„Круг“ - нов роман од Димитар Башевски

03.04.2017 00:55
„Круг“ - нов роман од Димитар Башевски

Книгата го збогатува книжевниот опус на Башевски што го сочинуваат романи, раскази и поезија, од кои дел се преиздавани и наградувани во земјата и преведувани и објавувани во странство на повеќе европски јазици.

Деновиве, во издание на скопската издавачка куќа „Слово“, излезе од печат најновиот роман „Круг“ од Димитар Башевски. Книгата го збогатува книжевниот опус на Башевски што го сочинуваат романи, раскази и поезија, од кои дел се преиздавани и наградувани во земјата и преведувани и објавувани во странство на повеќе европски јазици.

Романот е проследен со обемен поговор од академик Катица Ќулавкова, всушност еден оглед под наслов „Роман на залез, роман за залезот“, во кој таа зборува за карактеристиките на ова дело. Притоа, покрај другото, таа пишува:  

„... како и секој добар роман, и Круг има повеќе влезови и повеќе излези. Сите водат надвор, а враќаат назад. Се отвораат во младоста, а се затвораат на старост... Овој роман-сон на Башевски е во потрага по смисла, по разум, по некој внатрешен ред кој ќе го преведе бунилото во свест, кошмарот и ноќната мора во логична приказна... Со романот Круг, Димитар Башевски создаде роман кој ги има сите предиспозиции да стане бестселер. Овој роман е читлив, интересен, драматичен, богат со содржини, стилски необичен, јазично складен, психолошки изнијансиран...“

Овој роман на Башевски, ќе биде презентиран на Меѓународниот саем на книгата што се одржува деновиве во Скопје.

ОкоБоли главаВицФото