Што треба, ние Скопјани, да сториме за да не ни се повтори ваква трагедија?

09.08.2016 12:04
Што треба, ние Скопјани, да сториме за да не ни се повтори ваква трагедија?

Како прво, ни треба нов градоначалник кој ќе изгради нов систем за заштита од поплави и ерозија на земјиште, нова канализација и пречистителни станици на сите води што се влеваат во Вардар.

Ни треба комплетно пошумување на Скопска Црна Гора и Водно, за да се залечат раните од бесправната сеча под закрила на ДПМНЕ и ДУИ.

Веднаш ни треба мораториум на сите идиотски „инвестиции“ во панорамски тркала, барокни фасади и споменици и пренасочување на средствата за помош на жртвите и превенција од идни несреќи. Коритото на Вардар мора да се исчисти од сите глупости.

Недозволиво е во 21-ви век да се дозволи во атарот на главниот град да се создаде езеро кое ќе создаде река која руши населби во кои живаат неколку десетици илијади жители!

Сите што ја загрозиле безбедноста на луѓето и што предизвикале општа опасност со сторување и несторување мора да одговараат!

Тие што не предупредиле навреме за катастрофата мора да одговараат!

Тие што не пружиле помош навреме во катастрофата мора да одговараат!

Политичарите кои ги злоупотребиле жртвите за пропаганда мора да одговараат!

Извор: Фејсбук профилот на авторот