Едо Маајка: Луѓето кои мразат цели религиски, етнички или класни групи не се мои пријатели, туку се блиски на фашизмот

08.08.2014 12:41
Едо Маајка: Луѓето кои мразат цели религиски, етнички или класни групи не се мои пријатели, туку се блиски на фашизмот

Драги пријатели,

Во последниот месец сведоци сте на систематски напади врз мене преку веб. Се шират невистини за мене и моето наводно преминување во друга религија, се споделуваат статии кои немаат врска со насловите, се пишуваат блогови полни со омраза и осуда кои немаат врска со вистината. Луѓето ме навредуваат преку интернет, не само мене, туку целото мое семејство. Ако погледнете, повеќето од тие навреди доаѓаат затоа што сум оженет со Еврејка. Тоа покажува омраза кон Евреите која ме изненади со количината. Со ниту една изјава или постапка не сум ја оправдал таа омраза, не знам како воопшто може да се оправда туѓиот примитивизам. Додека бев оженет со Хрватка имаше по некое плукање, но ова сега е чиста омраза и тотално претерување. Луѓето кои генерално мразат Хрвати, Срби, Бошњаци, Евреи, Палестинци или која било друга етничка, религиска или класна група, не се мои пријатели и за мене во најмала рака се блиски до фашизмот. Такви има секаде, моја грешка беше што мислев дека меѓу Бошњаците има малку такви, но сите овие коментари на мојот профил, на порталите и на интернет под статиите поврзани со мене ми ја кажуваат другата тешка вистина, ни ја кажуваат на сите нас. Буквално се оддалечуваат од мене како од син кој направил нешто лошо, бидејќи е оженет за припадничка на друга религија и нација, додека на Евреите се гледа како на нешто срамно и се дехуманизираат со секоја реченица. Јас сум горд што сум Босанец, горд сум на тоа што имам босански и хрватски пасош, и го сакам моето семејство, колку и вие да го мразите. Ги сакам сите луѓе и не ги делам по нација и религија. Повеќето само покажаа дека мислат дека се такви, но далеку се од тоа.

Ваш Едо Маајка.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото