Јахти и шахти

20.09.2014 09:32
Јахти и шахти

Ќе се гради и панорамското тркало и сите други предвидени проекти. Тие не влијаат ниту одземаат некакви средства од оние што се планирани за решавање на последиците од поројните дождови. Скопје 30 години не памети вакви дождови. Оваа изјава на портпаролот на Град Скопје може да се чита како директна, најприземна закана од власта, што може да направи штети неспоредливо поголеми од тие на „Бранко“ и на „Талија“ заедно, не само во метрополата. Зборовите на портпаролот се само уште една потврда на доследноста, на упорноста и ароганцијата со која властодршците се држат до принципот: после нас – потоп.

А со нив и најмал дожд се претвора во потоп. Зашто мрежата инсталации што непрекинато ја градат секаде каде што ќе стигнат, не е проектирана за одбрана од очекувани природни непогоди, туку за да ги заштити од ненадеен бран незадоволство. Власта е посветена на чистењето канали (ТВ) и во опремување на „гомнарите со гомнарски цевки“ од најмалку две причини: прво, тие секоја бура сега може да ја сместат во чаша вода и, второ, кога целата јавна и политичка атмосфера личи на подземје, на канализација, кога секоја дискусија ќе биде сведена на јадење гомна, многу полесно се поднесува зачестеното излевање фекалии од шахтите.

Каналите и инсталациите на власта имаат капацитет да приберат и многу поголеми количини народни пари. Затоа, повеќе од сигурно е дека ќе се гради и панорамското и сите други тркала, дека ќе има повеќе за јахти отколку за шахти.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото