Керим - погребната лопата на македонската журналистика

14.06.2017 11:36
Керим - погребната лопата на македонската журналистика Бошко Нацевски

Срѓан Керим - вие мајтапете се - но тој е уникатен егземплар. Тип за роман. Манипулаторски вештини од врвен маштап. Со криминалното опкружување успеваше таа интелектуална ограниченост да се продаде како универзален феномен, дури и за вонсериски политичар со аспирации за прв човек на Светската организација. Дипломат - акробат. Писател со нагласена поетска дарба, преточена во збирка што во оваа наша политичка жабокречина доживеа серија промоции, како да е со библиска вредност. Салонски придружник на белосветски гангстери. Бодо, сопственикот на германската новинска династија ВАЦ, на една цела страница од „Дневник“ на овој наш сатрап му напиша роденденско слово, нешто што не беше сторено ниту за германските канцелари. Такво воздигнување не доби нит Кол, ниту Шредер. Но, затоа, господинот Срѓан Керим, токму денес од позицијата менаџер нумеро еден, своерачно ја напиша посмртницата за истиот тој весник, со исто спокојство како што пред тоа вбризга смртоносни супстанции за упокојување на „Вест“, „Утрински весник“ и „Теа“. Ќе биде запомнет како уникатна погребна лопата на македонската журналистика. Да не ги амнестираме и оние новинарски изроди кои за малку путер врз нивните балван-глави, сесрдно му асистираа.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото