Јадење поезија

10.11.2015 17:58

Мастило истекува низ краевите на моите усни.
Никој немал толку луда среќа:
Јадев поезија.

Библиотекарката не верува во тоа што го гледа.
Очите ѝ се тажни,
со рацете во џебовите на фустанот шета.

Песните исчезнаа.
Светлината е нејасна.
Кучињата се на скалите од приземјето и се качуваат.

Очите им ѕверат навака-натака,
и светловлакнестите нозе горат како стапчиња.
Кутрата библиотекарка почнува да удира со нозете и да плаче.

Таа не разбира ништо.
Кога паѓам на колена и ѝ ја лизнувам раката,
таа вриснува.

Јас сум нов човек.
Ржам на неа и лајам.
Потскокнувам од радост во книшката темница.

Препев: П. В.

Марк Стренд (1934-2014) е американски поет, есеист и преведувач. Роден е во Канада, но во раното детство се преселил во САД. Објавил дваесетина поетски книги, неколку книги со раскази, книжевна критика и една книга за деца. Добитник е на повеќе важни книжевни награди, меѓу кои и Пулицеровата награда (1999). Предавал англиски јазик и компаративна книжевност на петнаесетина универзитети во САД, како и на Бразилскиот универзитет во Рио де Жанеиро.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото