1016 hPa
81 %

6 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 06:59
Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, на 23 март во 18:30 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Корелација“ од Јана Луловска.
„Изложба на збирката фотографии се состои од дваесет диптиси, генерирани и посветени на балканскиот пејзаж. Низ овој жанр, како и низ користењето на старата класична и некогаш популарна благородна техника гумитилија, Луловска се обидува, во ерата на сеопшта дигитализација/виртуелизација, низ реактуелизација на оваа техника да си ја овозможи најнапред креативната слобода, која се темели врз телесната сличност на знакот и на објектот кој го третира“, вели Конча Пиркоска во освртот кон изложбата.
Јана Луловска (1986) завршила уметничка и применета фотографија на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ во Софија и досега има реализирано неколку самостојни изложби во Скопје и повеќе групни, меѓу кои и во Бугарија. Изложбата, која е дел од годишната програма на Центарот во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров.