„Приказни од Чудновија“ на Матеј Богдановски

11.04.2018 00:41
„Приказни од Чудновија“ на Матеј Богдановски

Во Кино Култура на 12 април (четврток) во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Приказни од Чудновија“ на уметникот Матеј Богдановски.

„Книгата е правена по стриповите „КШШЦ“ и „Патенталија и Тентелина“, ова е мојата прва книга за деца, во која низ 17 приказни е претставен еден бајковит свет“, вели Богдановски во најавата за настанот.

Промотор на книгата ќе биде академската сликарка и професорка на Ликовната Академија во Штип, Јана Јакимовска.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото