Бакнеж

10.06.2017 03:18
Бакнеж

Претставуваме неколку фотографии од новата урбана акција наречена Бакнеж.

Се работи за скулптура изработена од пенушка од исечено дрво кое беше исечено откако под притисок на снегот и ниските температури се скрши и се сруши во текот на зимата.

Со оваа интервенција и скулптура направена од пенушка уште еднаш сакаме да ја потенцираме важноста и корисноста од возрасните дрвја во Скопје кои дури и доколку се скршат или уништат по природен пат и понатаму можат да го украсуваат градот во нови форми и да го збогатуваат урбаниот пејзаж.

Скулптурата е дело на истакнат скулптор од средната генерација македонски скулптори кој воедно е член на екипата на урбаните акции.

Локацијата на скулптурата е во Франкофонскиот парк.

ОкоБоли главаВицФото