Ве молам викнете ме кога ќе решите да ја рушите власта

16.12.2014 14:58
Ве молам викнете ме кога ќе решите да ја рушите власта

После ваква изјава, ректор со минимум достоинство ќе ги изнесеше сите професори на улица. После ваква изјава, универзитетски сенат со минимум достоинство ќе се самораспуштеше и ќе излезеше на улица. После ваква изјава, интеруниверзитетската конференција сочинета од луѓе со минимум достоинство ќе повикаше на генерален бојкот на власта и ќе излезеше на улица.

Бидејки не се случи ништо од ова, единствен заклучок кој можам да го изведам е дека сите овие институции се претставени од луѓе без минимум достоинство.

Се сеќавам на времињата кога универзитетските професори ја подготвуваа стратегијата за развој на образованието. Тоа беше во времето кога бевме на прагот на демократијата. Потоа дозволивме кецарошите од последните клупи да заседнат на чело на државата. И да нè претворат во држава на повторувачи.

Јас немам намера да разговарам со оваа власт. Затоа што имам два грама мозок и два грама достоинство.

Ве молам викнете ме кога ќе решите да ја рушите.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња