1008 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Пон, 09.02.2026 23:59
Со слоганот „Став наместо страв“ и вчера во Скопје се одржа протест на Шарената револуција. Повторно беа прошетани куклите со ликовите на аболицираните функционери, а беше ишарано и Министерството за правда.
„Ова ќе биде Министерство за правда“, напишаа демонстрантите. Потоа, протестот продолжи кон Собранието, кое повторно беше боено со помош на рачен катапулт.
Атмосферата од протестот ја пренесуваме преку фотографиите на Ванчо Џамбаски.















