1025 hPa
77 %
14 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 08:59
Where are all my Bloomsbury Group(ies)? е насловот на филмот на кој се работи и кој ја следи приказната за романсата помеѓу писателката и феминистка Вирџинија Вулф и нејзината партнерка и колешка Вита Саксвил Вест.
Иако распределбата на улогите не е позната, режијата ја потпишува британската режисерка Ченја Батон, додека за продукцијата се одговорни Еванџело Киосис од Mirror Productionsa и Кејти Холи од Bliner Films.
Филмот е базиран на драмскиот текст „Вита и Вирџинија“ на англиската актерка и сценаристка Елен Аткинс, премиерно изведен во 1992 година. Текстот доживеа низа сценски читања во англискиот оригинал и во превод. Најпозната од нив е онаа во изведба на на самата Елен Аткинс и нејзината пријателка Ванеса Редгрејв.
Врската меѓу Вита и Вирџинија почнала во 1922 година и траела речиси една деценија, но книжевничките останале пријателки до смртта на Вирџинија во 1941 година. Вулф на Саксвил ѝ го посветила едно од своите најпознати дела, „Орландо“, а нивната љубов е овековечена и во збирката писма кои ги разменувале во текот на годините.
„Сведена сум на нешто што копнее по Вирџинија. Составив писмо за тебе во бессоните ноќни часови кои се чинеа како ноќни кошмари, и сега сето тоа исчезна: Ми недостигаш, на наједноставен очаен човечки начин. Ти, со твоите паметни писма, во кои човек никогаш нема да налета на нешто глупаво. никогаш не би напишала нешто така рудиментирано; можеби тоа не би го ни почувствувала. Сепак, верувам дека би ти била воочлива таа мала празнина“ - ѝ напишала Вита на Вирџинија.
Извор: deadline.com