Ахмадинеџад со автобус, а нашите политичари?!

11.03.2016 04:59
Ахмадинеџад со автобус, а нашите политичари?!

Махмуд Ахмадинеџад после осум години како претседател на Иран си се вратил на работа како наставник и таму, замислете, оди со автобус.

Многу прост чоек овој Махмуд.

Во наша Македонија бившите претседатели имаат свои кабинети, бодигарди, секретари, автомобили и дебела пензија. Иако тоа засега важи само за Бранко Црвенковски (и за блаженопочившиот Киро Глигоров) на пат да им се придружат во уживање на дембелските државни благодати се и бившиот премиер Никола Груевски и, кога ќе му дојде време да му рече збогум на саканиот народ, да се дозгои со државна пензија сегашниот претседател Ѓорге Иванов.

Вака во автобус кај што одат на работа после мандатите, ќе ги видите нашите мили водачи, што вели Басара, во месец лимбург на куково лето.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото