Славни двојки: Џејн Биркин и Серж Генсбур

26.12.2017 13:25
Славни двојки:  Џејн Биркин и Серж Гансбур

Според братот на Џејн Биркин, Серж Генсбур бил и засекогаш останал љубовта на нејзиниот живот. Кога во 1991 година починал на 62-годишна возраст од срцев удар (веројатно предизвикан од неговото епско пушење и подеднакво епско консумирање алкохол), иако одамна разделени, таа била уништена од тага и со нејзината ќерка Шарлот Генсбур три дена го жалеле. Кога Серж Генсбур конечно бил погребан, Биркин во ковчегот го ставила својот "Munckey", мајмун-играчка што го чувала од детството.

Првпат се сретнале на снимањето на францускиот филм "L'amour et l'amour" (Slogan) во 1968 година и на почетокот на Биркин воопшто не ѝ се допаѓал Серж, кој бил ѕвездата на филмот; таа за него зборувала дека е „ужасен", „арогантен" и „сноб".

Братот на Џејн, Ендрју Биркин, се сеќава дека неговата сестра била толку обземена од Серж што имала потешкотии правилно да го изговори неговото презиме и забошотувала нарекувајќи го „Серж Бургугон".

Сепак, несогласувањето меѓу Серж и Џејн не траело долго и тие ќе станат една од најпознатите славни двојки во Франција, во текот на една деценија и нешто додека биле заедно.

Постојат многу приказни за нивната страсна љубовна врска, особено биле митски нивните караници на јавни места. Една од најпознатите приказни е кога Џејн фрлила месо во лицето на Серж, откако открила дека ја прегледувал нејзината чанта. Таа продолжила да го брка и вреска по булеварот Сен-Жермен, а потоа и скокнала во реката Сена.

Во 2013 година, братот на Џејн, Ендру Биркин ја објави книгата „Џејн и Серж: Семеен албум“, прекрасна книга со фотографии што тој ги фотографирал во времето кога биле заедно, а некои од нив се првпат објавени.

Книгата претставува еден вид интимен увид на Ендру во детството на Џејн и нејзината длабока врска со Серж.

 

Слични содржини

Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија / Свет / Живот
Фотографија / Живот / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија / Живот / Спорт / Настан
Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото