Стари веспи претворени во модерни дизајнерски столови

31.03.2016 12:52
Стари веспи претворени во модерни дизајнерски столици

Ако веспите се хипстери во светот на скутерите, тогаш овие скутер-столови дефинитивно се хипстери во светот на канцелариските столови . Тие можеби не се идеални за возење низ ветровитите улички на Фиренца или Рим, но сигурно се совршен начин да ги направите љубоморни вашите колеги!

Дизајнирани од дизајнерската работилница Bel & Bel во Барселона, основана од страна на уметниците и дизајнери Карлес Бел и Хесус Бел, овие скутер-столови се направени од шасии на стари оригинални веспи.

Столовите се тапацирани со имитација на кожа и нивната висина може да се прилагоди со хидраулични дискови. Овие дизајнерски столови можат се пофалат со механизам кој овозможува да се наместат во полулегната позиција и функционални светла кои се наоѓаат на задната страна.

Скутер-столовите се достапни во различни бои, но тие се ограничено и уникатно издание. Еден примерок од овие необични столови направени од моторцикли е изложен во Музејот „Piaggio“ во Италија.

Извор: www.boredpanda.com