Сокот од грејпфрут не влијае на ништо

26.06.2014 09:45
Сокот од грејпфрут не влијае на ништо

Скопје, 26 јуни 2014

Конзумирањето половина чаша сок од грејпфрут секое утро не влијае на апсолутно ништо, покажува резултатот од најновата студија на институтот „Tutti Frutti Science“ во Манчестер.

Научниците дошле до ова откритие анализирајќи примерок од триста луѓе од 18 до 55 години во период од еден месец.

„Очекувавме, како и обично, дека ќе дојдеме до некое епохално откритие, од типот дека грејпфрутот влијае на намалување на акумулираниот стрес во мускулите или дека ковитаминот Б од неговите влакна овозможува полесно потемнување на тенот во солариум. Меѓутоа, на наше големо изненадување, конзумирањето сок од грејпфрут секое утро не доведе до никакви резултати, освен малку тегоби во стомакот, кои некоi испитаници ги чувствувале затоа што не јаделе нешто нормално за пoјадок“, изјави доктор Џереми Кјубрик, предводник на истражувачкиот тим.

Освен што не влијае на ништо, истражувањето покажало дека грејпфрутот посебно нема никакво влијание на квалитетот на сонот, намалувањето на главоболката и проширените вени.

Исто така, грејпфрутот не е благотворен ниту за бремените жени до четвртиот месец од бременоста и не придонесува за поздрав развој на плодот, заклучува овој институт.

За никаквото дејство на грејпфрутот врз човечкиот организам, знаеле уште древните Египќани. Нивните жени не користеле грејпфрuт за нега на својата коса и подготовка на храна, бидејќи уште тогаш знаеле дека ова овошје нема апсолутно никаков ефект. Исто така, жените на древните Маи не користеле грејпфрут зашто тогаш тоа овошје не ни постоело во Јужна Америка.

Извор: www.njuz.net