1023 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 07:59
Нови истражувања покажуваат дека атеизмот е природна појава, исто како и религијата, што фрла сомнеж на претпоставката дека луѓето се предодредени да веруваат во некое божество. Нова студија од Универзитетот Кембриџ открива дека, спротивно на популарното верување, голем дел од популацијата на древниот свет не верувал во боговите.
Од многу историски книги е отпишано, но факт е дека многу атеисти успешно опстојале во политеистичките општества, оние кои обожувале повеќе богови, судејќи според новага книга „Battling the Gods“, на професорот Тим Витмарш, професор по грчка култура. Неговата книга фрла сомнеж на идејата дека сме тесно поврзани со вишите сили, што упатува на „религиски универзализам“. Професорот Витмарш исто така се противи на идејата дека атеизмот е модерен феномен, пренесува „The Independent“.
„Раните атеисти давале универзални забелешки за парадоксалната природа на религијата која, всушност, бара да прифатиш нешта кои интуитивно не се во твојот свет. Факт е дека сево ова се случувало пред илјадници години и дека уште тогаш постоеле разни облици на неверување во сите култури, како што постојат и понатаму. Додека ние денес ја сметаме идејата на самиот аатеизам како нешто што произлегло од западната секуларизација“, вели Тим Витмарш.
Тој додава дека атеизмот не бил само една проста работа во старогрчкото или римското општество, туку напротив, многу повеќе цутел тогаш токолку во денешниот свет. Според неговото мислење, „добата на атеизмот“ завршила кога толерантните заедници се заменети со империјалистички сили кои барале прифаќање на еден и вистински бог.
„Идејата свештеникот да ти кажува што да правиш била туѓа во грчкиот свет“, смета Витмарш.
Тој во својата книга користи записи стари илјадници години за да ја докаже својата теорија, а некои текстови што ги користи датираат уште од 570 година п.н.е. Но, тој заклучува дека тоа ниту ја докажува, ниту ја оспорува вистината за самиот атеизам.
Извор: e-novine