(Видео) Последното јавување на Нино Ќатиќ: Сребреница се претвора во кланица, помагајте!

11.07.2017 11:05
(Видео) Последното јавување на Нино Ќатиќ: Сребреница се претвора во кланица, помагајте!

Нихад Нино Ќатиќ бил новинар. Секојдневно, преку радиоаматер, ја информирал јавноста за страдањата во Сребреница.

Последен пат Нино се јавил на 10 јули 1995, молејќи очајнички да ѝ се помогне на Сребреница. Залудно.

Неговата мајка Хајра се сеќава дека последен пат го видела својот син на 11 јули. Ѝ рекол: „Мамо, ти и тато одете во Поточари, а јас со пријателите преку шумата ќе одам до Тузла“. Потоа, никој повеќе не го видел.

Посмртните останки на Нино Ќатиќ сè уште не се пронајдени.

Извор: Radio Sarajevo