Го браниме градот!

12.02.2010 13:21
otkazano.jpg

Почитувани,

Со тешко срце ве известуваме дека Плоштад Слобода нема да учествува на утрешниот протест.

1. Се оградуваме од сите политички партии кои се обидуваат за свои цели да ги искористат нашите искрени намери и напори во искажување на нашиот граѓански став, притоа свесно изложувајќи не' на ризик од вербално и физичко насилство.

2. Акциите на Плоштад Слобода никогаш не биле македонски, албански, македонско-албански и воопшто исклучиви кон останатите етнички заедници. Ние настапуваме првенствено од позиција на засегнати граѓанки и граѓани.

3. Нашиот став останува неизменет: сметаме дека Скопје 2014 е економски неоправдан проект кој е во исто време штетен за општеството, спротивен на принципите на мултикултурализмот и естетски неприкладен. Во исто време остануваме на ставот против изградба на било какви верски објекти на Плоштадот "Македонија".

ГО БРАНИМЕ ГРАДОТ!

Плоштад Слобода

Скопје, 12.02.2010 година

Македонско-албанска бригада,

Македонско-албанска бригада, WTF?
Зошто е потребно да се потенцира етничката припадност на поголемиот дел на членовите од двете НВО-а?

Тоа, Келепур, е (суптилна?)

Тоа, Келепур, е (суптилна?) алузија на партизанските македонско-албански бригади, чинам... Мож и да е благо (суптилно?) иронизирање на една друга (архаичка? кукавичка?) бригада... Кој ќе знае... Важно да е братски&единствено!

Зошто?

Се сложувам со коментарите на Келепур.. Ние сме граѓани на Скопје.. Нема потреба од поделби и сегрегација.. На кој не му се допаѓа СК2014 ќе дојде и ќе фрли тоалетна хартија.. Колку и да сте сакале да испратите порака од типот "заедно можеме повеќе" за да го потенцирате единството, сте го утнале методот.. Ние протестираме за поубаво/подобро Скопје како Скопјани.. BTW: а што правиме со турците, ромите, србите?? Додадете и други белези.. Не не, јас ќе ви предложам.. Хомо-хетеро-би-транс бригада? Христо-муслиманска?? Ќе помине и таа можеби..?

Како и да е, што и да сум, од

Како и да е, што и да сум, од каде и да доаѓам, протестирам утре..

Skopje 2014

I so gavolot ako treba ke se zdruzite, samo branko na vlast da vi dojde, ama malo sutra, MAKEDONSKIOT NAROD se osvesti !!!!!! 

 Da se nadovrzam na Sociolog

 Da se nadovrzam na Sociolog (anonimniov go skokam), duri i da ne sme gragjani na Skopje imame pravo na protest...:)

Шо се буните Скопје изгледа

Шо се буните Скопје изгледа ужасно сега фијаско фасади во Центар...бесмислено празен плоштад го бива само за предизборни митинзи.
Ќе се разубави Скопје со новите статуи и згради и фасади. После 1963 му текна на некој дека пости овој град а вие се буните не ве контам ни 1%

Jas sum VLAV, nema mesot za

Jas sum VLAV, nema mesot za mene?!?!
Ocigledno na nekoj ne mu ide pametot, site sme drzavjani na R.Makedonija i po nacionalnost Makedonci...Gajle mi e za frustraciite na moite prijateli albanci, neka porasnat veke ednash..
Utre vo TURSKA carshija ke pijam TURSKO kafe so moite prijateli TURCI i ke diskutirame za 2014.... Ke napravime TURSKO-VLASHKA-ROMSKA brigada... Ke gi ostavime BOSHNJACITE i SRBITE sami da si pravat brigada...:))
BRAVO BE!!!! MAKEDONSKO-ALBANSKA brigada?!?!
WOOOOW multietnicka brigada od duri 2 naroda, woooow!!! CUDO se sluci u MKD?!?! 
By the way sum bil na site doesga organizirani protesti, ama ovoj ke go skoknam... Poshto za problemot na 2014 treba da se borime kako gragani, so razviena graganska svest.. Konceptot na binacionalna drzava za mene voopshto ne e graganski....
I da ne izleze deka kako Vlav ne idam radi toaletnata, ke ispratam 2 rolni po eden prijatel Makedonec... :))
 
 

Ко што напишав погоре,

Ко што напишав погоре, формулацијата „македонско-албанска бригада“ е чиста маркетиншка финта на главниот уредник на Окно. Ниту е дел од официјалното соопштение по повод настанот што го организираат две здруженија, ниту пак е име на некаков нов ентитет. Само е уредничка фора, повторувам, за привлекување внимание.

Башка, баш во Плоштад слобода имаме и Турци и Власи и Срби и Хрвати и Албанци и Бошњаци! Скраја памети е дека сите граѓани на ск и мк не се добредојдени утре на протестот! Баш обратно! Протестот и се организира ради националистичкото лудило на Грујо кај сака центарот на главниот град да го претвори во морничав етно парк!

Во Загреб цела НВО и културњачка сцена е дигната на нозе ради 15 метри узурпација на јавна пешачка зона (ради влез во приватен шопинг и деловен центар, инвестиција тешка 100 милиони евра), а овде Грујо ви го преорува центарот и вие ќе седите во Турска чаршија и ќе пиете чај! Зашто?! Зашто Окно, јеботе, ве навредило што го спомнало мк-алб братство и единство!? Ебате смешните и неодговорни ескаписти! А не се вреѓате ради Грујо и Ахмети? Ради Бранко и Ахмети? Ради Грујо и Џафери итн... И воопшто, зар не се вреѓате што дури и Уставот на земјава ги третира граѓаните пред се’ како припадници на нации, а не како граѓани?!

Znaci Dragi Moj Kolja, Mene

Znaci Dragi Moj Kolja,
Mene me vregaat mnogu raboti, i regiram na niv.. Reagiram na Grujo, reagiram na Branko,  na Ali, na se shto me nervira....
I ako "marketinshkiot trik" smetam deka e glup ke kazam deka e glup.. Mozebi celta na urednikot na Okno e da privlecne vnimanie, ama mozebi i nekoj vrega i go nervra.. Mozebi e satira, ama jas taka ne go procitav....
E sega: tvoe e dali ke bidesh dovolno golem, i ke priznaesh deka mozebi ova ne beshe najpametnoto reshenie i moze da bide zloupotrebeno od luge koj namerno ke sakaat da go izvadat od kontekst ili mozesh da bidesh ushte pogolem kako Grujo i da odish do kraj deka : Urednikot na Okno nikogash ne grashi!! Neprikosnoven e!!
Jas dobro svativ se i ne se sekiraj nema da pijam kafe... Samo moe e da kazam: I dont like it!! Ne e smeshno, lugeto vo ovaa zemja ne citaat megu redovi, citaat bukvalno!! toa beshe mojata poenta
 
 

tragikomicen plakat so

tragikomicen plakat so odrednica i skriena namera preku samiot naslov da se dobijat simpatii...tragikomicno. Bye Bye my luv

Бев на минатиот протест

Бев на минатиот протест минатата сабота, ама на овој немам намера да дојдам, и во иднина немам намера да доаѓам се додека „сојузници“ се Разбуди се (Zgjohu) со Артан Груби на чело кои уште од 2006 со најдолни навреди се изразуваа за македонскиот народ и за Македонија и кои би требало да се ваши противници драги Окнаши, а не сојузници. Вие сте борци против национализмот и „антиквизацијата“, а токму Разбуди се се една националистичка организација која јавно ја поддржува „илиризацијата“ и „дарданизацијата“ на Албанците и неколку пати јавно зборувала за „дардански територии“, Скопје - косовски град и слично. Според нивните дејанија последниве 4 години, вие би требало да ги критикувате, а не да се сојузувате со нив. Друга работа е што овие господа од Разбуди се воопшто не гледаат за општограѓанските интереси, туку гледаат тесно националистички само за албанските интереси, ама нашле кој да ги поддржи и сега тие се борат за албанските интереси преку вас. Цврсто сум сигурен дека во проектот да ја имаше Бурмали Џамија, споменик од Скендербег, споменик на терористи од УЧК и знамиња со двоглави орли, овие господа албански националисти и шовинисти од Разбуди се немаше да протестираат, туку напротив пламено ќе го бранеа овој проект. Верувајте ми, дека доколку им се исполната барањата, уште утре ќе престанат со протестите за „меѓуетничката поделба“ која божем им смета, а за која самите јавно се залагаат. Не планирам да им давам поддршка и да бидам орудие на албански националисти и шовинисти. Се гледаме на некој друг протест каде што нема да биде оваа националистичка организација. И да не бидам погрешно сфатен, за што сум сигурен дека ќе бидам, мене Албанците воопшто не ми сметаат, имам пријатели Албанци и нема да ми смета да застанам со нив на заеднички протест или манифестација, ама со докажани албански шовинисти и националисти какви што се Разбуди се, не благодарам. Искрен поздрав
 

брат влав, се слагам за она

брат влав, се слагам за она што го кажа, и според мене е пропуст; сепак, може да се иде како граѓанин, имаме аждаи за убивање. а за следен пут организаторот се надевам ќе има в предвид дека има и немакедонци и неалбанци и воопшто, граѓани кои не сакаат да се дефинираат како припадници на етничките заедници

хехе фројдовски му реков

хехе фројдовски му реков "брат влав" :) племе си е племе

Марио, ептен го ценам твојот

Марио, ептен го ценам твојот став! Камо среќа да имавме повеќе на тој начин принципиелни луѓе во земјава, а особено низ партиите!

Лично, не ги знам „Разбуди се“, но ако стварно станува збор за забегани националисти и радикали, во тој случај некаква подолгорочна или стратешка соработка со „Плоштад слобода“ - е исклучена.

Во случајов се здужуваме ради големо зло и голема неволја - заедничка. Ваљда во такви ситуации човек има право на малку полабави критериуми?! Не сум баш сигурен...

Можеби олеснителна околност за сите нас е што реално ни е многу слаба граѓанската сцена. Допрва ќе треба да вложиме многу труд за заеднички, врз принципиелни основи, да соработуваме меѓу себе, не само како различни етнички заедници кои делат ист простор, туку и како луѓе со сосема различни светогледи, ама кои се споени во грижата за својата земја!

Vuna brate :))) jas ke idam,

Vuna brate :))) jas ke idam, poentata mi beshe nekoj luge da razmislat pred tuku taka da se rasfrlaat so "brilijantni idei" i "odlicni marketinshki trikovi".. Mojot stav mozesh da go procitash malku pogore potpishan kako: pak jas

Го браниме градот!

Поддршка!
Кога не е испочитувано нештото ако се соберат доволно луѓе и го искажат свето несогласување? Секогаш ќе биде испочитувано! Само да се соберат што повеќе луѓе, малку верба во тоа што се бара,  и ете граѓански концепт! Се е до луѓето, живи, автентични, свесни. Никој не е така добар кога би се потрудил уште малку!
Поддршка!

Вие стварно си немате попаметна работа а?

Абе како прво... Немало Македонско Албански бригади, туку Македонско Косовски УДАРНИ Бригади. Зборот Албанец не сум ни сигурен дека се употребувал. Се употребувал друг збор кој сега е недоличен за употреба и политички некоректен.
Друга работа... Треба со тоалетна да се шетаат протестантите низ град? Замисли те праша тато или мама:
- Каде сине со тоалетната, а ти: Еве Мамо на протести? И на што личи тоа? Ептен сте патетикуси...
На времето се протестирало со МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ, а сега со тоалетна хартија!!!
Абе вие со што сте праени?
 

Ми звучи убедливо или барем

Ми звучи убедливо или барем за простување, објаснувањето дека е маркетинг трик во прашање.
 
Груевски владее со маркетинг, само контра-маркетинг да ги освести заспаните Македонци по каучи, пред тв, под седативи.
 
Македонско-албанска асоцира на убавото партизанско наследство, наспрема комунистичките школи што потоа ги сотреа и Македонците и Албанците и сите други граѓани на оваа земја.  
 
Принципиелно, Скопје 2014 првиот ден ми беше одвратен естетски.
 
Вториот ден, кога сите се фатија за кич, ми светна дека сепак ќе се гради плоштадот, нечепнат со децении, и меѓу најодвратните плоштади во главни градови во овој дел од светот, просто неподносливо грд, заостанат и затуцан, се би било поубаво од ова Скопје сега
 
 
Но... последниве денови пак ми смета се околу него - што се гради на сметка на сиромашен народ, се фалсификува историјата, се дели градот на христијански и муслимански, и се сотира се што е различно.
 
Дебилно црквиче и се што тоа значи, портата?? , Аце кој од нигде никаде се појави, дефинитивно од мене е оддалечен како Јупитер од Земја, 
 
Особено ме нервираат хотелите (тие се за странци да млатат и трошат пари, каков курац тие имаат врска со мене како граѓанин на Скопје??? Кој им ги даде тие маркици при здрав памет бе еј??) и
 
Меѓу еден и друг објект ќе има 5 метара за разминување, а не 200 ко на спотот. 5 метара е чива било соба. Контрамаркетинг за ова -треба спот со реалната состојба после Скопје 2014, кадешто двајца да се разминат ќе мора да се буткаат... 
 
Све у свему, по мене, нит има некоја јасно артикулирана платформа за градење, нит некоја јасно елаборирана идеја за отпор.
 
Фали фокус
 

Bravos za komentarot na

Bravos za komentarot na Vlavot... :))
Taka brate Skopje konecno kje zalici na multikulturalno opstestvo, trgnuvajki od Bit Pazar, pa niz stara carsija, i op - preku barok i klasicizam, do smizlite. Dobar mu e ovoj Grujo Trip, j..ga, no seriozen sum!
Neli?  :)

СООПШТЕНИЕТО

ЗАРАДИ ТЕХНИЧКА ГРЕШКА НА СЛАВНИОТ БЛОГЕР ВУНА БЕШЕ ИЗБРИШАНО СООПШТЕНИЕТО ПО ПОВОД ПРОТЕСТОТ НА "ПЛОШТАД СЛОБОДА" ЗАКАЖАН (А ПОДОЦНА ОТКАЖАН) НА 13.02.2010. ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ОДНОВО ГО ОБЈАВУВАМЕ:

Почитувани,

Поминаа веќе десет дена, а силувачите на Скопје не потрошија ни 5 минути време да одговорат на аргументите кои целата совесна јавност ги понуди против проектот СКОПЈЕ 2014.

"Плоштад Слобода" и "Разбуди се" ги повикуваат граѓаните на уште еден собир на градскиот плоштад во Скопје за заедно да покажеме дека нема да отстапиме од барањата за демократија, соживот, разбирање, современа архитектура и урбани политики.

Ги повикуваме сите да понесат по една ролна тоалетна хартија од дома за во сабота заедно да ја фрлиме кон дивоградбата каде ја раскопуваат канализацијата за да градат антички и барокни грдосии.

Дојдете на плоштадот Македонија во сабота 13 февруари 2010 год. во 11.55 часот за да ги срушиме ѕидовите со кои сакаат да не’ делат. Потоа заедно да ги сардисаме тарабите на дивоградбата на нашиот плоштад!

ГО БРАНИМЕ ГРАДОТ!

Плоштад Слобода
Разбуди се!

Linux Foundation may use web

Linux Foundation may use web beacons from time to time. Such web beacons may lsat practice test be provided by Linux Foundation’s third party advertising companies to help manage and optimize Linux Foundation’s online advertising. A web beacon is a string of code that provides a method for delivering a graphic image on a web aepa exam page or in an email message for the purpose of transferring data, or determining how many times a specific web page has been viewed. Web beacons enable Linux Foundation to recognize a browser’s cookie when a browser visits a Site, and to learn which banner ads bring users to each Site. For example, when a user visits a web page, the code for the page may include instructions to go to another server to gather a single pixel graphic image. Web beacons are not placed on a user’s computer, online courses and users remain anonymous. To opt out of targeted advertising delivered by Linux Foundation, or third party advertisers, users can opt to use freely available ad blocking software, to prevent ads from displaying in their browser. The Linux Foundation does not promote or 1z0-042 braindump recommend any type of ad blocking software, nor guarantees that any of the Site services will remain fully functional if the user utilizes such software.

Ех драги мои окнаши. Не

Ех драги мои окнаши. Не помина ни година, туку само 7 месеци, а јас сосема бев во право. Еве ги вашите сојузници, господата албански национал-шовинисти и илиризатори од „Разбуди се“: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127929 . Ја поддржуваат (и тоа како) изградбата на плоштадот „Скендер Бег“ (на кој ќе има споменици заслужни само за Албанците и Голема Албанија, но не и за Македонија, секако), која е некаков албански пандан на Скопје 2014. Ја поддржуваат и око не им трепнува. Сега не шутираат картонски кутии и тоалетна хартија на Камени Мост, не ја рушат меѓуетничката поделба, туку штом се исполни нивното албанско барање агресивно ја поддржуваат. Толку беше нивниот граѓански активизам. Штом го добија нивното, заборавија за залагањата да нема воопшто градење во економска криза, кога луѓе гладуваат. Сега во манир на големи демократи ќе ги повикувале експертите. Ќе го запреле „изливот на албанци од Скопје, Битола, Прилеп, Велес“. Се надевам дека во иднина ќе внимавате со кој се сојузувате и дали некој ќе ве изманипулира и ќе ве искористи со вашите залагања, да ги оствари неговите цели. Поздрав

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Став
Активизам / Екологија

ОкоБоли главаВицФото