприфатливо.

Знам. Во глуви уши. Нашите мултимилионери се првата генерација разбојници, па нивниот целосен недостиг на домашно воспитување - од нив не треба да се бара емпатија - мораме да го препознаеме како нешто што е нивна суштина.

Во нашата земја се делиме на луѓе кои се дават во вода и сподоби кои се гушат во специјални сендвичи. Деновиве постојано ми паѓа на памет онаа Марија и колачите.

Сѐ е исто, а сепак не е исто. Во Хрватска нема гилотина.

Извор: rudan.info

ОкоБоли главаВицФото