Правдата е женско, Нежноста е женско, Храброста е женско...

07.04.2016 11:39
Правдата е женско, Нежноста е женско, Храброста е женско...

Џото, Колеж на невините, Capella degli Scrovegni, Падова (XIV век) 

 

Амблем

Џото, Доблести и мани, Capella degli Scrovegni, Падова (XIV век)

Џото вели

Правдата е женско
Нежноста е женско

Храброста е женско
Неодлучноста е женско

Верата е женско
Зависта е женско

Изобилието е женско
Сиромаштијата е женско

Надежта е женско
Очајанието е женско

Милоста е женско
Гневот е женско

А машко се
Неправдата
Глупоста

И Неверата
со пет ситни жени
што му висат
околу вратот


Моќ

Џото, Колеж на невините, Capella degli Scrovegni, Падова (XIV век)

Со каков административен процес
Ирод ја направил извршна
одлуката за колеж на невините?

По какви рационални канали
неговата наредба
филтрирала до дланката околу сабја?

со каков печат
со каков страв
своите луѓе ги убедил

дека генерацијата на едногодишници
се заканува на неговиот престол
им се заканува на нивните животи?

Со каков опијат
ги бришел телцата на купот
и тридемензионалната мајчинска солза

од сеќавањата
на своите поручници?

Крштевањето на Исус, Аријанска крстилница, Равена (V век)

 

 

Загатка

Mавзолеј Gallae Placidiae (V век)

Римјанин на својата сестра ѝ подига
гробница со небо од мозаик

И лакови со овошје сади кон Крстот
круши грозје јаболки
сливи мушмули распукани смокви

И нерешлив лавиринт реди
од детски бои и свастики
тридимензионален дури од далеку

И Добриот пастир го поставува
сè да чува
Турците да не се досетат


Ерес

Крштевањето на Исус, Аријанска крстилница, Равена (V век)

Нашиот спасител е човек
попрво отколку Бог
Ист како и ние

заплашен од обредот
што мора
да го помине

од една страна му е авторитетот
кој го именува

од другата митското суштество
кое не би
требало да постои

а под водата
под струкот

едвај видлива

срамежливата
човечка суштина

S. Apollinare in Classe, Ravenna (VI век)


Вокација

S. Apollinare in Classe, Ravenna (VI век)

Роден цртач на стрипови
лесно се препознава
меѓу мозаичарите

неговата трева
секогаш има
јаболкаста нијанса

неговите ѕвончиња
се појавуваат во шеснаесет
непотребни облици

неговите овци
имаат изрази на лица
повпечатливи од светците

по неговото небо
пловат облаци
облици
поради кои сигурно

долго се карал
со мајсторот

 

Превод: П. В.

Даниела Камбасковиќ (1971, Белград), книжевна критичарка, преведувачка, новинарка, поетеса... Живеела во пет земји (во моментов живее во Австралија и работи како универзитетски професор, експерт за ренесанса), но песните и расказите ги пишува на мајчиниот српски јазик... Работела и како толкувач, службеник за бегалци, уредник на списание за здравство и стручњак за маркетинг и комуникации. Објавила две стихозбирки, а пишува и раскази. Уредник е на Балкански књижевни гласник.

ОкоБоли главаВицФото