Темплум програма на Саемот на книгата, 03.-09. мај 018

03.05.2018 13:02
Темплум програма на Саемот на книгата, 03.-09. мај 018

Петок
Ден на едицијата КВИР СКВЕР - 6 книги за само 1000 денари!
Станува збор за книгите „Збогум, Берлин“ од Кристофер Ишервуд, „Ред за ручек“ од Уршка Стерле, „Морис“ од Е.М. Форстер и „Во својот двор“ од Сузана Тратник.

18 - 20 ч. Гето Руди потпишува примероци од книгата „Можеше да биде и реми“
Книгата е победник на „Новите!“, конкурсот за најдобар дебитантски ракопис.

Оваа збирка раскази ја доби наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ 2017.Ракописот на Гето Руди е еден вид омаж на обичниот човек, „малиот херој“, но истовремено тој суптилно се занимава и со некои вечни теми како времето, смртта, потрагата по вистината.

Сабота
Ден на едицијата ВО ПЕТ КАЈ ВРТЕЛЕШКИТЕ! - 7 сликовници за само 1200 денари!

17-20 ч. Магдалена Хорват потпишува примероци од книгата „Осетлива на светлина“

Песните во оваа збирка не само што трогнуваат и замислуваат туку се изградени во совршена хармонија меѓу стилот и смислата.

Магдалена Хорват несомнено е еден од најбитните и најмоќните поетски гласови во македонското совремие. (Румена Бужаровска)

 Песните на Хорват постојано нè изненадуваат со звучните решенија: римите одекнуваат и онаму каде што не ги очекуваме. (Владимир Мартиновски)

Кога ја читаме оваа книга, напати помислуваме дека и таа нè чита нас и дека цело време градиме со неа заемен однос ’на ти’. (Ристо Лазаров)

Недела
Ден на едицијата МАГМА; специјални пакети: Најновите книги (Жил Ренар, Марсел Швоб, Џанго Помалиот); Нова македонска книжевност, Регионалните ѕвезди; Жива класика; Кратки кратки приказни; Опасни книги...

Понеделник
Ден на едицијата ГРАДОТ; специјални пакети со новите книги на Јовица Ивановски, Рагми Јусуфи, Емил Алексиев, Бранко Тричковски, Александар Петров...

17-20 ч. Калиа Димитрова потпишува примероци од книгата „Вештерките денес“

„Вештерките денес“ е книга жизнена, силовита, продорна, свежа, нежна, приемчива, заводлива, самосвесна и нималку климоглава ‒ баш како самата Калиа. Освен тоа, книгата има јасна дикција, непосреден израз и неприкриен активистички (општествен)
ангажман.

Ослободена од секакви стеги, многу често употребувајќи стих со еден или два збора, Калиа ја следи сопствената мисла/порака низ своевидна лежерна ритмика, што прозвучува како мелодија. 

Ненаметливо остава читателот да се движи според сопствените афинитети и слободно да ја доловува упатената порака. Тоа придонесува поезијава да ја восприемаме со леснотија, но претставува и предизвик, да ги бараме метафорите скриени во нејзината навидум лежерност. (Бистрица Миркуловска)

Вторник
17-20 ч. Џанго Помалиот потпишува примероци од книгата „Намали малце чалам“

Џанго Помалиот пишува најкуса проза и објавува на Фејсбук. Изминатава деценија е активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот.

 Автор е на наградуваниот драмски текст „Модерна алхемија“, што на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ.

Џанго Помалиот е алтер его на Сашо Стефановски, електроинженер од Скопје.

 

Понеделник-Вторник-Среда

Акција: петте изданија во едицијата ЛИФТ за само 2000 денари!

(во понеделник излегува ЛИФТ #5 - Сет - „Животот е добар ако не се откажуваш“)

 

 

ОкоБоли главаВицФото