Историјата и идентитетските прашања

03.08.2010 11:01
Историјата и идентитетските прашања

Идентитетот на еден народ или нација, не се губи ниту во отсуство, ниту со гаснење на државата како субјект. Такви примери низ историјата се безбројни. Територијалниот момент кај идентитетот е важен, но не е пресуден.

Истото важи и за квалитативните елементи како што се името, верата или јазикот на еден народ или нација.

Идентитетот е едноставно сплет на материјални и квалитативни карактеристики во кои ниту една не доминира, ниту една не е пресудна. Испаѓа дека идентитетот, слично како и енергијата, не е нешто што се губи, туку само се менува и добива различни форми во различни времиња. Да го отстраниме уште сега првиот мит на ВМРО-ДПМНЕ. Идентитетот не се губи!
Но, тоа не значи дека идентитетот не се менува! Целта на ВМРО е токму таа, да го смени нашиот идентитет, преку нагласување на едни или намерно заборавање на други историски периоди, квалитети, политики или реалности.

Затоа, повеќе од материјална загуба, идентитетот може да пати од духовна загуба. Франсоаз Еритјер, антрополог и наследничката на славниот Клод Леви Строс, е мошне инспиративна кога вели: „Идентитетот треба да биде разбран како виртуелно жариште кое ни е неопходно за да одговориме или да си објасниме одредени нешта, притоа, без да ги имаме на дофат или свесни дека реалитетите не постојат.“

Параноја

Што се случува кај нас? Ние сме сведоци на еден материјален и духовен обид за менување на нашиот идентитет, притоа замаскиран зад постојаното ширење на страв и параноја дека нашиот идентитет е загрозен или дека некој друг сака да ни го смени. Апсурдот е што во таквиот процес се употребуваат акции и политики кои директно му наштетуваат на веќе постојниот идентитет, на неговата идна еволуција и морална надоградба.

Национализмот, искривоколчениот патриотизам, потрагата по домашни и странски непријатели, промовирањето на антиисторијата на сметка на реалната историја, на личности и политики кои влијаеле врз формирањето на идентитетот, постојаното повикување на заговори, митови и виктимизација се само некои од инструментите со помош на кои ВМРО-ДПМНЕ сака од корен да го измени македонскиот идентитет и нација.

Доколку ја замениме историјата со антиисторија, доколку ја замениме историјата со манипулација на сеќавањата и на колективната меморија, доколку го доведеме митот до ниво на општоприфатена вистина, тогаш следува промената и на идентитетот. На крај, тој што ќе ја смени нацијата, неизбежно го менува и идентитетот. Идентитетот поаѓа од нацијата, така што секоја реална промена во тоа што е нацијата или каква е перцепцијата за неа, неминовно води кон менување на идентитетот.

Да се потсетиме на предавањето на Ернест Ренан, на една конференија во Сорбона во 1882 година, на темата „Што е нацијата“, каде кажал дека постоењето на една нација не може да се објасни со еден единствен фактор, кој се однесува на расата, династијата, јазикот, религијата, на границите што биле сметани како „природни“. Есенцијата на една нација е во тоа што индивидуиите имаат многу заеднички нешта, но, исто така, дел од нив, заборавиле добар дел од работите. Во таа насока би можеле да претставиме еден конкретен и актуелен проблем во Македонија.

Антиисторија

Речиси секоја земја има проблеми со својата антиисторија, со сеќавањета на некој срамен и негативен период, личности или политики. Најдоброто решение за таквите периоди е нацијата да се соочува со нив, да ја признае грешката, да фрли светло врз негативностите, за тие да не се повторат. Во последните две децении, а најинтензивно во овие четири години, сведоци сме како ВМРО-ДПМНЕ се обидува не само делови од нашата позитивна и реална историја да ги зацрни, туку сака таа историја да ја замени со една срамна антиисторија. Антиисторијата не може да се објективизира, може само да се расклопи, да се осуди, но ако не се прави тоа, тогаш е најдобро таа да се заборави и да не се споменува. Верувам дека на тоа мисли Ренан кога вели дека индивидуите ги спојува и фактот што заборавиле многу нешта од своето минато.

Што би било со една Франција кога повеќето од луѓето би се сеќавале на Вартоломејската ноќ или на масакрите од 13 век на југот од земјата? Или пак, фактот дека не постојат ниту 10 семејства во Франција кои можат да го докажат нивното потекло од Франките.

Но, македонската нација не е само жртва на обид за трансформација на историјата, туку е и пример за забрзување на историјата. На македонската сегашност и’ се суди преку употребата на историски категории, (лошите примери и денес живееат меѓу нас - предавниците, комунистите, транзиционите политичари, додека наводните добри примери - античките херои, жртвите на комунизмот и фашизоидните бугарофили, се примери од минатото кои треба се промовираат и да нè носат во иднината). Во исто време и решенијата за иднината се бараат во минатото кое се прикажува на мошне митологизиран начин. Забрзувањето на историјата е токму тоа, ситуација во која сегашноста тоне сè побрзо во историското минато кое е завршено еднаш-засекогаш, создавајќи еден вид на масовна конфузија, која се рефлектира врз иднината на нацијата.

Опседнатост

Проблемот кај ВМРО-ДПМНЕ, кај нивните квази-интелектуалци, медиумски мегафони, послушници или опортунисти, е тоа што не разбираат дека проблемите на сегашноста треба да се решаваат со средства од сегашноста и од перспектива на сегашноста. Наместо тоа, опседнатоста со минатото не дозволува решавање на сегашните реални проблеми.

Политичарите и идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по независноста на Македонија, видоа златна шанса за ревидирање на веќе постојните митови, колективни мемории, за денес да сме сведоци на многу посериозен проект. Сега, со ВМРО на власт, историјата не се заменува само со антиисторија, туку се заменува со категории од понизок вид, а тоа се емотивните митови и колективни мемории или сеќавања.

Опасноста од таквиот процес е голема, затоа што помеѓу меморијата или сеќавањата од една страна и историјата од друга, постои голема опозиција. Меморијата ги инсталира сеќавањата во светото, во митот, додека историјата тоа го прави преку интелектуален напор и лаицизам, преку анализа и критичка дискусија.

Меморијата е живот, нешто што е во перманентна еволуција, таа е незаштитена пред реториката на евоцирање спомени и селективното заборавање.

Меморијата е несвесна за иднината, незаштитена од арбитрарното присвојување и манипулирање, може долго време да хибернира и периодично да се оживува.

Ако на ВМРО им дозволиме да ги изедначат тие два пристапи, тие две категории, тогаш можеме да бидеме сигурни дека нивната идеја за македонска нација и идентитет е таа што ќе доминира и ќе биде прифатена како автентична и вистинска. Конците на привидната хомогеност во македонската историска мисла почнуваат да пукаат.

Митот и меморијата се инструменти преку кои се остварува културната репродукција на една нација и на етничките групи, преку нивниот ексклузивистички пристап, наместо мостови, тие создаваат граници помеѓу различните заедници. Меморијата е слепа за сите останати освен за групата која ја врзува. Митот дејствува и на когнитивно и на емотивно ниво на човековата перцепција, нешто што го прави митот суптилно, но во исто време мошне моќно оружје.

Градењето на групниот идентитет врз база на митови е резон кој му припаѓа на минатото, на романтицизмот од 19 век. Митот за нацијата е сеопфатен и тоталитарен по природа, затоа што ги обединува различните домени на општествениот живот, како што се културата, територијата и политиката. Сепак, проблемот на денешницата е што митовите се потпомогнати од модерните технологии, митовите не се пренесуваат повеќе само усмено или од колено на колено, туку како што сме сведоци и дома, тие се наметнуваат преку реклами, политики, партиската бирократија, обиди за реформирање на образованието.

Ние видовме дека и преку објавувањето на енциклопедијата, ВМРО и нејзините историчари се обидоа да го стават митот на ниво на национална академска историја. Ваквите националистичко-популистички мотивации покажуваат колку само академската историја е исполитизирана дисциплина, нешто што потврдува дека државата робува на логики од 19 век. Но проблемот е уште поголем кога ќе се погледне од аспект на односите со соседите.

Опседнатоста со митови на потеклото и континуитетот не потекнува само од желбата да се легитимираат современите (не)државотворни поведенија, туку и од желбата за спротивставување на обидите на други нации на полагаат право на исти епизоди од минатото.

Поради комплицираната природа на заедничко минато, на крајно измешани етникуми, на доста кршливи и некредибилни национални митови и идеологии, општествата сè повеќе наклонети кон конструирање на митови, отколку кон деконструирање на истите. Од тој аспект, сведоци сме колку само митовите можат да бидат антагонистичка сила во општества кои се поделени во различни групи на идентитети, нешто што е случај во нашиот регион со мултиетнички држави.

Митови

Станува очигледно дека процесите како што се антиквизацијата или форсирањето на еден субјективен поглед кон историјата, базирана, пред сè, врз митови, е осудено да нè доведе до конфликт со поголемите и помоќни соседи. Македонија, доколку не се откаже од антиквизацијата, никогаш нема да ги реши своите реални и актуелни проблеми. Напротив, таквиот пристап дополнително ќе ги влошува односите со нашите соседи, кои евентуално ќе се најдат пред заеднички непријател и проблем, и ќе се обединат против нас.

Тоа што дополнително се истакнува, и што е крајно проблематично во еден регион каков што е нашиот, е фактот што и она малку што преостана од македонската историографија, се базира врз принципот на истражување на националната историја единствено од аспект на интересите на сопствената нација. Тоа воопшто не значи дека една суверена држава нема право или не треба да има свој поглед на минатото и на историјата, но тоа што не смее да се заборави е дека креирањето на една крајно субјективна историја нема никогаш да се објективизира и да се прифати од соседите. Македонската историја, од тој аспект, е задоцнет националистички проект, кој никогаш нема да ги убеди соседите во автентичноста на античкото минато на нацијата. Значи, нашата потрага по автохтона генеза, нè натера да ги втурнеме нашите корени длабоко во минатото, пред доаѓањето на Словените.

Нашите историчари не одат дотаму да бараат етнички континуитет помеѓу античките и словенските Македонци, но се обидуваат да ја нагласат традицијата на државотворност, која од антиката се пренела до денешните денови. Наместо истакнување на етничката, а со тоа и биолошката врска меѓу двата народи, се форсира идејата за културна и институционална блискост, која нашла израз во нивната милениумска државотворна способност. Така, повторно доаѓа до израз митот на потеклото, според кој потеклото не се бара во фамилијарното педигре, туку во некои културолошки квалитети како што се јазикот, обичаите, религијата, институциите, архитектурата или некои општи лични атрибути. Но мора да внимаваме, дискурсот околу античките Македонци има за цел да го поткрепи нашето полагање врз татковината, врз териториите на нашите предци кои излегуваат од границите на оваа Македонија, врз туѓите национални педигреа, нешто што со право се толкува како иредентистичка политика.

Сепак, митот за потеклото не може сам, не е доволен, тој мора да се здружи со митот за континуитет, за да се изгради стабилна врска помеѓу сегашноста и славното минато на нашите предци. Македонскиот мит за континуитетот се базира врз три компоненти: името на територијата, етничкиот идентитет и вековната борба за државност.

(продолжува...)

Извор: Глобус

Слики: Yang Shaobin

1+1=3

Chekaj da razberam. Na Mickovski mu se menuval identitetot koga Pasko Kuzman kopa po planinite, a ne mu se menuval ako se smeni imeto na drzhavata? Pazi bogati.
Znachi dosta vekje od vakvi politichki mativodi shto prodavaat madinja za bubrezi. Aman. Celo Okno takvo se stori.

`Да го отстраниме уште сега

`Да го отстраниме уште сега првиот мит на ВМРО-ДПМНЕ.`
E до тука стигнав со читањето понатаму не вреди. ППП само на предизбори или сите влегле во 24/7/365 кампања филм.

"Врло" побожен текст - освен

"Врло" побожен текст - освен фетишизмот на зборови. 

Ретко одвратни се партискиве

Ретко одвратни се партискиве коментаторчиња со нивните малоумни (всушност, карактеристични за првото вредносно откривање на светот, негде меѓу трета и седма година од развој) „ми се свиѓа-не ми се свиѓа“. Тотални ретарди! Но таквите ретарди владеат, за жал, олицетворени во пастирот и во неговата младешка камарила.
Друго ми беше зборот, коа веќе земав збор:) (провоцираат малоумнициве, не можам да остаам така): Жижек во својата последна книга баш збори за таа лажникава демократија на оние што владеат низ циничната деморализација, кајшто се мешаат наизглед наивни изливи на емоции со најсурова манипулација. Жижек издвојува два облика на некаков идеолошки фетишизам: циничен и фундаменталистички. Фундаменталистот ја игнорира аргументацијата и слепо се држи до својот фетиш; циникот божем ја прифаќа аргументацијата, но ја игнорира нејзината симболичка делотворност. Фундаменталистот божем ја „знае“ вистината отелотворена во неговиот фетиш. Циникот ја практикува логиката на порекнувањето („Многу добро знам, но...“).
Земав збор, значи, оти треба да научиме да ги разбираме ретардиве и да се обидеме општествено (политички, културно, секако) да одговориме на стратегиите на циничната деморализација.

шо е бе цензура, бришење?

шо е бе цензура, бришење? хејтерчиња од наше маало, педерќиња (у душа), плоштад слобода као а? пизда ти матер дволична у двете лица нелични - поединечно.

ОкоБоли главаВицФото