Нова српска (а ко да е наша) сатира (10) - Молчењето е злато што се добива со испирање на мозокот

22.10.2016 14:18
Нова српска (а ко да е наша) сатира (10) - Молчењето е злато што се добива со испирање на мозокот

ЗА ВОДАЧОТ

Што еден будала може да расипе, милион негови избирачи не можат да поправат.
Миливое Јозиќ

Најлошо е кога ќе ти го украдат идентитетот. Не можеш да се соочиш самиот со себе!
Раша Папеш

Народот му се прилагоди на слепиот водач. Со очи не може да го гледа!
Раша Папеш

Србите се луд народ. А за водачи ги избира најдобрите синови.
Слободан Симиќ

Како да имам доверба во вас, кога ја поддржувате мојата политика?
Слободан Симиќ

Таму каде што владее болната суета, нема здрава конкуренција.
Деана Саиловиќ

Кој за што, ѓонот за образот.
Деана Саиловиќ

Површноста има длабоки корени.
Никола Рацковиќ

Нашата рѓа има златен сјај.
Нинус Несторовиќ

Нема моќ без туѓата слабост.
Зоран Ранкиќ

Пијаниот од ракија крши чаша, а пијаниот од власт држава.
Миќа Живоиновиќ

Не плете пајакот мрежа за на мувата да ѝ биде лулашка.
Живан Филиповиќ

ЗА ВЛАСТА

И во најголемата суша на подземјето му капе.
Живан С. Филиповиќ

Браво за подземјето! Тргна од дното, а стигна до врвот!
Нинус Несторовиќ

Борбата на власта против криминалот би била рамна на самоубиство.
Радивое Боичиќ

Им го дадовме гласот на избори, а тие и понатаму се служат само со својот.
Милен Миливоевиќ

Славниот криминалец ќе се брани од слобода оти немаме затвор од таа категорија.
Витомир Теофиловиќ

За гласачката машина махерите лесно набавуваат резервни делови.
Бора Илиќ

Сите политички функции тежнеат кон бесконечност.
Божидар Бошко Маринковиќ

Не е тешко да се вртат милиони. Тоа се округли бројки.
Жељко Марковиќ

Таму каде што власта е сè - народот е ништо.
Никола Рацковиќ

Мангупите од нашите редови добро се позиционирани и во вашите редови.
Ранко Гузина

ЗА СИТУАЦИЈАТА

Како ни оди, добро и стоиме!
Миливое Јозиќ

Колку повеќе се движиме напред, толку повеќе ни бега тлото под нозе.
Ненад Чорилиќ

Кога се оди по погрешен пат, најнапредните влечат назад.
Павле Ковачевиќ

За состојбата во земјата не можеме да дадеме оценка туку дијагноза.
Бодин Марјановиќ

Нашата татковина е како мајка. Дури кога ќе излезеш од неа, се раѓаш.
Драган Огњановиќ

Слободата на говорот е потполна. Можете да зборувате во себе или вон себе.
Раде Петковиќ

Живееме во минатото. Другото е историја.
Горан Радосављевиќ

Најдобро би било да е онака ко што не е.
Саво Мартиновиќ

Ништо не е полесно од менувањето на минатото. Но ајде ти, сине мајчин, промени ја сегашноста!
Саво Мартиновиќ

Афоризмот е заседа за глупоста.
Ненад Чорилиќ

Афоризмот е роман од кој се исфрлени досадните делови.
Далибор Ѓорѓевиќ

Афоризмот е мозочен оргазам.
Далибор Ѓорѓевиќ

Сатирата е прекумерна доза од вистината.
Игор Браца Дамњановиќ ДИБ

ЗА НАРОДОТ

Смеата е наш ле-лек.
Бане Јовановиќ

Што е хумусот за цвеќето тоа е хуморот за луѓето.
Сенад Струниќ (1954-2014)

Не е тоа мртва природа. Тоа е нашиот портрет.
Слободан Симиќ

Би поминале ние од зборови на дела, но останавме без зборови.
Драгутин Миниќ Карло

На народот му е доста од демократијата. И тој малку би владеел.
Ненад Чорилиќ

Немојте веќе да ми ветувате, не можам да памтам!
Милијан Деспотовиќ

Такви сме зашто ова нè снајде. А ова нè снајде зашто сме такви.
Драган Шушиќ (1932-2009)

Време е за промени. За почеток, да ја промениме темата.
Слободан Симиќ

Не е срамота да се краде од богатите, но не е можно.
Радмило Миќковиќ

Признав дека не сум виновен. Пола веднаш ми простија.
Милко Стојковиќ

Лагата кај нас е неодржлива. Ние тоа веднаш го голтаме.
Славомир Васиќ

Молчењето е злато што се добива со испирање на мозокот.
Александар Новаковиќ

Предците ни се симнале од дрвјата. А ние од умот!
Јелена Кујунџиќ

Не го разбирам народот. Бара одговори, а нема храброст да ги постави прашањата.
Милан Р. Симиќ

Зазорувањето почнува со будење на народот.
Даница Машиќ

Избор и превод: П. В.
Слики: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото