Митот за талентот: зошто е важно постојано да се работи на себе

18.04.2018 00:34
Митот за талентот: зошто е важно постојано да се работи на себе

Секој маж или жена што победувале наспроти сè, ако се погледне малу подобро, всушност извлекле корист од необичните околности. Ова го потенцира Малком Гладвел во неговата одлична книга „Натпросечни“, во која покажува дека успехот на Бил Гејтс, Битлси и други исклучителни поединци немал толку врска со тоа „какви биле“, туку „од каде потекнувале“. „Најуспешните луѓе можеби изгледаат како сè самите да направиле“, пишува Гладвел.

„Но, всушност, сите успешни луѓе без исклучок ги искористиле скриените прилики, одличните шанси и културното наследство со помош на кои учеле и работеле и преку кои го доживеале светот на поинаков начин од другите луѓе.“ Вака пишува Метју Саjид, двократен олимпиец, кој ја искористил својата животна приказна за да во книгата „Мит за талентот: Моќта на вежбањето“(2016) разоткрие како успеале они најголемите меѓу нас и зошто верувањето во талентот е поврзано со неуспех. Саид тврди дека без оглед на почетните разлики, секој од нас може да оствари натпросечни резултати.

„Можете ли да се согласите со силата на аргументот дека неопоходна за успех е посебната прилика, но дали е таа доволна?“, прашува Сајид. Тој наведува дека во 1991 година, Андерс Ериксон, психолог од Флорида Стејт Универзитетот, заедно со двајца колеги, спровел опширно истражување за причините за исклучителниот успех.

Неговите испитаници, студенти по виолина на реномираната Музичка академија во Берлин, Германија, биле поделени на три групи. Првата група се состоела од најдобрите студенти, момчиња и девојки од кои се очекувало дека ќе станат меѓународно признаени

Тоа биле деца што можеле да се опишат како суперталентирани, деца што, наводно, имале среќа да се родат со посебни музички гени.

Другата група студенти била исклучително добра, но во неа немало деца кои се реализирале во онаа мерка во која успеале врвните изведувачи од првата група. Од нив се очекувало да станат музичари во најдобрите светски оркестри, но не и солистички ѕвезди. Во последната група се нашле најмалку способните студенти, т.е. тинејџери кои учеле да станат наставници по свирење инструменти и на тој курс се барале најмалку ригорозни стандарди за упис. Нивните способности ги проценувале професорите, но постоело и објективно мерење, како што е успехот на отворени натпревари.

Биографиите на овие студенти биле неверојатно слични, секој од нив почнал да свири околу осмата година, во просек имале 15 години кога одлучиле нивната професионална определба да биде музиката, дури имале и просечно ист број на наставници по музика, како и број на инструменти што ги свиреле покрај виолината. Но, постоела една значајна разлика: бројот на часови што ги посветиле на сериозно вежбање.

До 20-тата година, најдобрите виолинисти вежбале во просек десет илјади часови, што е за две илјади часови повеќе од студентите од групата добри виолинисти и повеќе од шест илјади часови повеќе отколку штона вежбањето виолина посветиле оние кои се надевале дека ќе предаваат музика.Овие разлики се огромни. Врвните изведувачи вежбале илјадници дополнителни часови за да станат мајстори на виолината.
Но, тоа не е сè.

Ериксон открил и дека нема исклучок во оваа шема: никој не влегов во врвната група без беспоштедно вежбање и никој не останал на пониско ниво ако постојано вежбал. Планското вежбање било единствениот фактор што ги разликувал најдобрите од останатите.
„Не велиме дека овие разлики се непроменливи, т.е. дека постојат заради вродениот талент. Напротив, нашиот став е дека разликита помеѓу врвните изведувачи и обичните возрасни луѓе се гледаат во упорното настојување да ги подобрат своите резултати.“

Истражувањето на британските музичари, на пример, открило дека врвните изведувачи не учеле побрзо од оние што имале послаби резултати: на секој час, различните групи напредувале речиси со истата брзина. Разликата била во тоа што врвните изведувачи вежбале повеќе часови.
Но, што е со чудата од деца, што е со децата кои постигнуваат светска слава уште како адолесценти? Зарем тие не учеле со исклучително голема брзина? Па, не, вели Сајид.

Џон Слобода, професор по психологија на Универзитетот Кил, вели: „Воопшто нема докази дека луѓето што постигнале многу, откриле некој пократок пат.“ Џек Никлаус, најуспешниот играч на голф на сите времиња, го кажал истото.

„Никој, ама баш никој, никогаш не станал врвен мајстор во голфот без вежбање, без многу размислување и без удирање на топчето. Повеќето играчи ги нервира што не можат да ги повторат добрите удари во низа, а тоа нема врска со талентот. Единствено што може да се направи по тој повод е да се вежба“.

„Помислете само колку се поголеми стандардите во која било област“, потсетува Сајид. Кога Франц Лист ја компонирал „Feux Follets“, во 1826 година, се зборувало дека буквално никој не може да го отсвири тоа, а денес таа композиција ја изведува секој врвен пијанист. Истото важи за спортот. Кога победникот на трката на 100 метри ја истрча патеката за 11 секунди, тоа се сметаше за чудо.

Денес, тоа време не би било доволно да се квалификувате за средношколски натпревар. Слично е со академскиот успех, па Роџер Бејкон, англискиот научник од 13-от век кажал дека е невозможно да се совлада математиката за помалку од 30 до 40 години, денес диференцијалните и интегралните задачи тутински се предаваат на факултетите. И така до бесконечност. Според Сајид, до напредок се доаѓа заради количината и квалитетот на вежбањето, а не заради гените.

Се појавува важно прашање: колку треба да се вежба за да се постигне исклучителен успех и резултати? Деталните истражувања, како што изгледа, даваат многу конкретен одговор: од уметноста до науката и од друштвените игри до тенисот, се открило дека се потребни минимум десет години за да се достигне светски статус во врска со која било сложена задача.

Во шахот, на пример, Херберт Сајмон и Вилијам Чејс, американски психолози, откриле дека никој не го остварил нивото на велемајстор пред интензивно да се подготвува и игра десет години. Кога станува збор за компонирање, Џон Хејс открил дека се потребни десет години посветеност за да се дојде до врвот и тој став е во центарот на неговата книга „Решение за сите проблеми“.

Анализата на деветмината најдобри играчи на голф во 20-от век покажала дека своето прво меѓународно признание го оствариле околу 25- годишна возраст, што во просек е повеќе од десет години откако почнале да се занимаваат со голф. До истото откритие се дошло во многу различни дејности од математика, тенис, преку пливање и трчање на долги патеки.

Сето ова важи и во студијата која опфаќа 120 најважни научници и 123 најславни писатели на 19-от век. Утврдено е дека поминале десет години од нивното прво и нивното најдобро дело. Значи, десет е магичен број за постгнување на совршенство.

Во книгата „Натпросечен“, Малком Гладвел истакнува дека повеќето врвни поединци вежбаат околу илјад часа годишно, тешко е да се одржи квалитетот на вежбањето ако го надмините овој број и така правилото „десет годидни“, тој го претвора во „десет илјади часови“. Тоа е минималното време неопходно да се дојде до експертско ниво во која било сложена задача. Тоа, исто така е и бројот на часови што го посветиле на вежбање виолинистите во експериментот на Ериксон.

А сега помислете колку често сте слушнале како луѓето го отфрлаат сопствениот потенцијал и велат: „Не сум талент за јазици“ или „Немам мозок за бројки“, или „Ми недостасува координација за спорт“. Науката ни кажува дека се потребни илјадници часови вежбање за да се стигне до врвното ниво.

Извор: Nedeljnik

 

ОкоБоли главаВицФото