Вмровски сталеж

03.09.2010 11:03
Вмровски сталеж

Факт е дека пред пет години Македонецот живееше подобро од сега. Факт е дека денес тој е посиромашен, дека неговиот живот и земја се бесперспективни и се изолирани. Историјата нè учи дека постојат многу начини и причини за една пропаст, за тотален колапс.

Историјата нè учи дека постојат многу начини и причини за една пропаст, за тотален колапс. Но да се избере пропаста и таа да се спроведува со одредена гордост, е, тоа е голема вина. На што се должи успехот на ВМРО-ДПМНЕ и на што се должи оваа неодговорна толеранција која народот ја покажува кон нивните злоупотреби и самото владеење? ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се проби и се одржува на заблудата дека тие се некакви носители и спасители на угнетените, на потиснатите, дека го претставуваат духот на обесправениот граѓанин и човек.

Обесправени и угнетени низ историјата, потиснати во поранешниот систем, па дури и потценети во актуелниот систем, иако, реално, според бројките, десницата била подолго на власт. Веднаш станува јасно дека ова е уште едно поле на кое ВМРО направи поделба во општеството, обидувајќи се да издигне едно угнетено мнозинство, наспроти другото аристократско мнозинство и на тој начин да создаде една револуција во македонското општество.

Историјата покажала дека секоја вистинска револуција, каде се менува структурата на општеството, каде се руши претходниот систем на класи или сталежи, води кон демократизација, кон културолошко и интелектуално истапување на масите, кон зголемена свест на новото мнозинство кое станало единствен сталеж или доминантна класа. Револуцијата на ВМРО, лажна во својата суштина и пракса, доведе до нешто сосема спротивно и ќе видиме зошто. Сега, факт е дека со ВМРО се случи одредена револуција во општеството, дека се појавија нови играчи, една нова класа, како на економско, така и на политичко ниво. Прашањето е што се случува и што носи тоа ново мнозинство кое до вчера било потиснато, а имало толку многу да даде и да покаже. Покажаа многу, не дадоа ништо или, поточно, зедоа, приграбија и станаа она против што наводно се бореле.

Секоја револуција која се базира на погрешни идеолошки и митомански претпоставки, не може да донесе никаков прогрес! Напротив, носи регресија за целото општество. Ако револуцијата беше сите да станеме вмровци и да уживаме еден заеднички културолошки, економски, идентитетски или воопшто еднаков историски и духовен концепт, тогаш револуцијата во целост не успеа. Ако целта беше само да се смени структурата на општеството, тогаш таа успеа, но создаде толкави големи поделби и разлики помеѓу сите категории, што сега навистина постои потребата од една нова револуција која би нè приближила, обединила, која би нè донела на исто или на слично економско ниво.

Класата ВМРО, која инаку одамна веќе не е класа, денес се претвори во сталеж. На почетокот, секој можеше и сè уште може да земе книшка и да влезе во таа класа, но фактот дека кругот сè повеќе се стеснува, дека пари и бенефиции има за сè помал круг на луѓе, е доказ дека ВМРО се претвори во тесен сталеж придвижен од маса на луѓе кои аспирираат, но сè помалку имаат шанси да станат дел од тој сталеж. А што со оние кои се надвор од нивниот систем? Треба да е јасно дека не постои тесен сталеж или олигархија која прво нема да опстојува на масата луѓе блиски до нив, задоволени со титули и со економски награди, а уште помалку може да се одржи без поголемата маса на луѓе кои живеат од трошките или опстојуваат во тотална мизерија.

Факт е дека пред пет години Македонецот живееше подобро од сега. Факт е дека денес тој е посиромашен, дека неговиот живот и земја се бесперспективни и се изолирани. Тоа се факти кои заедно со популизмот и со митовите кои секојдневно му се сервираат на народот, се главното оружје за психолошко, ментално и за физичко оневозможување на народот да истапи, да се издигне, односно, тие се средства за тој да се држи потчинет. Тоа се реални факти кои неизбежно водат кон една револуција поттикната од очајната материјална состојба на Македонецот, а не од некакви идеолошки или романтичарски побуди. Нормално, бесперспективноста, изолацијата и уназадувањето на Македонија не се предизвикани само од материјалните услови, тие, пред сè, се предизвикани од погрешните и лажни идеи на ВМРО за нацијата, но на крај, тоа секогаш ќе се сублимира во нашата мизерна материјална и духовна егзистенција.

Испаѓа дека духот на потчинетиот Македонец е само уште еден од бескрајната серија на митови и на заблуди кои ВМРО му ги всади на човекот. Ако целта била потчинетиот да се издигне за потоа тој да биде џелатот на цела една нација, тогаш морам да признам дека успеаа. Вистината е дека Македонецот никогаш не бил вака потчинет, што значи дека нешто крајно ненормално, неисториско и општествено погрешно ни се има случено.

Нам не ни се случи револуција на обичниот народ, кој гладен за леб, но и подеднакво гладен за издигнување, за знаење, за подобар живот за сите, ја зема судбината во свои раце и зачекорува по патот на слободата, прогресот и еднаквоста. Нам ни се случи револуцијата на медиокритетот, кој никогаш немал никаква возвишена цел, кој никогаш не помислил на ништо друго, освен како незаслужено и непропорционално да се збогати, да профитира, па цркнал кој треба да цркне, па паднала државата во пепел или не. Не е возможно толку многу медиокритети да се наполнат со толку многу пари, да добијат толку незаслужени титули, а цената и крајниот продукт да бидат нашето индивидуално, колективно и државно пропаѓање, како на материјално, така и на духовно ниво. Па, дали е здраво, со секој нареден украден денар, купена кола, мотор или со петти-шести стан на вмровскиот сталеж, сите ние да пропаѓаме во сè поголема и поголема мизерија? Дали е нормално, нашите институции и вредности да стануваат материјал за исмејување на секој странец, самите да бидеме сведоци како, додека ребрата сè повеќе ни се гледаат, нашите вредности, духот и културата се заменија со набилдани ќељавци, кич споменици и висока цилиндража? Се случи нешто што никогаш не требаше да се случи. Се случи Македонија што не требаше да се случи. Испливаа луѓе, опортунисти, медиокритети, квазиексперти и подлизурковци, кои во една нормална и просперитетна држава никогаш не би успеале. Успеаја луѓе кои не биле под никаква пресија, кои не биле потиснати од никого и со ништо друго, освен од самиот нивен низок морал и беден менталитет. Проблемот е што се создадоа услови, се срушија вредностите и институциите до тој степен, за само таквите да можат да просперираат. И кругот сега е цел. Лоши вредности, лош систем, лоши инстититуции создаваат лоши луѓе и обратно. Прашањето не е што е прво, дали кокошката или јајцето. Кај нас и двете не чинат.

Така дојдовме до плиткоста на денешницата и до едно болно освестување за нашата површност. Немаме никаква длабочина, никакво чувство за откривање и осознавање на суштината на нештата.

Погледнете ги учебниците за нашите најмлади, погледнете ја околината што ве опколува, погледнете колку лесно им веруваме и ги толерираме лагите. Погледнете за што луѓето свесно ја рушат својата нација, својата култура, своите сеќавања, својот идентитет. За пари, за незаслужен статус и непропорционално материјално богатство, за коли и мотори, за плитки и безначајни нешта. Да не се лажеме, насекаде постојат луѓе кои мислат дека наградата нешто да се осознае суштински, да се работи совесно за земјата, едноставно не е вредна на трудот, па дури и дека е штетна. Но, никогаш вака систематски, група луѓе не се борела против суштината, против значењето на нештата, мислејќи дека нивниот прагматизам смее да забега во ваква плиткост и површност. Или, можеби, проблемот е што оние против кои обесправените и угнетените се подигнаа, ја сокриле суштината некаде предлабоко, далеку од очите и од чувствата на денешниот сталеж.

Точно е, највредното не треба да биде пред очите на сите, не треба да биде само врачено, туку и стекнато, пристапно поради некоја заслуга или преку некаква селекција. Но, вистината е и нешто друго, нешто болно и реално. Тоа е дека суштината е длабоко во нас, длабоко во сè што нè опколува, таа не се крие, таа или постои или не постои во нас и во нашето однесување. За новиот сталеж, не знам дали е роден без тој квалитет или по пат одлучил да ја скрши вазната која генерациите пред нив ја полнеле. Факт е дека сме посиромашни, затоа што всушност тие се посиромашни внатре, затоа што ни ја уништија димензијата на длабочината, а со тоа и чувството за нештата. Како што вели еден голем писател и мислител, новото измислување на површноста, како дом за сите наши чувства и вредности е мајсторски духовен потег кој ќе влезе во историјата.

Суштината ја претворивме во плиткост, плиткоста ја ставивме на површина, за секој да ја посакува и секој да може да ја живее. Или пак којзнае, можеби површноста е природната местоположба на глупаците, само во очите на оние кои мислат дека постои некаква суштина.

Извор: Глобус

Слики: Дмитриј Ребус Ларин

   Одличен текст. Се

   Одличен текст. Се појавуваат се поквалитетни текстови што е воодушевувачки. Чувајте ми го текстов за понеделник кога ќе можам на раат да го искоментирам.:)

Groupie. 

Groupie. 

roxanne you dont have to put

roxanne you dont have to put on the red light
those days are over
you dont have to sell your body to the night

Аман рокс прочитај го

Аман рокс прочитај го внимателно, па да реминисцираме на толку светлото минато пред 5 години. Ах што убаво си беше

Roxy e ednakva budala na

Roxy e ednakva budala na teleshkite mozoci od SDSM i DPMNE. Za budal narod Roxy ne e taksirat. Vo nishto ne se razlikuva nitu lecemerniot avtor na kolumnava. Namesto da veli deka so decenii narodot stradal, toj nastojuva da gi rehabilitira ,,socijaldemokratskite'' kriminalni karakondzoli kako bi gi martiriziral. A so shto ,,socijaldemokratite'' pred 5 godini tolku bea samopregorni? Fakt e deka siromashnite rabotni luge, kako i vo godinite na vladeenje na DPMNE, bea obespravuvani. Site zakonski regulativi se nasoceni protiv niv a vo favorizacija na ,,slobodniot pazar'' koj do deneshen den ne ni donese blagosostojba. Koga entuzijastite ovde na Okno go povikuvaat tolku gromoglasno narodot da ja razbie gruevistickata banda, anti-demagoshki bi bilo da kazat shto posle toa? Ili celishodnosta na filipikite im se sveduva na toa da ni nakalemat stari ugnetuvaci - onie od SDSM? Da ne e budala narodot, ke vi kaze: ne, fala. No, koga mu burickaat vo svesta entuzijasticki bubacki, se razbira, deka ke ima migrena poradi shto nema da pravi razlika megu crno i belo. I Mara ne e onoj shto sega navreduva, jas ja kazuvam vistinata, dodeka Roxy i avtorot na kolumnata go omasakruvat blagorodnoto srce na narodot so zlatnite volshebstva na svoite lagi: pred 5 godini Makedonecot ziveel podobro od sega. Ne, moi dragi hipokriti, Makedonecot zivee denes polosho zatoa shto veke dve decenii zivee vo permanentna dekadencija.

 И според тебе, што е

 И според тебе, што е решението? Да си останат овие вечно? Затоа што и другите беа исти? Ајде, еве кажи како да се спасиме.

Решението кое ќе ги избрише

Решението кое ќе ги избрише политичките харпии од лицето на ова парче земја е преку широка граѓанска иницијатива буквално да се ПРИНУДАТ следниве мерки: 1.Бранење на позитивните права за трудот против капиталот. 2. Радикална монетарна политика и 3.Програма за директна електронска демократија на национално ниво.

 

 Те подржувам, иако утописки

 Те подржувам, иако утописки ми звучи ова.  

Не, не е утописки. Ништо не е

Не, не е утописки. Ништо не е невозможно на овој свет. Патем трите мерки се елаборирани детално. Работам на книгата. И ти благодарам за поддршката. Најголема утопија е на угнетувачите дека вечно ќе не‘ угнетуваат.

Звучи добро, веднаш би

Звучи добро, веднаш би поддржал, ама останувам скептик за можноста за реализација и за тоа дека народот може да прифати нешто без скапа и стравична реклама.

Те подржувам. Поголема

Те подржувам. Поголема утопија од либералниот капитализам -нема! Демек, се само си се наместува, од хаосот само од себе се раѓа еден невиден милозлив поредок и слични бајки. Денес е време на бајки, но сигурно утре ќе биде поинаку. Поздрав.

Mara e vo pravo za edno

Mara e vo pravo za edno nesto, kako na primer, deka ne se raboti dovolno  na socijalnata kohezija, na levicarskite programi, no treba da znae deka toa ne e lesno vo edna mlada demokratija, osobeno ne vo periodi na tranzicija ili post-tranzicija. Sepak, tuka ostanuva validen zaklucokot deka ne se obiduvame dovolno i ubavo e sto toa go naglasuva.

Toa sto Mara misli deka avtorot samo velici nekoe blisko minato, nasproti denesnata realnost, deka nema cuvstvo za makite na ovoj narod, e negovo pravo, toj gresi i pokazuva deka ne ja zgrapcil poentata na tekstot. Podednakvo gresi koga tvrdi deka nekoj saka na narodot da mu nakalemi stari ugnetuvaci. Naprotiv, celta e tokmu da napravime kvalitativni razliki pomegju dve vremenji, dve ideologii i konecno, dve sosema razlicni idei i praksi za rakovodenje so ovaa zemja. Jas nemam problem stavovite da gi povtoram i da naglasam deka sostojbite ne e vazno da se vrednuvaat samo materijalno, tuku i duhovno i moralno. A sepak, fakt e deka materijalnata sostojba se vlosuva kako sto odime napred, no uste postrasno e sto dozivuvame edna moralna i duhovna erozija ili regresija, zatoa sto ni se nametnuva eden antisistem koj nema perspektiva. Toa e nesto sto nikoj dosega go nema napraveno, toa e nesto antiistorisko, nemoralno, nedemokratsko, sprotivno na zelbata za gradenje na funkcionalna drzava i demokratija. Ako Mara uspeva so tolkava lesnotija da zboruva za hipokrizija, a samiot da ne primeti deka vo svojot diskurs go izbegnuva tokmu najsustinskoto, togas iskreno mu poracuvam da se preispita.Makedonecot ne zivee vo permanetna dekadencija ! Patot kon uspehot e baven i macen i ne postojat garancii deka mora da se sluci. No, svesno da se rusi i devalvira toa macno iskacuvanje, e toa e hipokrizija.

I krajno, ako Mara resenieto go gleda samo vo pozitivnoto pravo, vo nekakvi fasadno marksisticki i tehnokratski paroli, namesto realno marksisticki da ja analizira kontradikcijata pomegju trudot i kapitalot vo naseto opstestvo, odnosno, ako misli deka nekakva prinuda e resenie za gordieviot cvor vo naseto osptestvo( a posebno deka istoto moze da bide PRINUDENO od nekakva gragjanska inicijativa), togas, negovite komentari se vistinsko licemerie, no i pokraj toa, se dobrodojdeni i sfateni. 

Драг Ивор, текстот го

Драг Ивор,
текстот го прочитав во целост и немам волја моето слободно време да го потрошам во раскостување. Имаш голема мана во твојата „критичка“ колумна, тоа што зборуваш за вмровски сталеж, а не истакнуваш дека целиот систем уште пред ДПМНЕ да дојде на власт е таков во суштина - аристократски. Тоа мора да се признае, доколку не, вие сте прикриен апологет на СДСМ, платен или неплатен, сеедно, еднакво опасен непријател на народот. Во суштина тоа е и Танталовата мака на професионалното новинарство - да се претстави себеси како објективно, а во суштина секогаш е субјект на медиумскиот капитал.
Уште една сериозна мана на твојата колумна е и повикувањето да се направи разлика помеѓу две идеологии, и замислете граѓани, помеѓу две пракси во раководење на земја. Објективно ако зборуваме, СДСМ кон граѓаните има сторено поголемо злосторство - не поради тоа што неефикасно ја спроведе приватизација на државниот капитал (сите неолибералистички примери за успешна транзиција се митови!), туку поради тоа што недемократски, АВТОКРАТСКИ го ПРИНУДИ процесот на приватизација во земјава. Затоа ве молам драг Иворе немојте барем мене да ми зборувате за постоење на некаков вмровски сталеж или за „квалитативни разлики помеѓу две времиња“. Најмалку за правење разлика помеѓу две идеологии! Чии идеологии? Помеѓу ДПМНЕ и СДСМ?! Па и обете безгрижно ги намалуваа трудовите права на граѓаните, а единствена разлика што можеме да ја правиме е тоа која од овие политички Левијатани повеќе или помалку ги намалуваа трудовите права. Во рамки на овој бипартизам мачното искачување на граѓаните може да биде само Сизифова мака. Сите препреки што им ги импутираат професионалните политичари, заедно со професионалните новинари, се злосторства од прв степен отаде вашата лажна демократија, бидејќи правото да се гласа не е исто што и да се употребува власт, а оттука и вашата хипокризија Иворе кога сакате да ги измамите читателите за постоење вмровски сталеж. А, тој сталеж олицетворен во професионалното политиканство и лицемерниот морал на коректност се гаи уште пред 5 години. Доколку длабоко резониравте, надвор од рамките на професионалното новинарство, требаше да истакневте дека проектот Скопје 2014 не е во суштина продукт на ДПМНЕ туку на парламентарната (квази)демократија. Затоа патот кон успехот на овој народ е во перманентна декаденција, и НИКОГАШ не постојат гаранции дека нема да му се случи нов мегаломански проект или социјална инфериорност на власта кога духот и моралот на граѓаните се субјект на една аристократија, а не демократија.
Значи оној којшто употребува во своите ставови пароли и флоскули сте токму вие драг Иворе, не можејќи да сфатите зошто граѓаните се наоѓаат во перманентна декаденција. А, зошто да не може да биде принудена слободата на граѓаните од самите граѓани? Зарем се плашите од граѓанска иницијатива? Но, не од типот на онаа на Граѓани за европска Македонија (во која Геровски е еден од главните интриганти, продолжена рака на Црвенковски и кој станал богаташ од своето професионално новинарство). 
За крај, Иворе, контрадикцијата помеѓу капиталот и трудот ќе се реши, кога ќе се укине капиталот. А, ќе се укине со ПРИНУДНИ мерки (зарем приватизацијата не беше ПРИНУДНА во корист на приватниот капитал?!), кои ги спомнав погоре.

Normal 0 false false false EN

Normal
0

false
false
false

EN-US
X-NONE
X-NONE

MicrosoftInternetExplorer4

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-priority:99;
mso-style-qformat:yes;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt;
mso-para-margin-top:0cm;
mso-para-margin-right:0cm;
mso-para-margin-bottom:10.0pt;
mso-para-margin-left:0cm;
line-height:115%;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:11.0pt;
font-family:"Calibri","sans-serif";
mso-ascii-font-family:Calibri;
mso-ascii-theme-font:minor-latin;
mso-fareast-font-family:"Times New Roman";
mso-fareast-theme-font:minor-fareast;
mso-hansi-font-family:Calibri;
mso-hansi-theme-font:minor-latin;}

Mara,ocigledno ne si samo utopist, tuku i nihilist vo sustina. Ne pravis nikakvi vrednosni distinckcii, za tebe se e loso i samo vo ramkite na toa loso mozeme da delime sudovi, koj e polos, a koj pomalku los. Dobroto za tebe lezi nadvor od sistemot. Pritoa, nastapuvas kako objektivnosta da proizleguva od obicno zastanuvanje zad narodot, od negovo nerealno egzaltiranje, odnosno, nametnuvanje na negovata centralnost poradi navodnata permanentna dekadencija. Zatoa i za tebe ne postoi kvalitativna razlika pomegju eden i drug stalez, ako taka sakas, ili pomegju edna politicka ideja i praksa i druga politicka ideja ili praksa.
No, mislam deka te razbiram, ti vsusnost se zalagas za nov poredok, kade site kontradikcii se raspleteni i ne postojat povekje. Poentata na edno opstestvo ne e da ne postojat kontradikcii, tie sekogas ke postojat, celta e na niv da se raboti i kako edni ke se resavaat, drugi ke se pojavuvaat. Perpetualna e kontradikcijata na sekoe opstestvo, pa zosto da ne bide i na naseto.  Sekoe Prinudno resavanje na kontradikciite, vodi kon konflikt ili kon uste pogolema Avtokratska dominacija na odredena oligarhija, stalez ili aristokratija. No, kojznae,spored tebe, mozebi i takviot teror e podobar od terorot na edna lazna demokratija koja se obiduva da stane avtenticna i adekvatna. Ke napomenam uste ednas, ovaa lazna demokratija e razlicna od onaa lazna demokratija od pred 5 godini. Taa porano, so site svoi nedostatoci, sakase da stane podobra, dodeka ovaa nema takvi aspiracii. Ovaa e pobliska e do tvoite idei.
Ti voedno nemas problem so odredeni aspekti na rakovodenje na drzavata, iako postojano go naglasuvas trudot ili procesot na prinudna privatizacija. Ti vsusnot imas problem so liberalniot i kapitalisticki sistem  i so necistata , laznata ili kvazi demokratijata. Toa se vika problem so realnosta i so toa kako navistina funkcioniraat nestata. No, toa ne znaci deka jas ne sum za menuvanje na postojnoto, no smetam deka covek treba da ima i malku posiroka slika i pomalku apodikticni stavovi od tvoite.
Toa sto ne razbiram kaj tebe e dali za tebe problemot lezi  strikno vo bipartitizmot , dali vo profesionalnite politicari, dali pak vo samiot pluralizam. Tuka si nedefiniran, odnosno, si za nekakva gragjanska demokratija vo duhot na Robenspjer.
Deka jas upotrebuvam paroli, toa ne bara opravduvanje, parolata treba da se sfati kako stil na naracija, ne kako forsiranje na nekoja neizdrzana floskula. Prasanjeto mi e, sto ke ti se tebe parolite. Sfati go kako retoricko prasanjeto i vo korist na tvoeto, no i moeto slobodno vreme, jas bi zastanal tuka.

Мара, очигледно освен тебе

Мара, очигледно освен тебе тука никој друг тука не живее во материјалната реалност, не постојат пари, економии, нема политички системи, нема сиромаштија во 40-50% од населението, или ако постои, тоа и не е примарно. И се е совршено, само вмро е пречката. (Ах, Кандид, Кандид...)За сиромаштијата и социјалната правда е дегутантно да се дискутира, тоа е маоистички и ригидно, а крајна неоходност е да матиме вода околку тоа која партија е подемократска и за името и за voyage en Europe.  Можеби предолго престојуваат во простории со убави рафтови книги и нежно-розови ѕидови, па и самите онежнале. Можеби веќе заговараат животот во иднината да се структурира според некој научно-фантастичен роман!
И апсолутно исто живеев пред 5 години и сега, без никаква перспектива во иднината! Очигледно секој си ја живее својата реалност. тие нивната, јас својата. Само после да не се чудат зашто е вмро толку жилава и силна и чии нежни ламентации ја одржуваа и ќе ја одржуваат на власт.
 

Пријателе Волуцио, најмалку

Пријателе Волуцио, најмалку треба да им се верува на професионални политичари, сите се тие наемни чиновници под команда на економскиот маршал - капиталот. А новинарите како Ивор - ротирачки проститутки. Парламентарната демократија им е бордел, затоа и имаат егзалтирачки чувства кон неа. 
Повикувањето на Кандид е сосема во духот на времето кое го живееме. Среќен сум што има луѓе коишто размислуваат со своја глава како тебе Волуцио. Биди ми поздравен.

Драг Иворе, изгледа ти не ме

Драг Иворе,
изгледа ти не ме читаш воопшто што јас пишувам и имплицираш заклучоци од ставови кои не сум ги напишал. Принудното решавање на контрадикциите со мерката бр. 3 - директна електронска демократија на национално ниво - не имплицира автократска доминација на одредена олигархија, туку имплицира укинување на било каква автократска доминација на одредена олигархија, сталеж или аристократија зашто го укинува професионалното политиканство. Значи, директната електронска демократија на национално ниво имплицира буквален диктат од страна на сите граѓани за буџетарските прашања во државата во којашто е воведена оваа демократија. Лажната демократија на ДПМНЕ НЕ е различна од лажната демократија пред 5 години затоа што и во обете лажни демократии: 1. Може да требаат години пред луѓето да можат да ги отповикаат ненародните политичари од власт. 2. Политичарите со полно работно време не делуваат во согласност со истите искуства и интереси како обичните луѓе. и 3. Граѓаните ретко имале збор во парламентарните одлуки коишто влијаеле на нив и животите на нивните семејства. Моите идеи кои ја бранат директната електронска демократија се дијаметрално спротивни на она што го промовираат две лажни демократии на СДСМ и ДПМНЕ. Впрочем ова се аспектите на раководење со државата во рамките на парламентарната демократија со коишто имам проблем и кој проблем го искусуваат обичните луѓе во земјава. Јас сум сосема јасен во однос на раководењето на државата - воведување на директна електронска демократија, за разлика од вас Иворе кој како Гелевски громогласно зборувате за „разбивање на бандата“, а не кажувате ни збор што после таа политичка урнебеска?! Она што како политичко уредување постоело за време на владеењето на теророт било парламентарна демократија, односно законодавна власт, Комитет за јавен спас, односно извршна власт и, судска власт. Но, да ја обелодениме глупавоста на твоето обвинување дека она што јас го застапувам е „граѓанска демократија во духот на Робеспјер“. Жртвите на владеењто на теророт приближно изнесуваат околу 55 000 граѓани. Меѓу луѓето коишто биле осудени од револуционерните трибунали, 72 проценти биле работници и селани поради наводни минимални кривични престапи. Доколку владеењето на теророт, како што претпоставувате вие Иворе, било директна демократија на национално ниво (што ја бранам јас), како е можно овие 72 проценти на работници и селани да донесат самоволно одлука да се егзекутираат самите себеси? Зарем не го гледате своето историско незнаење, покрај незаснованото обвинување против мене, г-дине новинарче? Директната електронска демократија е во духот на класичната атинска демократија, за ваша информација, Иворе. Да, вие ќе останете тука, и професионалното време од утре повторно ќе го трошите на бранење на флоскулата на демократијата пред 5 години и никогаш нема да одговорите што после разбивањето на груевистичката банда, бидејќи паролите ви се единствени аргументи.

Мара, драго ми е што ја

Мара, драго ми е што ја користите формата „вие“. Тоа зборува за одредено џентлменство, макар било формално или само мимикриско. Јас се обидував со вие, но налетав на исмејување пар пати, па се прешалтав на „ти“; си викам, може меѓу помладиве читатели „вие“ делува вештачки?
Кај и да, Мара, вашата аргументација има сериозни дупки. Немаме време сите да ги пополнуваме, па ќе обрнам внимание само на најкрупната: како тоа директната електронска „демократија“ е „подемократична“ (помалку репресивна, олигархиска, авторитарна) од класичнава застапничка демократија?! Такви истражувања нема (преапстрактни се, прешпекулативни), но моето чувство, гледајќи ја сегашнава светска состојба, е дека непосредната електронска гласачка „демократија“ би била хорор! Најпрвин, би била хорор затоа што средствата кои ги формираат претставите (мислите, сликите, убедувањата) на луѓето пак би биле во рацете на олигархии (ко што е сеа; политиката веќе е претворена во адвертајзинг и спин - и без електронската демократија; сегашнава манекенска популистичка и демагошка политика просто хрли во пресрет на новите орвелијански перспективи, по кои вие, Мара, копнеете!). Второ (првото беше, да потсетам, дека строго контролираните реклами ќе го насочуваат прстот на „гласачите“), Мара, ја поедноставувате мошне комплексната (и често мошне деструктивната, ирационалната, воинствената, самоуништувачката) природа на човекот. Ако 30% од електронските гласачи во Русија, Бугарија, Романија (а богами и во „цивилизираната“ колевка на демократијата, Франција) вечерва изгласаат да запалиме на клада пар стотина циганероси во главните европски градови, колку да им дое памет на другите 15-20 миљона цигоси - вие, Мара, ќе ја поддржите таквата „демократија“?! Па зошто да одиме толку далеку: луѓе го гласаа Хитлера! Луѓе (огромно мнозинство луѓе!) го мразеа Рамковниот договор! Огромно мнозинство луѓе, на манипулативно скроено прашање (од разни олигархии, македонски, божем, да речеме, кои се во суштинска контрола на грчки, да речеме), можат да изберат Македонија следниве четири години (или следниве десет години) божем гордо да им се спротиставува на клетите ГРци, дур ја черупаат играчите... Луѓето го гласаа и Милошевиќ, најслободно и со целото срце! Фрлаа цвеќиња на тенковите што одеа кон Вуковар!
Лично, Мара, кон сегашнава западна демократија го имам, више-мање, истиот презир ко што го имате и вие. Има катрљон примери за гнилоста на таа демократија. Но, вие, Мара, немате одговор за таа гнилост. Вашиве коментари главно се ригидни секташки џафкања (слична ригидност имаат заслепените верници, големите „националисти“, сциентолозите, конспиролозите итн.). Би сакале да е поедноставно - ама воопшто не е едноставно.

Гелевски бидејќи сакате да се

Гелевски бидејќи сакате да се исмевате со моето џентлменство, нарекувајќи го формално/мимикриско, ќе ви се обраќам од сега со „ти“.
Ти ја нарекуваш директната електронска демократија хорор само затоа што средствата коишто ги формираат претставите на луѓето пак би биле во раце на олигархиите. Па, добро, читаш ли воопшто што пишувам јас, или како Ивор, имплицираш заклучоци од ставови кои не сум ги кажал? Програмата се состои од три принципи. 1. Бранење на позитивните права на трудот против капиталот (односно плодовите од радикалната монетарна политика). 2. Радикална монетарна политика (укинување на наемниот систем а со тоа и постоење на било каква олигархија) и 3. Директна електронска демократија на национално ниво.
Гелевски, какви глупости дробеш, директната електронска демократија е форма на извршна власт по однос на решавање буџетарски прашања, а не форма на судска јурисдикција.
Луѓето го гласаа Хитлер, исто и Милошевиќ, но ги гласаа во парламентарен систем. А тие можеа да диригираат злосторнички програми само во држава којашто се засновува на централистички принципи. Додека институциите на демократијата предвидуваат сосема различен модел. Во демократија ќе нема влада, премиер, претседател, државен водач. Суверената власт ќе се потпира со народното собрание. Посебни филијали на државата ќе бидат управувани од страна на пороти или службеници извлечени преку случаен избор. Власта нема да тече ни горе, ни долу, туку ќе биде распространета.
А, кога веќе го спомена Милошевиќ, праведно ќе биде да се истакне виновникот за доаѓањето на власт на овој монструм. Виновници не се граѓаните на Србија, Хрватска и Босна, што беа заблудени со националистички чувства, туку креаторите на Милошевиќовиот прототип, Глигоров и Кардељ. Тие беа оние економисти кои тврдеа ширум СФРЈ дека „социјалистичкото стоковно производство“ се разликува од капиталистичкото стоковно производство, поради која деструктивна политичка економија предизвикаа колапс на социјализмот и го скршија вентилот на националистичкиот бродолом. Нивниот пазарен социјализам веќе во 1988-та год. со работничките штрајкови за поголеми плати (преку индиректното оданочување, или обртниот данок, државата го експлоатираше вишокот труд којшто го создаваа работните луѓе на СФРЈ) го покажа своето вистинско грдо лице - капиталистичко. Затоа, другпат размислувај дијалектички, а не да земаш аргумент здраво за готово.
Гелевски, јас имам одговор на гнилоста на парламентарната демократија. Ти го кажав одговорот - директна електронска демократија на национално ниво (не можам овде специјално за тебе да ти ги пишувам нејзините детали, овој дел е резервиран за книга). Но, ти и понатаму го игнорираш моето прашање, како и ротирачката проститутка Ивор, што после разбивањето на груевистичката банда? Твојот презир кон западната демократија е чиста хипокризија штом го игнорираш прашањево што ти го поставувам. А јас сум гнев, гневот на правдата на народот, овие крици на узбуна и бес што ги сметаш за ригидни џавкања се најнаивните и најискрените изрази на омасакреното благородно срце на народот што ја гризат мојата душа!

Мара, погрешно сте го

Мара, погрешно сте го разбрале мојот увод околу џентлменството. Не реков дека вашето пристојно ослововување е мимикриско. Втората реченица е општа, не е насочена кон вас. Зборува дека формалниот тон на пристојност понекогаш е мимикриски. Но ние сеедно прибегнуваме кон него, зашто, па, интимистичкото „ти“ знае да биде опасно вулгарно и брутално. Ради тоа сепак го бирам „вие“, а вие, Мара, како сакате.
Не чувствувам потреба, и простете поради тоа, да водам со вас материјална расправа околу вашиот концепт за вистинска вистинска демократија. Драго ми е што се бавите со такви крупни прашања и искрено ви пожелувам успех на тој план.
За жал, на политички нивоа, но пред се’ на естетски, стилски нивоа, насетувам дека целата ваша творба е дивоградба (дива, импулсивна, афективна, недоволно промислена градба) или кривоградба (волкот прво неа со леснотија ќе ја дувне). Поврзувањето на Милошевиќ со Кардељ и Глигоров е ноторна политичка и историска ступидарија. Поврзувањето на Кардељ и Глигоров е речиси иста толкава ступидарија, оти тие се различни регистри, првиот поседувал неспоредливо поголема моќ и неспоредливо поголем (творечки, политички) простор за дејствување. Глигоров никогаш не бил креатор, иако во одредени периоди неговата политичка моќ била релативно голема.
Југославија е голема и мошне комплексна приказна, Мара. Немате ниту знаење, за жал, ниту доволно широчина (емотивна, интелектуална, политичка) за да влезете посериозно во таа приказна. Вас ве води, пак ќе повторам, површниот фанатизам, не претерано култивираната ригидност, потребата од брзи и лесни одговори.
На крај, вашето поистоветување со исконскиот глас на народот - е дегутантно („најискрените изрази на омасакреното благородно срце на народот што ја гризат мојата душа!“). Со таква патетика и пристрасност некој да атакува на рационално решавање на најкрупните проблеми на човештвото - никоаш не било на арно.
П.С. Што после Груевски? ЕУ - по најитен можен пат, со сите можни компромиси што треба да се направат. Второ: снажно регионално (ре)интегрирање кое ќе ги зајакне локалните институции, од највисоките (парламент, влада, полиција итн.) до регулативните, кои сеа служат за украс (антикорупција, антимонопол, антиолигархија, заштита на човечки права сфатена најшироко, јака јавност итн.). Ете краток одговор што после Груевски. Но, тој краток одговор подразбира децении макотрпна и посветена работа на идејата за демократијата.

Интересно четиво, за темава

Интересно четиво, за темава на која се расправа (Француската револуција, т.е. дали слободата ќе умее да пее ко што за неа пееја нишчите):
http://utrinski.com.mk/?ItemID=F575733E73423C49B00E166C69469F3D

Ако не поради, од моја страна

Ако не поради, од моја страна погрешно сфатеното, формално џентлменство кое го практикувам, како што навидум изјави, ќе продолжам да ти се обраќам со „ти“ поради ступидниот цинизам велејќи дека не си имал потреба со мене да дискутираш околу мојот концепт за вистинска вистинска демократија. Гелевски, демократијата е владеење на обичните граѓани, а парламентаризмот, од друга страна, е владеење на професионални политичари, што уште од Аристотелово време е осуден како аристократија, така што овде не станува збор за концепт на вистинска вистинска демократија, како што цинички го истакна тоа, туку за концепт на демократија.
Поврзувањето на Кардељ и Глигоров не е историска ступидарија, туку историски факт. Во одредени периоди политичката моќ на Глигоров била релативно голема? Немој да зборуваш на памет работи. Од 1947 до 1952 Глигоров имал позиција на помошен министер за финансиско планирање. Во 1962 бил избран за член на ЦК СКЈ. Од 1969 до 1978 бил член на претседателство на ЦК СКЈ. Држејќи ги овие функции, Глигоров има историска одговорност за пропаста на социјализмот, кој во суштина се практикуваше како пазарен социјализам. Посебно затоа што и Глигоров како и Кардељ, обајцата го фаворизираа „социјалистичкото стоковно производство“, кое придонесе за општествено-економски ексцеси. А, сега да видиме зошто Милошевиќ е прототип на Кардељ. Без сомнение Кардељ важел за најголем југословенски идеолог. Барем сите конгресни и други општествени документи се скоро исклучиво негово дело.„Заслуга“ на сите „научници“ и теоретичари од „марксизмот“, „правото“, „економијата“ и „политиката“, како и на сите партиски и државни функционери, е само тоа што тие „едногласно“ и без трошка научна совест, човечка чесност и граѓанска храброст го поддржувале Кардељ во таков случај. Дека со сигурност може да се тврди дека сите партиски и општествени документи се негово дело се гледа од тоа што во неговите дела се пишува само за тоа, што бил тој главен излагач на сите собраниски и конгресни седници во врска со тие документи и што неговите дела и тие документи се потполно идентични. Во Воената енциклопедија за Кардељ е запишано: „Покрај постојаната практична политичка дејност, работи и на теориското истражување од областа на општествениот развој, економската и политичката изградба на социјалистичка Југославија, како и од областа на меѓународното работничко движење и од меѓународните односи... Во трудовите за внатрешниот развој на социјалистичка Југославија... дава теориски и идеолошки толкувања на целиот општествен и демократски механизам кој под раководството на СКЈ се гради и развива во Југославија...“ Ќе го наведам и фактот дека „...заради значајниот Кардељев придонес во развојот на научната мисла во Југославија, посебно од областа на општествените науки, Словенската академија на науките и уметностите го избира во 1949-та година за почесен член, а од 1960-та година е редовен член на Српската академија...“ Значи, би морало да се заклучи дека Кардељ е навистина човек од крупен калибар, барем кога се работи за прашања од идеологијата и политиката. Кога се читаат делата на Кардељ се добива впечаток дека е сè напишано врз основа на студиозно проучување на објективната стварност, длабоко обмислено во смисла на научниот социјализам, односно марксистички и доведено до краен соодветен заклучок. Меѓутоа, не е така. Воопшто немам никаква основа да се сомневам во преданоста на Кардељ кон предметот на социјализмот. Тој ја покажал својата преданост во текот на НОВ со дела. Меѓутоа, во неговата преданост кон револуцијата после војната, токму врз основа на неговиот „теориски придонес“ видлив од неговите дела како и од партиските и општествените основни документи и практично политички мерки, изнесувам не само резерва, туку и вџашеност како можел да си дозволи површност и дури непознавање на марксизмот човекот кој важел во СКЈ како најголем теоретичар. Но, да се држиме за фактите. Првата книга од изборот на делата опфаќа трудови за националното прашање. Во предговорот кон првото издание на „Словенското национално прашање“ Кардељ изнесува тврдење дека со „буржоаските интереси“ не е „засекогаш исцрпена сета содржина на националното прашање“. Со тоа тврдење Кардељ како да си оставил отворена врата за сите денешни настани во поранешните територии на Југославија, кои не е можно да се одвиваат без национален квасец. Меѓутоа, Кардељевата „далековидост“ во овој случај не се објаснува со неговата научност, туку со неговата научна кратковидост. Имено, Кардељ како научник од општествените дејности, не увидел дека југословенското општество не е социјалистичко самоуправно во кое нациите доживуваат најголема афирмација, туку е ситнобуржоаско во кое националните буржоазии го користат секој повод во име на националното прашање да ги остваруваат своите егоистички интереси, кои немаат ништо заедничко со интересите на работните луѓе. Кардељевиот „плураризам на самоуправни интереси“ се преобразувал во победа на буржоазијата и потсмев на народно-ослободителната борба. Сè во името на „националното“ прашање и „националната“ рамноправност. Каква иронија за сите оние кои уште и пеат химни на НОВ и каква ужасна трагедија за сите оние чесни револуционери и интелектуалци кои инстинктивно чувствувале дека нешто не е во ред, а не знаеле што. Како доследен буржоаски идеолог Кардељ и 30 години после оружената победа, кога – по негово убедување – оваа земја е длабоко социјалистичка и самоуправна, тој уште работи на националното прашање. Навистина си пронашол работа со која работничката класа вечно ќе биде лажена и никогаш нема го добие она за што се дадени 1 700 000 жртви во НОВ. Маркс и Енгелс тврдат дека „упорното инсистирање на националноста, кај сите народи, може да се најде уште само кај буржуите и нивните писатели“. А југословенското општество дури по 43 год. било целото во знакот на националното прашање. Тоа само од страната на партиското државно раководство. Работниот народ бил преокупиран со други, егзистенцијални проблеми. А раководствата, како и Кардељ, си пронаоѓале бескорисни работи со кои давале некој привид на сериозност на нивното несериозно егзистирање кое противречи на секоја логика и марксизмот. Тоа што „националното“ прашање се‘ уште го оптеретувало општествениот развој на Југославија покажувало две работи: 1. Дека тоа општество било буржоаско и тоа во почетокот од развојот: буржоазијата се формира и преминува во слој кој почнува да „раководи“ со општеството, а партиското државно раководство го штити овој процес и 2. Дека Кардељ бил ситнобуржоаски идеолог, а не марксист, кој владеел со марксизмот. Во предговорот на второто издание на „Словенското национално прашање“, стр. 49, Кардељ вели: „Националното прашање во Југославија е решено“, а „гаранција за тоа е федеративниот систем и целиот уставен, политички и општествен механизам што им обезбедува на сите народи на Југославија рамноправна положба и самоопределување. Според тоа, ни словенечкото национално прашање во таа принципиелна смисла не постои веќе“. Некои сили на Косово не се сложувале со Кардељевото тврдење за самоопределувањето, но тоа не влегува во ова разгледување. Самата пракса го демантира Кардељ. Прво, требаше да поминат 30 години по оружената победа, па муслиманската нација во БиХ, па и пошироко, да биде признаена, иако таа постоеше истовремено со другите нации во Југославија. А покрај тоа, претходно веќе е речено, и по 43 год. во Југославија се‘ било во знакот на националното прашање. И што е најзанимливо во тоа, сите тие „национални“ каши се подготвувале во кујните на раководителите додека народот бил незаинтересиран. Или народот бил „заинтересиран“ само во толку колку што неговата интелигенција му го натурила проблемот, кој, се разбира, не бил проблем. 
Ти пак лицемерно го игнорираш одговорот на моето прашање што после разбивањето на груевистичката банда? Експертска влада? Или...? Па парламентот и владата служат за украс и во најстарите парламентарни (квази) демократии! Ако широко се сфаќаат човековите права, тогаш мора да се вбројуваат и работничките права, или не? Ако одговорот е позитивен, тогаш работничкото право подразбира и присвојување на целата вредност којашто ја создава трудот. Зарем не ја воочуваш хипокризијата на промовирањето на заштита на човековите права од страна на ЕУ? Што е тоа јака јавност? Онаа што само ќе има неприкосновено право да гласа а да не го има правото да ја употребува власта? Доколку политичарите заеднички одлучат да ги зголемат своите плати, платени од граѓаните, кој ќе ги спречи во твојата европска „демократија“? Дали политичарите во европеизираниот македонски национален парламент, ќе ги одразуваат граѓаните во однос на возраста, полот или класата? Колку често граѓаните ќе имаат збор во одлуките коишто ќе влијаат на нив и нивните семејства?

Вие, Мара, како

Вие, Мара, како социјално-економски апологет (иако за мене лажен), од каде си дозволувате и како воопшто помислувате да ја измерите акцијата на народот, неговото учество во онаа „директна демократија“ или регулирање и се поактиво учество во парламентарната демократија! Кому овде му се препишуваат полубожески квалитети - на народот!? Кој припишува божески квалитети на технократите и олигархијата!? Или фанатичката ригидност, а богами и дрскост, не ви дозволуваат да го мрднете телото на својот ној од утописката земја во која сте ја зариле главата? „Директната електронска демократија“, тоа жално чедо на радикализмот (бидејќи, народот во суштина го водат инстинкти, не разум) ќе не спасува од бремето на олигарсите и квази-парламентарната демократија? Жално е од еден црно-бел ригиден свет фанатички да не водите во еден уште подефинирано црно-бел свет на заблуди. Вашите патетични дијалектички флоскули служат како тенки огревни дрва за брз оган кај исфрустрираните слоеви! Бодат око на олигархиите (секоја чест за опонирањето)... Вие, господине Мара, ни демагогизирате уште еден „спасоносен модел“ на 3 точки за кои би се барале иманентни и есктензивни промени во свеста на било кој народ во светот. Ко да не ве научило црно и белосветското искуство и историја дека народот побрзо ќе се навикне на глад, отколку на промена на социо-економскиот модел на живот... Тоа само упатува дека „електронската директна демократија“ би била еквивалент на предавање на контрола на нуклеарна постројка на обични граѓани. Ко да сте во заштитнички кафез од реалноста околу вас? Или мислите дека „фуријата“ од народна „мудрост“ ќе не избави од Грешниот!?
Вие, господине Мара, ги употребувате најлошите примери на дисквалификација на соговорникот, дефинирани од Шопенхауер и неговата нихилистичка дијалектичност. Секој нареден коментар ваш е се понасилен, понихилистички и посамодоволен. И мојот коментар го приспособив, соодветно на вашите. Викаат - какви трња тебе, такви кактуси ним!

На вулгарниот Вулгар треба да

На вулгарниот Вулгар треба да му се забележи исто така поради неговото историско игноранство. Не се работи за некакво препишување полубожески квалитети на народот од моја страна туку се работи за историски факт кој потекнува уште во античка Атина. Класичната (директна) демократија не само што успешно се практикувала во античка Атина, или собранието Олтинг во Исланд во Средниот век, но исто така успешно се практикуваат некои нејзини принципи во поротниот систем, современите швајцарски кантони и неодамна во канадската провинција Британска Колумбија каде се постави Собрание на Граѓани за Изборна реформа во коешто членовите беа избрани случајно. Секој којшто брани парламентарна демократија препишува божески квалитети на технократите и олигархијата, меѓу нив и вие вулгарен Вулгар, но во случајов како социјално-економски апологет на гнилата социјалдемократија којашто во годините на своето владеење СДСМ ја практикуваше. Вулгар има сомнение на техничката експертиза во специфични прашања, на пример, како што се јавно здравство, технологија и воени работи, додека на друга страна постои она што Протагора го нарече политичка техника, уметноста на политичко расудување. Протагора сметал дека сите биле еднакво надарени со оваа способност. Кога е во прашање да се суди дали една одлука е во нејзин интерес или не, една продавачка од Drumchapel е исто опремена како член на парламентот од Westminster да решава, имајќи во предвид дека ниеден од двајцата немаат какво било значајно специјално техничко знаење. Според тоа, тврдењето на Вулгар дека народот го раководат инстикти а не разум не само што е нонсенс од историско-политички аспект, туку е опскурно, страшно и догматско и сосема на конзервативните позиции коишто ги бранела инквизицијата во Среден век. Глупост е од ваша страна Вулгар да тврдите дека директната електронска демократија на национално ниво е еквивалент на предавање на контрола на нуклеарна постројка на обични граѓани. Вулгаре, за научните прашања нема простор за демократски форум. Директната електронска демократија на национално ниво имплицира право на граѓаните да гласаат за да се оданочуваат себеси и да му доверат буџет на демархискиот совет за да произведе слободни услуги, или тие избираат да купуваат добра, така што во тој случај тие го изгласуваат трудовото време за да ги произведат овие добра. Вие Вулгаре не ми фрливте кактус во раце, туку изгледа се проѕевавте додека го пишувавте „коментаров“, па ништо не сте кажале во суштина, или пак тоа го направивте заради логопедиска вежба како би се спасиле од својот свет на аутист.

Искрено, господине Мара, јас

Искрено, господине Мара, јас се прозевав од тафтологиите кои ги редите како конвеер за производство на „ништо“. Секој почеток и секој крај на вашите коментари имаат класичен унизителен контекст за соговорникот, а, драги мои, да не зборуваме за лепењето етикети за припаѓање на било каде, социјалдемократија, демократски социјализам, бла бла бла...
Бедно, многу, многу бедно!
На човештвото не му „ставив крст“ за примената на директната демократија - ама вие, господине Мара, во класичен функционалистичен стил на утопискиот кафез во кој се наоѓате, приоѓате кон секоја од многуте цивилизации на ист принцип со исти мери и исти аршини! Толку инфантилно, толку бедно! Ко да спомнав дека никогаш не функционирала и никогаш нема да функционира таков вид на демократија! Бедно, бљак, бљак и уште еднаш - бљак! Ако функционира твоето слово од име на областа во која се наоѓаш - уште повеќе ми се гади од твојот погрешно лоциран алтруизам! „Спознај се себеси“ звучи самодоволно во твојот случај, но далеку си од спознавањето на другите, на „човекот“ во контекст на народецов.
А Протагора - агностички апологет, ми го наведуваш како контрааргумент!!! Беда! Диференцијалната и релативната дијалектика која ја практикувал наспрема сопствениот суд дека човека е се, дека самиот е мерило на се - како што гласи и неговата девиза - бедно, контрадикторно и, пред се, многу излитен избор за контракритика. Ако релативист може да каже дека „политичка техника, уметноста на политичко расудување“ е својство на секој!!! - тоа е лицемерие во големина на небесно тело! Плус, да не наговестувам дека неговиот трактат „Против научниците“ е во тотална дијаметралност од неговите рани учења.
Дури самиот Протагора доаѓа до заклучок дека две спротивни мислења за нештата или процесите, соодветно, заклучил дека „се е вистина“. А како, вие, драг Мара, ќе ги убедите луѓето, врз основа на Протагоровата хипокризија, дека имено вие сте право!? Врз основа на релативизмот!? Ништо чудно што се фаќате за ваков еристичар, човек кој per fas et ne fas се обидува да дојде до вистината! БЕДА!!! Со сите дозволиви и недозволиви методи за доаѓање до вистината се одликувате вие, господине Мара! Вие сте еден „мислител“ кој функционира врз база на апликабилна и лесно модификувачка демагогија! Per fas et ne fas е идеален метод - нели!? Подобно на софистите!
„тврдењето на Вулгар дека народот го раководат инстикти а не разум не само што е нонсенс од историско-политички аспект, туку е опскурно, страшно и догматско и сосема на конзервативните позиции коишто ги бранела инквизицијата во Среден век“ - е класичен модел на апликативна демагогија според софистите! Место ко примерот на Протагора да ми наредиш факт, факт, факт и да ми плеснеш в лице тврдење базирано врз основа на факти, ти се реши да ме компарираш безобразно со Инквизицијата! Беда!
Веројатно, господине Мара, вашето искуство со народот е крајно позитивно! Веројатно тоа е затоа што сте вашите пријатели ги повикувате во вашиот утописки кафез и заедно до недоглед доживувате ментални мастурбации до изгрејсонце!
Викаат, секој зборува базирано врз своето животно искуство! Моето е дијаметрално спротивно на вашето! Веројатно затоа што сум увидел дека човекот е крајно непредвидливо, зависливо, во голема мера - самоубистливо и злобно суштество, во огромна мера неспособно да погледне подалеку од она „сензорното“ што Протагора го проповеда! Затоа е релативен! И вие, господине Мара, сте релативни со 3-те точки во служба на „целото човештво“.

„Спектакуљар“ за

„Спектакуљар“ за односот народецот во реалноста, пренесено од, за мене, дегутантниот и одвартен Букаро........
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DF56FBD9A2ECA0488391723E164CFB02

Вулгаре, изгледате дека вие

Вулгаре, изгледате дека вие навистина страдате од аутизам. Кој е заробен во утопистички кафез ако не вие и авторот на колумнава, кој вие, очигледно, го поддржувате во делот каде што тврди дека пред 5 години во државата се живеело подобро, алудирајќи авторот на времето на владеењето на СДСМ. Меѓутоа, тоа што го браните со авторот е догма, партиска догма, затоа што ако во СДСМ навистина постоело чувство за социјалдемократија, немало така драстично да ги кратат работничките права на граѓаните во работен однос, а потоа заедно со Ивор и Коља сакате да солите памет во државава дека ДПМНЕ катастрофално потфрлила во доменот на човекови права. Ете, тоа е бедотија и лицемерие од висок ранг! Добро би било кога би можеле да ги „етикетираме“ Ивор и Коља како социјалдемократи, но, за жал, тие се гнили социјалдемократи.
Што се однесува до ставот на Питагора, дека сите биле еднакво надарени со уметноста на политичко расудување, е сосема валиден. На телевизиските програми рутински се покануваат случајно одбрани слушатели за да ги прашуваат политичарите. На овие програми публиката се покажува далеку понемилосрдна кон политичарите отколку медиокритетските новинари кои нормално ги испитуваат нив. Требало обична жена од дното да ја принуди Тачер да се брани во врска со потонувањето на аргентинскиот воен брод, Белграно. Затоа и не треба да постои сомневање во способноста на народот да донесе важни политички одлуки после таква расправа. Систем на демократска контрола над сите јавни тела би значело дека во некое време во своите животи граѓаните би очекувале да бидат повикани да служат во некој вид совет. Не секој би служел во национални совети, но би можело да се очекува да се мора да се служи во некој училиштен совет, локален здравствен совет или совет на работно место. Ако луѓето учествуваат непосредно во управувањето на државата, ние нема да видиме цинизам и апатија, коишто го карактеризираат типичниот современ гласач.

Директната електронска демократија на национално ниво не предвидува нејзини носители коишто ќе бидат „политички пророци“, туку тие да гласаат за да се оданочуваат себеси и да му доверат буџет на демархискиот совет за да произведе слободни услуги.
Ментална мастурбација на својот ум е да ме убедуваш дека парламентарната демократија дека ја компензира непредвидливоста на злобните граѓани. Напротив, професионалните политичари се оние коишто се непредвидливи и злобни. Политичарите, трагајќи по кариери и привилегии, нема да поддржат никакви предлози, коишто се закануваат на нивните интереси. Спонзорството и непотизмот го влошуваат нивното претставништво дополнително.  Кога се соочени со барања за референдуми, политичарите често го откриваат својот презир кон волјата на луѓето за кои тврдат дека служат. Без обѕир колку добри намери имаат политичките партии и кандидати во почетокот, нивната основна цел е да победат и да ја одржат власта, во најлош случај за привилегија. 3-те точки од програмата којашто ја нудам имплицираат пломбирање на овие гадотии на парламентарната демократија. А, вие, што му нудите на сиромашниот народ со парламентарната демократија, освен гнили софистички јаболка?

Господине Мара, речиси

Господине Мара, речиси целосно погодив каков ќе биде вашиот дистанциран коментар по значење.
Ми ставате ставови за компарации кои не сум ги направил, нити сакам да ги правам.
Ми ставате еден-двајца граѓани (политички активни и писмени) и ја пренесувате нивната дејност како генерализација врз целото човештво!
И за крај, целосно очекувано, после генералните бладања, се обидувате да изнудите од мене став, за да потоа како лешинар почнете стихче по стихче да го колвате, без разлика дали е супериорен или инфериорен како став.
Предвидливо и веќе видено, господине Мара! Вам ви фали зрелост, но и мудрост. До зрелоста можеби и нема да дојдете, како и многумина, но до мудроста доаѓате со времето и неговиот суд и искуство.

Немојте да ми зборувате вие

Немојте да ми зборувате вие мене за мудрост, кога истовремено заедно со Рокси, Ивор и Коља го заблудувате народот со тоа што му нудите веќе пробана ороспија. Што тоа се толку попаметни професионалните политичари од граѓаните како збир? Немаат ниту техничко знаење, ниту пак совест. Напротив, оној кој им доверува мудрост од општа корист на професионалните политичари, прави генерализација и со тоа ги прави граѓаните уште повеќе цинични и апатични, со еден збор аполитични. Не бидете лицемерен и кажете што му нудите на сиромашниот народ со парламентарната демократија?

Ете, имено ве предупредив во

Ете, имено ве предупредив во претходниот коментар за вашата „мудросна“ незрелост, господине Мара.
Од изнудување на став, сега насилно ставате ставови и зборови нескажани од соговорникот. Не бидете бедни, господине Мара. Одете и лечете ја вашата црно-бела инфантилност, ве молам, господине Мара! Се плашам, дека вашата „совест“ аплицирана во реална власт, би се реализирала еднакво инфантилно и примитивно како начинот на кој не презентирате „сочност“ при дебатирањето, туку вртите една иста воденица постојано, без вода!
Не, господине Мара, јас нема да ви давам мои ставови. Нема да подлегнам на вашите дегутантни скрибирања и изнудувања. Не во место каде вие го запаливте оганот, јас таму нема да ги фрлам своите слова во вашиот пламен.

Никој не изнудува од вас став

Никој не изнудува од вас став Вулгаре. Вистината и кога не може да се брани таа стои исправено! Вие бевте оние кои во еден претходен коментар ми велевте дела сум „далеку од спознавањето на другите, на „човекот“ во контекст на народецов“. Но, што тоа се толку попаметни професионалните политичари од граѓаните како збир? Немаат ниту техничко знаење, ниту пак совест. Ако некој овде е беден, тоа сте вие Вулгаре. Вашата полуидиотска елоквентност, во која преовладува еклектичност, го раѓа нашиот бело-црн свет на СДСМ и ДПМНЕ, и затоа не ја разбирате власта единствено во рамки на парламентаризмот, па дури и дрско се осудувате да ми импутирате реализација на мојата совест во примитивизам. Како ли тоа мојата совест не е научна, туку инфантилна, кога сфаќам дека потребата од слобода за граѓаните најшироко може да се задоволи само низ директниот електронски глас, не разбирам, можеби затоа што ја немам моќта на вашата „мудрост“.
Огнот го запали Мицковски, но тоа е несреќен оган. Народот многупати си ја изгоре душата во него. Мојот оган е Прометејски. Поради тоа вие и не се осудувате, поточно, немате храброст да ги фрлете вашите слова во мојот оган, кои, иако еднакво тешки по својата клеветничка маса како камења, пукаат и се атомизираат безгласно. Вашите слова Вулгаре се еротомански догми за телешките мозоци од бело-црниот свет на СДСМ и ДПМНЕ. 

* Наместо: „и затоа не

* Наместо: „и затоа не ја разбирате власта единствено во рамки на парламентаризмот“, треба да стои: „и затоа ја разбирате власта единствено во рамки на парламентаризмот“.

Мара, ја правите класичната

Мара, ја правите класичната аматерска грешка: со паметта од денес судите за постапките на историските личности. Тоа е апсолутно недозволиво! Кардељ не може, ни во најслободните интерпретации (освен кај некои залудени националисти), да биде прогласен за клучна фигура на распадот на СФРЈ. Точно е, имаше разни противречни тенденции во југословенското комунистичко водство (те е решено те не е решено националното прашање, државата те умира те не умира - тука, Мара, имате право; и самиот Кардељ е пример за таа расчереченост на комунистите меѓу нацијата и космополитската идеологија).

Факт е дека комунистите извојуваа величествена победа над фашистите. Таа победа, меѓу другото, значеше и национална еманципација. Второ, многу важно, стопанскиот развој на СФРЈ, особено од 1945 до 1965, беше фрапантен: просечната стапка на раст во тој период изнесуваше над 15% годишно. Од една селска, сосема неразвиена земја комунистите создадоа релативно респектибилна стопанска и културна сила. Така што, баљезгариите за Кардељ-буржујот што го лажел работничко-селскиот народ се - бладања. Неписмениот народ симнат од планини влезе во своите фиќовци, во своите станови на кредит, во своите одмаралишта на море... Колку за споредба, ЈУгославија во седумдесеттите и осумдесеттите години во најмала рака беше на нивото на развој на Шпанија, ГРција, Португалија... Денес Грција е поразвиена од Македонија или Србија барем десет пати (грчкиот БДП изнесува над 150 милијарди евра; македонскиот 5 милијарди; Грците само во домашните банки имаат заштеда од речиси 300 милијарди евра; Македонците да ги истресеш сосе душеци нема да испаднат повеќе од 2 милијарди евра; а притоа голем дел од Македонците мислат дека Грција еве кај и да е пропадната гнила јаболка на глупиот капитализам).

Југославија, комплет со Кардељ и Глигоров, беше неспоредливо посериозна земја од сегашниве мизерни протекторати и сателити. Самоуправувањето на Кардељ е стара (утопистичка?!) левичарска идеја, во разни форми претходно испитувана во ШПанија, Германија, Скандинавија... Ми се чини дека еден од поттиците за тие, од сегашен агол гледано, екстравагантни проекти (самоуправувањето) беше токму стравот од национализмот како клучна народна енергија. Згмечени меѓу вечно потпалениот национализам и идеалистичките идеи за подобар и поправеден свет (кои денес одново искрснуваат) комунистите ја сјебаа СФРЈ.

И покрај се’, велам, ЈУгославија е мошне комплексна приказна, која во некакви форми сеуште трае. Вашиот поглед, Мара, повторувам, е ловење бабароги, максимално поедноставување и вулгаризирање на релативно поновата историја.

Ви дадов, Мара, јасни одговори што после Груевски. Но, вашиот фанатизам не ви дава да застанете: ЕУ е за курац, та треба да се преиспита. Идите да се пријавите кај Тодор Петров или Ѓоле Иванов за советничко место. Со такви шарлатански идеи (нас, Руса и Белоруса - триста милиона:) само во геополитичкиот вмро труст на пилешки мозоци можете да стигнете, Мара.

Кардељ ако имал памет на

Кардељ ако имал памет на марксист поинаку ќе го разгледувал националното прашање, но бидејќи немал таков памет, тоа не го сторил, па апсолутно ми е дозволиво да ја истакнам неговата историска одговорност по националното прашање. А, јас си го кажав своето мнение во претходниот коментар. На крајот и самиот призна историска одговорност кај Кардељ по однос на националното прашање, иако претходно негираше некаква поврзаност на овој човек со подоцнежниот националистички бродолом којшто ја затекна СФРЈ. Но, негираше пред да ти одговорам на провокацијата како тоа јас не сум имал историски познавања на СФРЈ (а имам прочитано томови дела на Кардељ, вклучувајќи го и томот за национални прашања, и имам цела книга во ракопис против политичката економија којашто ја промовираше Кардељ).
Слична приказна на стопански развој со СФРЈ имал и СССР, но што се случило со убавата приказна и како всушност произлезе Кардељ да бил буржуј а не марксист, кој ги измамил очекувањата на работниците? Во главите на југословенските економисти, социјалистичкото стопанство во педесеттите години требаше да биде диригирано централистички од страна на државата и планските институции, шеесеттите – пазарно регулирано, седумдесеттите – договорно, да би, на крајот потполната идеолошка капитулација на бирократијата нашла свој израз во вид на тези за мешовито стопанство и потполно враќање во капитализам. Бесмисленоста на тврдењето дека таквите теориски скокови биле израз на логичните фази во ,,градењето на социјализмот‘‘ и во склад со промените во нивото на развојот на производните снаги во земјата, која со децении служеше да ја оправда секоја нова непостојаност или потполна контрадикторност на новата теорија во однос на претходната, покажува самиот факт дека последниот елемент на тој ,,логичен след‘‘ е заложба за реставрација на капитализмот. Од марксистичка гледна точка, односно гледна точка на научниот социјализам – содржан само во Маркс-Енгелсовите дела, понатаму МЕД – капитализмот е реставриран штом е воведено стоковно производство. Во втората половина на педесеттите години, привидно парадоксално, се‘ поголемо значение добиваше тезата дека стоковното производство не е некомпатибилно со социјализмот и на крај се разви во тврдење дека стоковното производство е неопходно во социјализмот. Само навидум парадоксално, бидејќи тоа беше нужно предизвикано со бирократизацијата. Тезата за нужноста на стоковното производство во социјализмот наскоро прераснува во фундаментална премиса на која се базира целокупната домашна економска теорија во шеесеттите години. На тврдењето дека од вистинските текови на југословенскиот развој може да се извлече основниот однос на социјалистичкото стоковно производство се базира целокупната понатамошна теориска конструкција. И целата конструкција паѓа во вода, бидејќи тоа тврдење е погрешно. Како што се испостави неколку децении подоцна, тој ,,вистински тек‘‘ на југословенското стопанство заврши со реставрација на капитализмот. A реставрацијата на капитализмот во Југославија беше извршена веднаш по војната со обновувањето на стоковното стопанисување. Идеолошка и псевдонаучна поддршка на истото беше дадена на VII-от Конгрес на СКЈ, одржан во Љубљана во април 1958 год., кога конгресот зазема став: ,,Стоковниот карактер на стопанството е израз на сегашниот степен на развиеност на производните снаги’’. Значи, капитализмот се реставрира веднаш со враќањето на стоковно-паричното работење, а не по одлука на некое лице или форум. Сегашната ,,реставрација‘‘ е само формално признавање на поранешната суштинска реставрација извршена уште 1945 година. Самоуправувањето на Кардељ не само што беше утопистичко поради тоа што се засновуваше на стоковно производство, туку и анти-левичарска идеја.
Не, не ми даде концизен одговор на моето прашање што откако ќе ја разбиеме груевистичката банда? Која политичка структура најбрзо ќе ги спроведе неопходните реформи како би го забрзале зачленувањето на државата во ЕУ? Дали тоа ќе биде некоја експертска влада, или пак, целисходноста на твоите колумни се сведува на тоа СДСМ да дојде на власт. Со обѕир на тоа дека Геровски, тој интригант, продолжена рака на Црвенковски и богаташ од пишување памфлети против власта, е дел од ГЕМ, не се сомневам дека таква е твојата целисходност. Па, колкупати беше СДСМ досега на власт? И зошто сега му е потребна власта?! Да продолжи како и порано, како и владеачите сега, да го лаже народот. Да, европски граѓанине Никола, твоите „заложби“ се сведуваат на тоа.

Кардељ е еден од клучните

Кардељ е еден од клучните творци на конфедералниот устав на СФРЈ од 1974 година. За разлика од српските националисти (кои 15 години подоцна земјата ја задушија во крв), тој устав го сметам за пророчки и за потенцијален спас на СФРЈ како конфедерална творба. Да не победеа вечните сељаци (според историските толкувања на Латинка Перовиќ) предводени од балканскиот касап и примитивните антизападњачки јна генерали - СФРЈ во 1990 моеше да биде член на ЕЕЗ и денес да бидеме на „мизерното капиталистичко ниво“ (според Мара) на кое се наоѓаат Ирска, Шпанија, Португалија итн.

Мара! Работниците и селаните во ЕУ не се десет пати поразвиени (и позаштитени, во секоја смисла) од мк работниците и селаните, туку повеќе и од тоа! Таа Македонија ја сакам после Груевски! Но, повторувам, таа Македонија нема да ја донесе само падот на вмро, само добрата волја на ЕУ и нашата и албанската пасивност („е, ко за ваш кејф, нема да се испоколеме, бар не дур не не’ примите!“). За таа цел богами ќе треба да се рмбачи прилично години. А не да се чека волшебниот рулет на Мара-Доктор Балтазар од кој испаѓаат совршени општествени системи дур си кажал пиксла... Мара! Дури и над масата на Пајо Паторот (уште еден цртан филм) стои потсетувањето: МИСЛИ!

Европеецот Никола Гелевски

Европеецот Никола Гелевски сакал благосостојба за работниците и селаните во Македонија каква што имаат тие во ЕУ. Таква Македонија сакал Европеецот Гелевски - после Груевски! Добро е што ова го истакнува Европеецот Гелевски, но би било праведно да каже која политичка структура ќе создаде макроекономски услови за Европска благосостојба на работниците во нашата држава? Ако тоа е гнилиот СДСМ, тогаш Гелевски ги лаже македонските работници, но се лаже и себеси (иако сметам дека повеќе намерно ги лаже другите околу себе) баш поради гнилоста на социјалдемократијата во СДСМ! А да не произлезе дека зборувам работи на памет, од делото „Обезвреднување на трудот“ кое се издаде годинава ќе наведам податоци како низ законска регулатива драстично, и гледано збирно, европските социјалдемократи од СДСМ ги намалија правата на работниците во годините на своето владеење: 

• 1993: укинување на обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи (Закон за работни односи);
• 1993 и 2005: намалување на времетраењето за коешто отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец (Закон за работни односи);
• 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006: драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност);
• 1995: воведување можност за отказ без отказен рок (Закон за работни односи);
• 1995: намалување на должината на отказниот рок (Закон за работни односи);
• 1997, 2003 и 2005: намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок (Закон за работни односи);
• 1998: воведување на можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство (Закон за работни односи);
• 1998: овозможување со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор (Закон за работни односи);
• 1998 и 2005: воведување и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок (Закон за работни односи);
• 1998: укинување на судската заштита при прогласувањето технолошки вишок (Закон за работни односи);
• 2003 и 2005: пролонгирање на времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време (Закон за работни односи);
• 2004: оневозможување лицата кои го прекинале работен однос по своја волја да ги остваруваат правата што се добиваат со стекнувањето на статусот невработено лице (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност);
• 2004: укинување на одредбите со кои се регулира правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва и друштвата во државна сопственост со што фактички е оневозможено остварувањето на ова право (Закон за трговските друштва);
• 2004 и 2006: воведување, а потоа укинување на одредбата за задолжително вклучување на претставник на вработените лица кај должникот во одборот на доверителите при стечајна постапка (Закон за стечај);
• 2005: воведување на можност за забрана на дејствување на синдикат (Закон за работни односи);
• 2005: значително отежнување на остварувањето на правото на штрајк (организатор може да е само синдикат, можност за отказ за време на штрајк, можност за судска забрана на штрајкот со право на надомест на штета на работодавецот итн.) (Закон за работни односи);
• 2005: намалување на средствата кои се издвојуваат за вработување на инвалидните лица (Закон за вработување на инвалидни лица);
• 2006: укинување на можноста за жалба по престанок на договорот за вработување при отворање на стечајната постапка (Закон за стечај);
• 2006: укинување на правото на основање Совет на вработените и учеството на претставници на работниците во Управниот одбор на јавното претпријатие (Закон за јавни претпријатија).

Nekoi novi Slovenci, posle

Hi до оние горе првите

Hi до оние горе првите коментари.
Интересно е тоа како на сите прво она што им падна во очи и ги зашемети е реченицата “Порано подобро се живееше...“ за да понатаму не се во состојба да го прочитаат текстот на раат и да ја видат покомплетно целата слика која ја нуди авторот.
За мене таа спорна афирмативна реченица е некакво лично убедување на авторот а можеби и провокација па да се види колку муви ќе се залепат баш за тоа.
Од сегашен агол, од оваа точка, дури може да се тврди дека порано подобро се живеело(под другиве влади).
Мара, јас не знам кој може да ја чита. Мара е теоретичар и останува само на тоа, обичен библио- молец. Тотално отсечен од реалноста што не е проблем меѓутоа сега сме многу далеку од остварување на некаква социо идила.

Благодарност до Вулгар кој ги

Благодарност до Вулгар кој ги смести работите на свое место. 
Ве поздравувам со песната "Izbori su pojava u kojoj gomila nekompetentnih bira šačicu korumpiranih"
 

За будал народ Рокси не е

За будал народ Рокси не е таксират, туку благослов...

Како што кажа Савески во

Како што кажа Савески во Битола на промоцијата на Обезвреднување на трудот, проблемот е системски, идентично и во случајот со изборот на претставници во парламентот. Кој ги заблудува граѓаните ако не разни будали како Рокси, Ивор и Коља, затоа и тие се нивни благослов, се разбира, во негативна смисла. Рокси го фали текстот на Ивор во којшто зборува за вмровски сталеж, а не увидува дека сите други политички партии во парламентот се преобразија во сталежи. Како граѓаните можеа да предвидат дека СДСМ и ДПМНЕ за време на нивното владеење ќе ги кратеа така драстично, гледано кумулативно, правата што се однесуваат на нив како работници, и како можеа да ги спречат тие кратења во парламентарен систем? Никако. Коља се декларира себеси како анархист, како што прочитав во едно интервју со Букарски, а од друга страна истиот тој анархист Коља изјавува дека Радмила Шеќеринска од СДСМ може да го управува неговото кормило во насока на современа левица, наместо да ја критикува со „исклучителен револуционерно-критички импулс“ (А. Станковски за Коља) поради тоа што не кренала глас против намалувањето на работничките права низ законски регулативи потстрекнати од тогашвладеачкиот СДСМ. Оној што апстинира да ја кажува вистината во позиција кога може да ја каже врши големо злосторство против граѓаните, во нашиот случај, анархистот Коља против работниците. И кој сега во суштина ги прави граѓаните некомпетентни поради што бираат корумпирани претставници во националниот парламент? Па, хипокрити како Рокси, Ивор и Коља. Затоа за заблуден народ, тие не се таксират, туку благослов, за жал.

Би сакал да ви препорачам, на

Би сакал да ви препорачам, на учесниците во коментирањево, посебно на Мара, еден сjаен роман од Џ. М. Куци (J. M. Coetzee), „Мајсторот од Петерсбург“. Меѓу другото, тема на романот е и револуцијата. Има неколку генијални поглавја кајшто (во имагинацијата на Куци:) разговараат Достоевски и Нечаев. Поглавјето 15, „Подрум“, е просто антологиско и може да се потрудиме да го преведеме и на Окно.

П.С. Мара, не би сакал да ги игнорирам вашата аргументација и трудот, но навистина сте исклучително напорен. Башка, почнавте со вообичаените етикети и навреди, кои не би биле проблем (секоаш се доаѓа до нив, што и да правиме:) да имавте макар нијанса повеќе чувство за сопствената позиција (кршлива, ко и сите други), а богами и чувство за хумор.

Можеби, Мара, сепак треба (ма не, се разбира, не треба!, но ај) да одговорам на вечните (вмро) етикети кон мене како кон „близок до СДСМ“. Не сум. Ниту кога било сум бил. Девеесеттите ги памтам ко мрачни години. 2002-2006 ко период на мртво море, тотална општествена укоченост. Но, еве, ко што стареам, сфаќам дека да ги мразиш сите комплет, со подеднаква жестина, немилосрдно, можеби значи дека омразата поприлично завладеала со тебе?!

Јасна ми е политичката агенда за оваа земја следниве барем десет години; воопшто не е битно дал ќе ја спроведуваат СДСМ или ВМРО или некои трети. И никој не би требало да стои отстрана. Пак повторувам: јака и независна граѓанска и културна сцена, јаки синдикати, респектибилни независни регулативни тела, атмосфера на слобода, толеранција и незаплашување...

Многу работа има, на разни подрачја. Не се само ВМРО и СДСМ. Токму не работејќи ги другите подрачја, ние само ја запечатуваме онаа „стварност“ кајшто постојат само СДСМ и ВМРО.

П.П.С.

Од друга страна, во моментов апсолутно сум на страната на СДСМ и на секоја потенцијална сила која може да придонесе чудовишниот груевизам за вјеки вјеков да исчезне од политичката сцена на Македонија!

Гелевски, ти си блудница!

Гелевски, ти си блудница!

Баш за тоа зборат Нечаев и

Баш за тоа зборат Нечаев и Достоевски, кај Куци, кој е блудник/блудница...

Мара, ви даам домашна по уметност оти што и да правите, особено во пишувањето, ќе ви треба многу повеќе шлиф, стил, елеганција... Сеа, Мара, покажувате импозантни дози на просташтво, на вулгарност... Од миљонте навреди што можевте да ми ги упатите, вие ја одбравте баш таа сељачка, груба, шовинистичка, парохијално-патријархална: блудница (што бара тука женскиот род?!)...

Баш деновиве ја глеам сјајната серија Mad men. И баш се навлеков. Еве совет (прастар, но многу важен) и од таму: мисли на креативниот проблем, што подлабоко моеш; после тоа заборави го, иди на ручек иди на пиво... и во еден момент решението ќе искрсне. Значи, не се опседнувај, не биди фаталист... Исто така, аналогиите се непроценливи. Ради тоа е потребно ширење на перспективите, потребна е уметност во теоријата, потребна е теорија или историја во адвертајзингот... Итн.

Значи, јас сум блудник? Јас,

Значи, јас сум блудник? Јас, кој што го зедов никот Мара од Жан-Пол Мара, памфлетист и револуционер кој неуморно скоро 22 часа во денот ги бранел правата на санкилотите, не без разлог, туку поради тоа што силно во себе верувам дека ми е судбоносно име, јас којшто пишувам стихотворби за маките на шивачките и ги видов нивните маки како средношколец, јас кој страдам и плачам после секоја вест за смрт на некоја од нив како да ја оплакувам мајка си, јас кој како тинејџер не уживав во сексот и ноќните забави, јас кој идеите ги имав и ги имам за пријатели најмногу во денот, сум осуден како блудница? Јас сум таа блудница кој го нарекоа страдалникот Вертер распнат меѓу две неостварени љубови - музината и онаа на шивачките?

 Ако тоа е така, не си

 Ако тоа е така, не си блудник - туку патетичен. Има разлика. Зошто да бидеш Мара? Не биди Мара. Биди тој кој си. Мара е мртов со векови, и не е здраво од себе да правиш домаќин за неговите идеи кои (можеби) те јавнале тебе како паразит.

После вакво финале, неизбежен

После вакво финале, неизбежен е за вас, господине Мара, ваков вид на фатализам, ваков мизерен погрешно лоциран антагонизам меѓу лучноста и општеството.
И сега, како ѕверка лишена од своите нозе за бег, носите овде личностна патетика!?
Дали вие, господине Мара, вашата биопсихосоцијална природа неминовно ја дееволуирате до нејзината био-компонента, плачете за вашата фатално изгубена самоидентификација, и тргнувате во мизерна идентификација со човекот се стремел кон укинување на „провидноста“ на политиката, со апсолутизмот и тајноста, само за на крај тој самиот си ги присвои себеси. Меѓутоа, вие, господине Мара, автоматски значи дека го прифаќате неговиот театрален и безапелационен стил во разобличувањето на заговорите, во бројот на учесниците во тие заговори, и на крај, во жестокоста на казнувањето. Што се однесува генерално, Мара останува човек на старото време со неговите методи за искоренување на злото. Ако вие се идентификувате со човекот кој повикувал своите читатели да ги бијат непријателите на татковината со камења, да ги сечат со ножеви, да ги стрелаат, да ги бесат, да ги ставаат на колец, да ги палат, а, ако не можат тоа да го направат - да им ги сечат ушите или да им го сечат показалецот, за да подоцна лесно бидат препознаени - ми се гадите, господине Мара! Вашето патетично емотивно блуење ми предизвикува интелектуално блуење мене!
Вие, господине Мара, како и Жан-Пол Мара, сте човек од зборот - не од делото, вие сте обвинител - не теоретичар. Сметате дека вашите идеи, се идеи на вашето време.
Меѓутоа, едно ви признавам. Кај вас доминираат две основни теми кои доминираале и во дискурсот на Мара: нескршливоста на деспотизмот и довербата во народот, што, господине Мара, ви дава, иако мала, врска со идеите на Макијавели. Но ниту една од концепциите на Мара не се негови, не се оригинални. Тој ги без ни малку срам ги украл од „Размислите за причините на величието и падот на римјаните“ од Монтескје. Вие, господине Мара, може да горите душевно при овие зборови, може да посакате да напишете уште стотици празни редови на овие дигитални простори, но вистината секогаш боди во очи, господине Мара!
Уште посрамно, господине Мара, е моментот на синхронизирање на идеите на Мара со оние на Макијавели - дека власта секогаш се добива со сила и со итрост, а со тоа, истата не може да биде зачувана, освен со помош на сила и итрост. Ако подобро видите, господине Мара, ќе видите дека истата концепција постои и кај Монтескје, но кај него се дава во контекст на решавање на проблемот во спој со државните институции.
Според мислењето на Мара, легитимноста на власта, независно од тоа дали лежи во нејзината основа наследственоста или народното гласање, ниту државното устројство - не се способни за давање на никаква гаранција за безбедност. Ете овде, господине Мара, се состои и фундаментот на вашиот „црно-бел“ свет. Заговорниците, од една страна (љубимците на деспототите) и народот (следителот на маратовиот глас за палење и бесење).
Господине Мара, ве молам, спасете не од вакви мизерни испади и присоберете си го вашиот интелектуален арсенал пред воопшто да се дрзнете да напишете неколку реда овде. Жал ми е да гледам како поради гнев пропаѓа интелектот (без разлика зол или добар бил).

Вие Вулгар барате јас да ве

Вие Вулгар барате јас да ве спасам од сопствените „мизерни испади“ а не гледате дека Коља сака да го искорени груевизмот со тоа што ќе се врати во извршна власт трулата социјалдемократија на СДСМ, којашто правата на луѓето во државата ги редуцира на мизерно ниво? Мојот испад е крик на правдата на народот, да му се вратат одземените права, додека вие сте еднакви убијци со властодршците, бидејќи ја премолчувате оваа вистина за неговата угнетеност. Според тоа, вашиот интелект е злобен, независно дали сте свесни за тоа или не сте, или дали сте платен или неплатен апологет.
Жан-Пол Мара во своето време меѓу своите монтањарски современици бил најрадикален демократ. Мара бил единствениот кој кренал глас против злосторството извршено во Нанси каде бунтот на војниците спрема аристократските офицери бил крваво задушен од гарнизоните на соседните градови, но во кое задушување било омасакрено исто така и градското население. Мара кренал глас против задушувањето на бунтовите на црнечкото население во француските колонии. Мара гласно го поддржал воведувањето максимум за цените на основните продукти како би се избегнало гладување на сиромашните работници. Мара барал Уставотворното собрание да се измени на тој начин што да стане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал право за бирачите да можат на своите претставници да им даваат одредени наредби и да можат да ги отповикуваат доколку не постапуваат според барањата на народот. Во негово време, како претставник на ситнокапиталистичката класа, размислувал далеку напред пред своите современици. Гледано од денешна перспектива, гаранција за безбедност и благосостојба на народот е да се уништат заговорниците како Геровски и Гелевски, тие љубимци на деспотот Црвенковски, не преку повикување на народот за нивно бесење и палење, како што обвинувате вие Вулгар, туку преку воведување директна електронска демократија на национално ниво, и со тоа, укинување на професионалното политиканство. Ова е најсигурниот вентил за сите метаморфози на заговорници и деспоти во ликот на Геровски, Гелевски и Црвенковски, и слични харпии (значи, скршлив е нивниот деспотизам и довербата во народот е осигурена), за разлика од алтернативата на лицемерниот Гелевски дека злобата ќе се уништи со помала злоба, т.е. замена на груевизмот со трулиот социјалдемократизам.
Во време на таква жестока и бескомпромисна класна војна помеѓу двата антагонизирани општествено-економски системи, феудализмот и капитализмот, придобивката од Француската револуција од 1789 можела да се сочува од надворешниот и внатрешниот непријател единствено преку примена на сила и политичка итрост. Да не заборавиме на фактот дека до декември 1793 младата Република била буквално приклештена во виорот на феудалистичките интервенционистички војски на Англија, Шпанија, Австрија, Пруска и Италија, а овие кралства биле решени отаде огромни човечки и материјални загуби да ја победат републиканската капиталистичка „зараза“.
Жан-Пол Мара бил оригинален мислител, а она што велите дека Мара имал идејна поврзаност, т.е. плагијатство на идеите на Монтескје, како што обвинувате, е невалидно и клеветничко тврдење. Ако сте го читале неговото дело, ќе кажевте дека Мара имал несогласувања со Монтескје, а не да зборувате работи на памет. Единствен од мислителите од неговите современици со којшто се сложувал бил Жан Жак Русо. Меѓутоа, во Маратовото дело немало само полемичка жестокост. Напротив, тој доследно и логично, согласно со внимателен промислен план, ги изложувал своите позитивни идеи, систем на своите убедувања. Денис Дидро го нарекол Мара „доста надарен човек“. Во 1774 год. во Лондон, без неговото авторско име, било издадена книгата „Ропски ланци“. Тоа било и првото политичко дело на Мара. Било оригинално и своевидно и по мислите, и по композицијата, и по книжевниот стил. „За својот настанок, државата треба да му се заблагодари на насилието“, стои на почетните страници од ова дело на Мара. „Скоро секаде законите во својата основа не биле ништо друго освен полициски правила коишто осигурувале секому да може мирно да ужива во она што го ограбил“. Но, Мара не бил песимист, каков што сакате вие Вулгаре да го вулгаризирате овој сјаен бранител на правдата, тој понатаму пишува во истото дело: „Колку-годе да е валкано потеклото на државата, слободата се родила од угнетувањето“. Мара дал многу длабоко објаснување на потеклото на државата, сметајќи дека таа произлегла од насилието. Мара во однос на ова важно прашање од општествената теорија го развил подалеку од Русо и од многу други истакнати мислители на 18 век. Во Ропски ланци може да се пронајдат извонредни предвидувања за класната природа на државата. Развитокот на деспотизмот, политичкото и социјалното угнетување, Мара го објаснува пред се‘ со непросветеноста на народот, иако, се разбира, ова е идеалистичко објаснување на законитоста којашто го одредува развојот на историскиот процес. Но, она што заслужува внимание е силината и длабочината на Маратовите мисли кога тој ги осветлува со стихијно материјалистичка анализа појавите во социјалниот живот и нејзините процеси, коишто за неговите современици останале темни и неразбирливи. Мара веќе во ова негово прво политичко дело тврдел дека создавањето на големите имоти, коишто се наоѓаат во малку раце, доведува до тоа „класата на независни граѓани да исчезнува и дека државата се состои само од господари и потчинети“. Мара ја увидел разликата помеѓу интересите на богаташите и сиромашните: „Богаташите сакаат да уживаат, а сиромасите само да го сочуваат својот гол живот“. За разлика од многу свои современици, мислители на просветителството, кои што ја истакнувале противречноста помеѓу интересите на третиот сталеж (како што Ивор го идентификува заткулисно третиот сталеж со СДСМ и неговите сателити) и двата привилегирани сталежи (според Ивор - ДПМНЕ), Мара посветува главно внимание на противречноста помеѓу сиромасите и богаташите (исто што и јас). Мара во Ропски ланци прецизирал и конкретизирал каде точно се јавува најсилно оваа противречност: „Во комерцијализирана нација, каде што капиталисти и рентиери скоро одат рака под рака со закупниците на државни приходи, финансиерите и берзијанците, големите градови имаат само две класи на граѓани, од кои едната се наоѓа во беда, додека другата има се‘ во изобилие, едната ги држи во свои раце сите средства за угнетување, додека другата нема никакви средства за своја заштита“, освен да ја продава својата работна сила и интелект. А, како да се прекине тој наемен експлоатирачки однос, како што кажав многу порано, е можно единствено преку радикална монетарна политика (како би се избегнал непопуларниот метод на експропријација). Мара исто така дошол и до сфаќањето на класната природа на државата: „Станувајќи господари над послабите, насилниците во одредена мера стануваа и господари на државата“ и затоа парламентарната демократија е лага за наивни деца и заблуден народ од страна на ротирачки проституирачки новинари како Геровски, Гелевски и Мицковски. Маратовото дело Ропски ланци е извонредно и по тоа што тоа дошло како едно од првите во политичката литература на 18 век во кое дадена остра критика на порокот на новиот капиталистички поредок во она време кога тој само се раѓал. Веќе во тоа свое прво дело, посветено на општествено-политички прашања, Мара се појавил како смел и одлучен револуционерен демократ. Таков тој и останал до последните денови од својот живот.

од целава расправа

од целава расправа највредното парче е споменувањето на Mad men. Топла препорака, каква за ТВ продукт правам еднаш во 10 години :)
 
People may see things differently, but they just don't really want to- D. Draper 

ОкоБоли главаВицФото