Зошто Косово сè уште е важно

06.08.2010 11:50
Зошто Косово сè уште е важно

Кога Шпанија, Канада или Обединетото Кралство би ги третирале своите малцинства толку насилно и шовинистички како што Србија постапуваше со Косово, историјата на народите на Каталонија, Баскија, Квебек и Шкотска укажува на тоа дека нивниот бунт сега би бил несопирлив.

 

Импресивната одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг – да го отфрли тврдењето на Србија дека прогласувањето на независноста на Косово во 2008 г. било незаконски – главно е игнорирана или искористена за лажни алармантни предвидувања за хипотетички идни сецесии. Ако го дозволиме овој преседан, се жалат многумина, како ќе го спречиме отцепувањето на, на пример, Каталонија?

Ваквото размислување е погрешно. За почеток, не постои ни реален ни паралелен свет во кој Белград би можел да управува со Косово, а не, пак, свет во кој Косово би било дел од Србија. Меѓународните договори со кои Косово е признато како составен дел од Југославија служеа токму за тоа: Косово беше членка на пошироката федерација создадена по 1918 г., а не составен дел на една од нејзините членки. (Правните детали за оваа клучна разлика можат да се најдат во книгата на Ноел Малком „Косово: кратка историја“.) Дури и старите тврдокорни комунисти на Косово му дадоа статус на автономна покраина со уставот од 1974 г. Големо злосторство – едно од многуте големи злосторства – на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ беше поништувањето на двата договора. Практично веднаш по доаѓањето на власт во 1989 г. тој ја укина автономијата на Косово. Потоа ја уништи целата југословенска федерација со своите луди и геноцидни потфати за создавање на освојувачката „Голема Србија“. Независноста на Косово претставува последен чин од крахот на тој опасен и лудачки план. Да се очекува од албанското мнозинство да се согласи на враќање на српскиот суверенитет би било исто како да се очекува од Полска да побара обединување со Русија или со Германија.

Што се однесува до „преседанот“, кој постојано и лицемерно го споменуваат Русија и Кина, човек само може да се запраша: „Каков преседан?“ Москва и Пекинг го штитеа Милошевиќ додека се обидуваше да спроведе етно-фашизам во Европа, и овие две земји на своите територии имаат немирни малцинства или територијални претензии. Дали нивниот став спрема Тибет или Грузија би се сменил ако Меѓународниот суд на правдата донесеше поинаква одлука? Одговорот сам се наметнува. Смешно е кога некој од овие два режима глуми дека навистина се грижи за меѓународното право.

Што е тогаш со Каталонија, Баскија, Квебек и Шкотска? Тоа се многу стари и сложени прашања и немаат никаква сличност со современата историја на Балканот. Искуството нè учи дека народите во рамките на поголемите заедници не се решаваат толку лесно на отцепување. Кога Шпанија, Канада или Обединетото Кралство би ги третирале своите малцинства толку насилно и шовинистички како што Србија постапуваше со Косово, историјата на народите на Каталонија, Баскија, Квебек и Шкотска укажува на тоа дека нивниот бунт сега би била несопирлив. Овој национализам е „обесхрабруван“, барем во европските случаи, со трајната примамливост на членството во поголемата заедница на Европската унија, која од своите членки бара да ги почитуваат помалите народи и оддалечените региони. Сега оваа можност е достапна и за Србија и Косово, што не беше случај додека Милошевиќ го прекршуваше секој можен законски принцип. Покрај тоа, тешко е да се замислат Каталонците или Шкотланѓаните како протестираат барајќи независност и носејќи транспаренти „Сетете се на Косово“.

Освен мирното и неоспорувано разделување на Чесите и Словаците на почетокот на 1990-те (кое исто така се случи во светлото на потенцијалните европски интеграции), од поновата европска историја се сеќавам на само два примера на „сецесија“ на тн. европско тло. Обата случаи ги карактеризира измамата и беззаконието. Првиот пример е прогласувањето на исклучиво турска државичка на територијата на Кипар во 1983 г., а вториот прогласувањето на исклучиво српска државичка на територијата на Босна, десет години подоцна. Ниеден од овие два „пуча“ не беше изведен од страна на месното население; и обата беа овозможени од окупаторската армија. Ниеден не е, ниту некогаш ќе биде меѓународно признат. Толку за „преседанот“.

Не треба да се разубавуваат фактите за косовската држава. Барем два аспекта од нејзиното делување заслужуваат итно и критичко внимание: нејзината политика кон мнозинското српско население во енклавата околу Митровица и нејзиниот став кон српското културно богатство кое останува на нејзина територија. Но меѓународната зедница се наоѓа во многу подобра позиција да пружи заштита и да преговара за овие прашања отколку што би било можно во некоја мечта за нововоспоставениот „суверенитет“ на Србија.

Многу ќе изгубиме ако го заборавиме Косово и страшните настани кои на крајот доведоа до самоопределувањето на речиси двата милиони негови жители. Бидејќи со години беа лишувани од најосновните национални и човекови права, а потоа под закана на оружје беа товарани на возови и депортирани, и се наоѓаа под закани за масовни убиства, овие луѓе беа спасени од интервенцијата чија едноставна порака гласеше дека постои граница зад која законот повеќе не може да се прекршува и да се става на тест туѓата совест.

На Косово нема нафта. Државните интереси на Израел таму не играат никаква улога. На тоа не можеа да се добијат гласови – напротив. Поголемиот дел од жртвите беа муслимани. Косово беше забрзано спасување на американскиот и европскиот образ, и отстранување на ужасната закана за мирот во регионот. Многу храбри и чесни Срби можат да кажат дека во тој процес исто така беше отстранет е еден штетник која претставуваше непрестајна закана за нивната земја.

Тоа беше тогаш. Сега би било невнимателно да се шпекулира за тоа колку далеку може да отиде еден режим, мислејќи дека е заштитен од казните и последиците. Судирите во Ирак и Авганистан се одолговлекоа и ја раздрмаа нашата непоколебливост. Диктаторите во Иран и Северна Кореја тоа го чувствуваат, а секогаш може да се очекува дека Русија и Кина ќе им пружат заштита и оправдувања.

Извор: Slate

Илустрации: Glennz

Читајте други текстови на Окно поврзани со Косово:

Косово е Косово

Киднапери на изгубеното Косово

Косово - рекламен спот

Најдобро е Косово да се здружи со Албанија

Техничка и статусна спогодба

Белград мора да ја прифати историјата

Нема врска

Светот после 22 јули 2010

Т: Албанците

10 години НАТО на Косово

Балканот: Косово не е последниот територијален судир

хм.... уставот на сфрј башод

хм.... уставот на сфрј башод 74 вика дека сап косово е дел од ср србија.
правните работи немаат врска со ова.
сумљив текст, но животот продолжува.

Импресивната одлука на

Импресивната одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг – да го отфрли тврдењето на Србија дека прогласувањето на независноста на Косово во 2008 г. било незаконски: сосема точно тврдење, затоа што органот што ја прогласил независноста на Косово е, за Судот, не-ле-га-лен! Да се потрудел авторот да ја прочита пресудата ќе видел дека тоа е јасно речено. Судот јасно и гласно се изјасни дека НЕ расправаше по прашањето за легалноста на сецесијата, што значи дека секоја неформална група граѓани може да прогласи независност на определена територија, и тоа НЕМА да биде спротивно со постоечкото меѓународно право. Со еден збор, овој обид за спинување на јавното мислење е смешен. Но, мојот омилен пасус е: „Многу ќе изгубиме ако го заборавиме Косово и страшните настани кои на крајот доведоа до самоопределувањето на речиси двата милиони негови жители. Бидејќи со години беа лишувани од најосновните национални и човекови права, а потоа под закана на оружје беа товарани на возови и депортирани (ова секако е наменето на Евреите, авторот „заборава“ дека масовното бекство од Косово започнува токму со бомбардирањето, и дека најголемото масовно убиство на Косово е извршено од страна на НАТО, кога била ракетирана колона бегалци), и се наоѓаа под закани за масовни убиства, овие луѓе беа спасени од интервенцијата чија едноставна порака гласеше дека постои граница зад која законот повеќе не може да се прекршува и да се става на тест туѓата совест“, вели авторот. Чист спин, во негов елементарен облик, каков што доктор Гебелс само би посакал: „Ние“ сме добрите а „Тие“ (Русија и Кина) се лошите. Можат да се најдат уште многу замерки на текстот, така што како обид за спин е FAIL.

Попристрасен и

Попристрасен и западно-империјалистички текст одамна немам прочитано. Во ред е се’, Америка застана зад Косово и тоа доби независност, такви се нештата во светот, ама сега не може ем да ги тепаат Србите ем да не им даваат да плачат. Дека Косово е независна држава, независна е, ама немој вакви самопрогласени стручњаци да не убедуваат дека тоа било „Божја волја“.

Kosovo

Popis 1961. godine
Prema zvaničnom popisu SFRJ iz 1961. bilo je 963.959 stanovnika Kosova, od toga:



Etnički sastav stanovništva 1961.

A sega, kolku se Albancite vo Kosovo? 100%
Istoto se slucuva i so Makedonija.

Зошто Косово сè уште е важно

 Jiao covece kakva dezinformacija kakvo sranje...zaso be vaka im se dava da pisuvaat na luge koi vrska nemaat od zivtot?! Na kosovo nema nafta duso, ama znaes sto ima!? ZLATO I FABRIKA VO KOJA SE VADAT I PREPRODAVAAT COVECKI ORGANI ! NE sakam da naveduvam izvori od ovie informacii no mozam slobodno i da tvrdam deka so moi oci imam videno takvi raboti...i koga nekoj ke mi kaze deka Kosovo e drzava ili nesto takvo kosata mi se kreva nagore..Kosovo ne e nisto osven fabrika za rabotenje na crno..toa e div zapad..molim te Kristofer nemoj da si me staval na strana na Srbite ili protiv Albancite..jas samo donesuvam odluka i postavuvam nekoj stav, odkako ke iscrpam dovolno golem broj na informacii od sigurni izvori, e togas ke sednam da pisuvam blog za koj ke znam deka mnogu luge koi nemaat informacii ke mozat nesto od nego da naucat...educiraj se coveku a da ne te podsetuvam sto se slucuvase vo Aracinovo, Matejce itn..kako Albancite postapuvaa so NASITE KULTURNI MONUMENTI...taka da molim te informiraj se povekje. ! 

Зошто Косово сè уште е важно

 Kako saznaje B92, ministar ekonomije Mlađan Dinkić predložio je na sednici Vlade da Srbija prestane da plaća kosovski dug i da taj novac preusmeri Srbima na Kosovu, njegova izjava:
"sudeci po tome da  kosovo moze da ima suvo zlato, malahite i smaragde u svojim rudnicima kao i rusija, pa to nece pomoci jadnicima koji zive tamo, kao i sto ne pomaze ni rusima - a dug mora da se plati...da li je kosovo manje nezavisno ako taj dug plati srbija?"
Information is the power ! 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото