Различните лица на Елис Ајленд (1)

07.06.2018 13:57
Различните лица на Елис Ајленд (1)

Елис Ајленд (Островот Елис) бил портата за милиони емигранти во Соединетите Американски Држави како најпрометна емигрантска станица во земјата во периодот од 1892 до 1954 година.

Помеѓу 1905 и 1914 година, во САД пристигнувале во просек по околу еден милион емигранти годишно. Службениците за имиграција примале по околу 5.000 емигранти дневно во текот на најголемиот бран на доселување. Две третини од вкупниот број лица емигрирале од источна, јужна и централна Европа.
Највисоката година за имиграција на Елис Ајленд била 1907 година, со обработката на 1.004.756 емигранти.

Највисокиот дневен прилив се случил на 17 април 1907 година, кога пристигнале 11.747 имигранти. По донесувањето на Законот за емиграција од 1924 година, што во голема мера ја ограничил емиграцијата и овозможил обработка во амбасадите во странство, единствените емигранти кои минуваа низ станицата биле оние кои имаа проблеми со документите за емиграција, раселените лица и бегалци од воени зони.

Денес, над 100 милиони Американци - околу една третина од населението - може да го пронајдат своето потекло од емигрантите кои првпат пристигнале во Америка на островот Елис, пред да се распрснат низ целата земја.

На фотографиите од Јавната библиотека во Њујорк (New York Public Library) можат да се погледнат портрети на имигранти од раните 1900-ти.

 

Баварец

Данец

Холанѓанка

Грчки православен свештеник

Гркинка

Албанец

Гваделупјанка

Извор: The Vintage News

 

Слични содржини

Фотографија / Свет / Живот / Око
Фотографија / Историја
Фотографија / Историја
Фотографија / Свет / Технологија / Филм
Општество / Свет / Историја

ОкоБоли главаВицФото