Фејсбук ќе ги разоткрива лажните вести

13.04.2018 02:06
Фејсбук ќе ги разоткрива  лажните вести

Борбата против лажните вести ќе се води и на Фејсбук. Компанијата најави подобрена верзија на апликацијата која на корисниците ќе им овозможи да дознаат повеќе за вестите што некој ги ставил на својот ѕид. Меѓу другото, ќе биде откриено и кој од пријателите веќе споделил одредена вест.

Подобрената верзија на апликацијата првпат е тестирана минатата година, а им дозволува на корисниците со еден клик да ги откријат изворот на веста, поврзаните вести и мапата на споделување на текстот, која ја содржи локацијата на корисниците од каде што најчесто била споделувана веста.

Кога корисниците имаат увид во деталите за темата што ја обработува веста, може да се дојде до информации што ќе ја разоткријат потенцијалната лажна вест. Од друга страна, споделувањето ќе открие колкава е нејзината популарност помеѓу пријателите и корисниците.

Сепак, опцијата не дозволува увид во тоа зошто е некоја вест споделена и не постои начин да се открие потенцијален сарказам или критика.

 

ОкоБоли главаВицФото