1010 hPa
88 %
13 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 03:59
во името на сите нас
јас имам да кажам
дека на сите вас
на сите би ве ебале матер
на сите по главите би ви газеле
остарени
мудри
би направиле огради
од вашите вештачки вилици
потоа би ве терале да крцкате ореви
беззаби моќници
идејни трупови
мрши
во името на сите нас
само кога би можеле
да станеме на време.
топло пиво
бев кај сликарката во мода
има толку дражесен неред
баш некни била на козметичар
не се шминка не ѝ треба
убава е на оној константен
кравји начин мудра е онака ко
мува која последна слетува на гомно
да мерачи
чесна е онака ко
фукса која не си ја сака работата
туку добива напад на кашлање
кога треба да попуши патлак
на некој маченик
кој еден единствен пат во животот
решил да повика фукса
бев кај сликарката во мода
и пивото ѝ беше топло.
кур на точак
сит се средиле
престанале да пијат
идат на базен секој ден
ги надминуваат бившите крбли
зборат за иднина
се спремаат за странство
пијат добри пива
се гледаат во огледало
само кога мијат заби
а тоа го прават баеги често
поради хигиена или совест
да ги измијат гомната
што им излегуваат на уста.
добар ден
денот кога не нагазувам гомно
добар е ден
денот кога не морам
да крпам чорапи
добар е ден
денот кога не гледам мртва мачка
добар е ден
денот кога не гледам сообраќајка
добар е ден
денот кога не слушам дека некој умрел
добар е ден
денот кога отворам пакло цигари
добар е ден
денот кога тој ме грабнува ко што треба
добар е ден
денот кога се сеќавам на добрите денови
добар е ден
добар ден.
гомно едно
зборувам со гулабите усрани
зборувам со стаорците големи
што живеат во блокот околу здравствен дом
зборувам со папагалите
зборувам со врапците гадни
зборувам со рипчињата
три ми цркнаа
една скокна од теглата
другата сакаше да биде нешто друго
јас ја фрлив низ прозорецот
ѝ дадов можност
третата ми упадна во сливникот
зборувам со цвеќето што не ми успева
зборувам со матноокиот
само со тебе не сакам да зборувам
гомно едно.
петинг
дечкото треба да седне во бела кола
и да дојде до мене
дечкото треба да седне во бела кола
патот не е лизгав
дечкото треба да седне во бела кола
не паѓаат ни дожд ни снег
дечкото треба да седне во бела кола
пролет е
го гледам предградието и патот по кој
мумлаат камиони
дечкото има бела кола.
брука
убаво ми кажаа
цврсто да ја држам чинијата
кога нешто сипам и јадам
толку труд е вложено во мене
јас не можам ни лажицата да ја држам
како што треба
сè истурив
се излеа на подот па излезе
под вратата
па на скалите гледам се слева
стигна на улицата
еден човек се слизна
и почна да пцуе.
брука 2
убавица
се огледува во вир
птичка се посра врз шеширчето
уништен ѝ е денот
солзичка прави крукче во вирот
а ние
ние од вирот се смееме.
Слики: Tamara Muller
Препев: П. В.
Извор: Pas koji je pojo sunce (2001)
Милена Марковиќ (1974), дипломирала ФДУ драматургија, 1998, во Белград.
Ги објавила поетските збирки: Pas koji je pojo sunce (2001), Istina ima teranje (2003), Crna kašika (2006), Ptičje oko na tarabi (2009), Pre nego što sve počne da se vrti (2011), Pesme za žive i mrtve (2014).
Изведени драми: Šine, Paviljoni, Brod za lutke, Beli beli svet, Šuma blista, Nahod Simeon, Zmajeubice – junački kabare...