Проблемот со велосипедистите - и како да се реши

06.02.2017 03:49
Проблемот со велосипедистите - и како да се реши

Проблематичното однесување на велосипедистите доби поголемо внимание во данските медиуми во последните неколку години. Но, на што всушност се однесуваат овие проблеми? И зошто велосипедистите не можат да се однесуваат подобро во сообраќајот?

Данската Велосипедска Федерација ја препозна потребата да се истражи природата на однесувањето на велосипедистите и ја ангажираше агенцијата IS IT A BIRD за да испита како учесниците во сообраќајот - вклучително велосипедистите - го перцепираат однесувањето на велосипедистите. Како што открија, да се донесе правилна одлука како велосипедист не е лесно. Се испостави дека вистинскиот проблем е тоа што на велосипедистите им недостасуваат круцијални елементи - инфраструктура и комуникација - кои би им овозможиле на сите да се однесуваат попромислено во сообраќајот. На кратко, на велосипедистите им недостасуваат работите кои нè туркаат во вистинска насока.

Перцепираното проблематично однесување на велосипедистите

Данската Велосипедска Федерација ја ангажираше агенцијата IS IT A BIRD да испита како учесниците во сообраќајот - вклучително велосипедистите - го перцепираат однесувањето на велосипедистите. Во ова истражување, тие комбинираа квантитативни податоци за обемот на проблемите со темелни квалитативни информации за искуствата и мотивите на индивидуалните корисници на патиштата. Генералниот заклучок беше јасен: Сите учесници во сообраќајот имаат проблем со велосипедистите.

Ако сте возеле од точка А до точка Б низ улиците во Копенхаген, или кој било друг град во Данска, сигурно сте забележале проблематично однесување меѓу велосипедистите. Многу е лесно да се оцрнуваат велосипедистите, но кој е коренот на проблематичното однесување? Подолу во овој текст, ќе скицираме некои од основните услови кои предизвикуваат проблематично однесување и ќе објасниме како некои едноставни иницијативи можат да го направат сообраќајот побезбеден за сите учесници.

Постојат три вида корисници на патиштата - но определен простор само за два типа

Категоризиравме три вида корисници на патиштата: возачи, велосипедисти и пешаци. Правилата се јасни за тоа како и каде на патиштата треба да бидат автомобилите и пешаците најчесто ги имаат тротоарите само за себе. Но, проблемите настануваат кога велосипедистите се во прашање: тие се единствениот тип на учесници во сообраќајот без определен простор на улиците - особено во крстосниците.

Од перспектива на еден возач, велосипедистот е ранлив и не треба да биде на улица помеѓу автомобилите. Од перспективата на еден пешак од друга страна, велосипедистот е потенцијално опасен квази-возач кога е на тротоар. Последицата од ова кога нема велосипедска патека е: велосипедистите стануваат непредвидливи учесници во сообраќајот кои мораат да се движат во сообраќајот на сопствен ризик. Без разлика која опција ќе ја одберат, велосипедисите влегуваат во конфликтни ситуации со другите учесници во сообраќајот и стануваат причина за неизвесност, неволја или потенцијална опасност.

Комуникацијата е клучна - но на велосипедистите им недостасува јазикот

Како што повеќето од велосипедистите ќе ви кажат, процесот на комуникација на велосипед во најдобар случај е препуштен на случајност, наместо производ на конкретен систем кој сите учесници во сообраќајот го познаваат. Возачите, со употреба на светла, огледала и сигнали можат да ги најават своите намери и однесувања на другите учесници во сообраќајот - и законот го бара тоа од нив. Ова не е возможно за велосипедистите, кои се оставени да комуницираат преку сигнали со раце или преку контакт со поглед. Двата начини на комуникација е тешко да се остварат навечер, а сигналите со раце се проблематични од повеќе аспекти, првенствено се користат во движење и бараат од велосипедистот да ги тргне рацете од воланот. Во секој случај, ниту еден од овие начини на комуникација не се користи како конзистентна пракса и не се охрабрени од полицијата и законот.

Другите учесници во сообраќајот се оставени во несигурност за намерата на велосипедистите и мораат да се потпрат на погодување кога се вмешани во потенцијално опасни ситуации. Лесно е да се разбере како ова може да поттикне иритирачко искуство и несигурност поврзани со велосипедистите.

Кога следењето на правилата не е секогаш обмислено

Овие основни фактори го прават сообраќањето комплексна тема. Недостатокот на круцијалните елементи - инфраструктура и комуникација - ги тераат велосипедистите понекогаш да ги прекршуваат правилата за да останат безбедни и да не го попречуваат текот на сообраќајот. Сите типови на учесници во сообраќајот се согласуваат дека компетентен учесник во сообраќајот не е само некој кој ги следи сообраќајните правила и законските прописи. Компетентен учесник во сообраќајот е некој кој се однесува во согласност со околностите. Ова значи дека понекогаш, кршењето на законот се смета за пожелно и обѕирно.

Проблемот е тоа што прекршувањето на правилата исто така, ги прави учесниците во сообраќајот да се чувствуваат небезбедно. Тоа е она што ја генерира непредвидливоста поради која велосипедистите имаат лоша репутација. Па како може да го олесниме донесувањето на вистинската одлука во сообраќајот?

Сите сакаат да бидат внимателни, а поттурнувањето во вистинска насока го олеснува тоа

Јасно е дека велосипедистите не „се однесуваат невнимателно“ туку така - тие само се обидуваат да се движат соодветно на места каде определениот простор за нивно движење е загрозен или непостоечки, користејќи ограничени средства за комуникација кои им се достапни.

Врз основа на нашето опширно истражување, утврдивме дека постојат некои едноставни начини со кои можеме да го минимизираме непредвидливото однесување на велосипедистите и со тоа да ја зголемиме безбедноста на патиштата. Одговорот се состои од две препораки: Прво, олеснете им на велосипедистите да прават избори кои другите учесници во сообраќајот ќе можат да ги предвидат. Второ, олеснете им на велосипедитите да комуницираат ефективно со другите учесници во сообраќајот.

Веруваме дека начинот да се направи ова е со поттикнување преку инфраструктурата.

Примери: Определениот простор за велосипедистите на патиштата ќе ја зголеми можноста да се предвиди однесувањето и ќе ја олесни комуникацијата преку правилно поставување. Зголеменото осветлување на велосипедските патеки ќе ја направи комуникацијата преку сигнали со рацете и контакт со поглед полесна. Формирање на правила во случај на пречки или работа на патеката, за велосипедистите да знаат точно што да прават кога нивниот пат е блокиран. Да се намали бројот на неспроведени закони поврзани со велосипедистите и да се поддржуваат постоечките. Да се подобри велосипедската сигнализација со цел да се минимизира збунетоста на патиштата и текот на сообраќајот.

Накратко, инфраструктурните решенија на иднината мора да ги земат предвид перспективите на велосипедистот. Заедничко за овие препораки е тоа што на еден или друг начин го поттикнуваат секој велосипедист на однесување кое не само што има смисла за него или неа одделно, туку исто така го прави текот на сообраќајот попредвидлив за другите и со тоа го прави сообраќајот во целост побезбеден за сите.

Извор: isitabird.dk
Превод: НаТочак

Слични содржини

Технологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото