Револуција: „Дизни“ првпат во една бајка внесе „геј момент“

03.03.2017 19:23
Револуција: „Дизни“ првпат во една бајка внесе „геј момент“

Компанијата „Дизни“, која својата светска репутација ја изгради со принцези што во бајките ги наоѓаат своите принцови и со нив живеат среќно до крајот на животот, реши малку да излезе од клишеата.

Во играниот филм „Убавицата и ѕверот“, првпат во историјата на „Дизни“ се појавува „геј момент“. Во оваа верзија на приказната, слугата ЛеФу ја преиспитува својата сексуалност и чувствата кон главниот негативец, мачо типот Гастон.

Режисерот Бил Кондон во едно интервју објаснува дека ЛеФу е збунет.

„ЛеФу еден ден сака да биде како Гастон, друг ден сака да го бакне. Тој е збунет од своите желби. Тој само што почнува да сфаќа дека има такви чувства“, изјавил режисерот.

ЛеФу го игра Џош Гад, комичар кој, како што вели режисерот, ситуацијата ја прави суптилна и слатка.

Во цртаниот филм „Убавицата и ѕверот“ од 1991 година, ЛеФу е претставен како збрканиот помошник на Гастон, а позната е неговата песна посветена на арогантниот заводник.

Во играната верзија на приказната, во улогата на Гастон е Лук Еванс, убавицата е Ема Вотсон, а ѕверот е Ден Стивенс.

Во филмот играат и Ијан Мекелен и Ема Томпсон во улогите на часовникот и чајникот.


Извор: Блиц

ОкоБоли главаВицФото