Александар Дојранлиев сними куса, но моќна ТВ реклама за манифестот со кој ДПМНЕ - партијата која ја упропасти Македонија - ќе се обиде да ја спаси државата.
Скопје троши 700 литри вода дневно по глава на жител. Берлин - 120, Атина - 140.
100 години зборам дека националниот идентитет денес е анахрона категорија. Како и самата национална држава. Чии еманципаторски потенцијали се одамна исцрпени. Зборам и тоа дека самиот, благодарение на експанзијата на масовните медиуми додека растев, сум идентитетски поблиску со некој жител на Хондурас отколку со мојот роден татко.
Со појавата на интернетот и социјалните мрежи играта тектонски е променета. А промената што нè очекува со најголемата технолошка иновација на човештвото наречена ВИ, не можам ни да претпоставам колку е огромна.
Освен тоа, бавење во национален идентитет додека улиците ти се полни со ѓубре, дишеш најзагаден воздух, трошиш чиста вода за пиење ко да после тебе следува потоп - е социолошки феномен. За илустрација, Скопје троши 700 литри дневно по глава на жител. Берлин - 120, Атина - 140.