14 нешта кои не сте ги знаеле за Војна на ѕвездите

14.07.2010 15:20
14 нешта кои не сте ги знаеле за Војна на ѕвездите

Откако првиот дел се појави во 1977 година, филмот „Војна на ѕвездите“ стана еден од највлијателните НФ филмови на сите времиња.

И покрај бескрајно многуте информации кои можат да се најдат за филмот на интернет, ви претставуваме неколку кои можат сериозно да ве изненадат.

 1. Кога започнала продукцијата, филмот бил насловен „Adventures of Luke Starkiller, as taken from the journal of the Whills, Saga I: The Star Wars“. Подоцна бил скратен, а името на Лук било сменето во Скајвокер.

2. За портретирање на Дарт Вејдер биле потребни три различни глумци. Џејмс Ерл Џоунс го позајмувал гласот, Себастијан Шо го позајмувал лицето, а Дејвид Праус го позајмувал телото.

3. „Војна на ѕвездите“ е најуспешната линија филмски играчки, со 250 милиони продадени примероци во периодот 1978-1986 г.

4. Џорџ Лукас ја основал специјализираната компанија „Industrial light and Magic“ откако дознал дека одделот за специјални ефекти на „20th Century Fox“ бил затворен набрзо откако го добил зеленото светло за снимањето на филмот.

5. Гласот за ликот Јода бил позјамен од Френк Оз, човекот кој исто така го позајмувал својот глас за ликот на Пиги од серијата „The Muppet Show“.

6. За да се постигне ефектот на засипнатиот глас на Дарт Вејдер, филмаџиите користеле регулатор за кислород од опрема за нуркање.

7. Биле потребни точно десет куклари кои ги употребувале обете раце за да управуваат со куклата на ликот Џаба.

8. На Џорџ Лукас му биле дијагностицирани хипертензија и исцрпеност како последица на снимањето на филмот.

9. Ликот на Хан Соло бил базиран на пријателот на Лукас, режисерот на славната трилогија „Кум“, Френсис Форд Копола.

10. Секој филм од серијата „Војна на ѕвездите“ почнувал да се прикажува една недела по роденденот на Џорџ Лукас, кој се паѓа на 14-ти мај.

11. Глумицата Сиси Спејсек била одбиена на аудiцијата за ликот на принцезата Леја.

12. Алтернативи за улогата на Хан Соло биле глумците Курт Расел, Ник Нолти, Кристофер Вокен, Ал Пачино и Пери Кинг.

13. Ликот на Чубака е базиран на кучето на Лукас кое се викало Индијана. Неговото име послужило за именување на уште еден лик од друг филм – Индијана Џонс.

14. За создавање на моделите на вселенските бродови во филмот биле користени делови од авиончиња-играчки и кутии за чување хулахопки со облик на јајце.

Извор: geeksaresexy.net

ОкоБоли главаВицФото