Странци

04.05.2018 15:41

Зачаден паб. Пиеш чиста вотка. Нарачува
Даб. Се правиш идиотка. Паѓаш на
прост муабет за поетеса и поет.
Сосема друг свет:

Маѓепсана од зборови за дамнешни љубови
и потајни копнежи, запретуваш сомнежи.
Од него не ти се повраќа;
напротив, те сфаќа.

А и не е оттука, срцето ти чука, нема што да
изгубиш, нема да се заљубиш, и токму
навреме – ѓавол да го земе –
те моли за прегратка:

толку си му слатка!, 2-3 часа само, со тебе
насамо, пред да оди на аеродром.
Употребувате кондом.

Потоа ти е жал,
па се тешиш, ти никогаш не грешиш и
светов е мал, ќе го видиш уште еднаш!
                                    Ама не го гледаш.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото