Нова српска (а ко да е наша) сатира (9) - Излезот од лавиринтот не се наоѓа туку се прави!

07.10.2016 15:40
Нова српска сатира (9) - Излезот од лавиринтот не се наоѓа туку се прави!

ЗА ВОДАЧОТ

Не скршнал од патот. Самиот пат го скршнал.
Драгослав Мишиќ

Тапка во место. Не застанува!
Раша Папеш

Имаме водач умот да ти застане. Тој е доказ дека е застанат.
Ѓорѓе Оташевиќ

Водачот дава сè од себе. Во тоа е нашата трагедија.
Ѓорѓе Оташевиќ

И меѓу лоповиштата тешко е да најдеш такви кои можат толку да украдат!
Раша Папеш

Големо внимание му посветивме на криминалот и - резултатите не изостанаа!
Драгутин Миниќ Карло

Опасна е моќта што се добива прекуноќ.
Љиљана Сапунџиќ

А тогаш зрното грашок ѝ рече на принцезата: - Седи, аман, мирна! Не сум ти јас некоја ситна боранија!
Раша Папеш

Кога ќе падне град врз село, тоа е елементарна непогода. Кога селото ќе падне врз град - тоа е катаклизма!
Сенад Струиќ (1954-2014)

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Господ сè гледа. Но, не им верува на сопствените очи.
Владимир Драмиќанин

Свртени сме кон иднината, но од погрешната страна.
Братислав Костадинов

Културата на цел глас ѝ се руга на некултурата. Кој губи, има право да се лути.
Ранко Гузина

Возовите во Србија јурат 30 километри на час, а би можеле и побрзо кога би имале подобри кочници.
Ранко Гузина

Како да фатиме чекор со Европа кога сме во расчекор со себе?!
Љиљана Сапунџиќ

На приватен факултет еден студент паднал. Низ скали.
Саво Мартиновиќ

Патријархот и папата ќе се сретнат штом го усогласат прашањето кој од нив двајцата е поголем католик.
Саво Мартиновиќ

На Запад работникот работи, па извезува; ние работникот го извезуваме, па тој работи.
Драгослав Митровиќ

Сите криминалци ќе завршат таму каде што им е местото штом ќе стане лежечкиот полицаец!
Александар Баљак

Излезот од лавиринтот не се наоѓа туку се прави!
Милован Витезовиќ

ЗА ВЛАСТА

Човекот кој нема свое јас е сестрана личност.
Александар Чотриќ

Тој е човек од збор. Веднаш се виде дека е од лош материјал.
Александар Чотриќ

Турците пет века на Србите не им давале власт. Тоа нè спасило од истребување.
Раде Јовановиќ

Сменет е директорот на Лотарија бидејќи ја прокоцкал довербата на владата.
Саво Мартиновиќ

Нашиот закон за информирање е последен збор на слободата на говорот.
Миодраг Стошиќ

Никој не знае за што станува збор овде. Таков е системот на информирање.
Владимир Драмиќанин

Власта на народот! - сè му може.
Милован Витезовиќ

Го остварија сонот. Го успаа народот.
Милован Витезовиќ

Политичарите имаат лепливи прсти. Им упаднала секирата в мед.
Братислав Костадинов

Практиката ни е посилна од теоријата. Тоа што ние го правиме не може да се опише.
Миќа Живоиновиќ

ЗА НАРОДОТ

Ние сме најдобриот народ на светот, а власта е од истиот виц.
Милан Тодоров

Сношти, под закрилата на мракот, преваросав фашистички графит.
Милан Тодоров

Ускладете го нашето време со европското. Помрднете ги сказалките двесте години нанапред!
Нинус Несторовиќ

Паметта од Србија мора да побегне. За да не испадне глупа!
Нинус Несторовиќ

Со нив не може нормално да се разговара. Моравме да ги прифатиме преговорите.
Милен Миливоевиќ

Го изгубивме компасот. Го молиме чесниот пронаоѓач да ни каже каде сме!
Александар Баљак

Сите нудат рецепти. Никој да викне на ручек.
Илија Марковиќ

Немам свое мислење, но ќе поднесам барање за добивање.
Братислав Костадинов

Смрдеата доаѓа од нашата уста. Долго беше затворена.
Нинус Несторовиќ

Кој преживее, ќе раскажува. Како молчевме.
Драгослав Митровиќ

Во кој крај би сакал да живеам? Во хепиенд.
Драгослав Митровиќ

Слики: Свирачиња
Избор и превод: П. В.
Извор: Етна (aforizmi.org)

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото