1027 hPa
70 %
7 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 08:59
Издавачката куќа Темплум и галеријата Метаноја Ве покануваат на промоцијата на книгата и отварањето на изложбата ДУХОВНОТО ВО АПСТРАКТНОТО СЛИКАРСТВО на Татјана Миљовска, во галеријата Метаноја, на 18 октомври (среда), во 19 часот.
Ќе бидат изложени слики творени во последните пет-шест години, изработувани напоредно со теоретското дело Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство.
Главна преокупација на авторката е возобнување на духовните стремежи во современ контекст, а врз основа на темелите поставени од историската авангадра, во време на длабока криза во којашто е западнато нашето општество. Преку сликарството авторката ја истражува и открива визијата за примарната духовност, која на почетокот на овој век се манифестира како еколошко просветлување и ни ја предочува основната човекова предиспозиција за создавање хармоничен однос со природата, благодарение на интуицијата и креативната емоција.
Во таа смисла книгава претставува прво интердисциплинарно толкување во македонската културологија кое преку сликарството, екоантропологијата и медитацијата дава решение за излез од духовната криза. Сликарството како уметност заради уметност нè инспирира да го откриеме Себството, нашата подлабока природа која е чиста светлина. За потоа, во социјалниот ангажман и активизам таа светлина да биде извор на еко-свеста и еко-културата што ќе го замени консумеризмот…
Никола Гелевски од издавачката куќа Темплум, Др. Коста Милков од галериајта Метаноја и авторката ќе се обратат на присутните.
Слики: Татјана Миљовска, од серијата Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство, 2019-2023