Дебела поп култура

25.06.14 16:44

По серијата предмети надградени со цртежи на американскиот уметник и илустратор Алекс Солис, претставуваме уште една негова серија цртежи: во овој ненасловен проект, Солис си поигрува со познатите суперхерои и ликови од поп културата, доведувајќи ги во врска со една тема која исто така е популарна и актуелна во денешницата - прекумерната телесна тежина.

Испревртувајќи го совршенството на суперхероите и правејќи ги поблиски до обичните луѓе така што на комичен начин ги здебелува на своите цртежи, Солис создава еден свет во кој нема место за идеални и супермоќни суштества.

Извор: instagram.com/alexmdc