Гумен куршум за умен народ

26.12.2014 01:30
Гумен куршум за умен народ

Додека другите, многу понадлежни, државни институции на секој начин се обидуваат да ги избегнат, полицијата се труди да им излезе во пресрет на студентите, хонорарците, на чесната интелигенција, работништвото и на сите кои на масовните и зачестени собири на улиците и плоштадите демонстрираат свест, солидарност, одговорност, храброст и отворен револт од аздисаната владејачка гарнитура, од нејзината сè повулгарна и поотворена злоупотреба на власта.

Министерството за внатрешни работи, и тоа работи многу сериозно, на подготовките за дочек на промените, најавени со внатрешните превирања во општеството. На новиот предизвик, речиси непознат во мандатот премиерот Груевски, министерката Гордана Јанкуловска се спрема да одговори со средства, кои сега не се дозволени со закон. За што поуспешно да го крши отпорот, Владата процени дека е полесно да го смени законот, отколку народот. Ако се усвојат предложените измени, полицијата во иднина (блиска) ќе може да пука со гумени куршуми во толпата, да користи електричен парализатор, специјални возила за блокирање простор, за ограничување на движењето, да фрла флеш, шок и чадни бомби. Се разбира, остануваат на сила и старите, законски, средства - физичка сила, полициска палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња.

Оваа демонстрација на сила не треба никого да обесхрабри. Напротив. Таа само покажува дека стравот од „толпата“ се преселил кај власта.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото