Седмо издание на поетското читање „Астални проекции“

02.02.2015 13:14
Седмо издание на поетското читање „Астални проекции“

На 3 февруари (вторник) во Менада во 20 часот ќе се одржи седмото издание на поетското читање „Астални проекции“. Учесниците ќе читаат поезија во три круга: во првите два свои песни, а во третиот омилена песна од некој друг автор.

Учествуваат:

Елизабета Баковска
Бистра Кумбароска
Добрила Грашеска
Васко Маглешов
Николина Јаќоска
Јелена Никодиноска
Аница Блажевска
Миро Славски
Евгенија Станкоска

Музика ќе пушта едно фино чупче што нејќе да се експонира во јавноста. Шифра: FISH CAN FLY and BIRDS CAN DIVE

Слика: Леонард Вајсгард

ОкоБоли главаВицФото