1011 hPa
77 %

18 °C
Скопје - Пет, 25.04.2025 09:59
Мел Пекарски е американски уметник, роден 1934 година во Чикаго. Најмногу е познат по неговите слики и цртежи од пустината, а критичарот Доналд Куспит го смета за „еден од најзначајните современи пејзажни уметници“. Бил професор по уметност на њујоршкиот универзитет SBU дури четириесет години, а неговите дела се изложувани на десетици самостојни изложби.
Илустрирањето на книги за деца се наоѓа на маргините од творештвото на Пекарски: најголемиот дел од овие илустрации се создадени во периодот 1960-1967. Сепак, и на ова поле, овој американски уметник постигнува значајни и одлични резултати.
„Љубопитната крава“ на Естер К. Микс е само една од книгите за деца кои тој ги илустрирал на извонреден начин.
Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com