1017 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Нед, 16.02.2025 06:59
Во недела (29 мај) во 18:00 во паркчето на улицата „Букурешка“, жители на Тафталиџе најавуваат дека ќе започне потпишување петиција за зачувување на паркот и измена на ДУП- от.
Од иницијативата за спас на паркот посочуваат дека се револтирани од намерата да се гради зграда на местото на сегашното зеленило. Покрај потпишувањето на петицијата, се најавува и маалска дружба со двочасовно музичко шоу заедно со Beta House и DJ Irie Scratch.
„Заедно сплотени уживајќи во добра музика и дружејки се да се ПОТПИШЕМЕ за нашата иднина. Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина. Излези и потпиши се“, се вели во најавата за настанот на социјалните мрежи.
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА ФРЛАТ БЕТОН ВРЗ ТВОЈАТА ИДНИНА, ИЗЛЕЗИ И ПОТПИШИ СЕ!, порачуваат граѓаните на Тафталиџе.