Оган

04.08.2016 18:16

Повремено ќе се појаваше оган и јас ќе влезев во него
и ќе излезев неповреден и ќе продолжев потаму по својот пат,
за мене тоа беше само уште една извршена работа.
Што се однесува до гаснењето на огнот, тоа го оставав на другите
кои со метли и ќебиња втрчуваа во надирачкиот оган
за да го задушат пламенот. Кога ќе успееја во тоа
се собираа заедно да си го прераскажуваат виденото ‒
колку имале среќа што баш тие сведочеле за жестокоста на огнот,
за стишаниот учинок на пепелта, но најмногу за осознаениот мирис
на пламната хартија, звукот на зборови што ги дишат последните мигови.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото