Откако ги реши сите земни проблеми, Трамп ги најави Вселенските сили

19.06.2018 19:06
Откако ги реши сите земни проблеми, Трамп ги најави Вселенските сили

ВАШИНГТОН, Д.Ц. - Нецели 500 дена од неговото претседателствување, Доналд Трамп сега се соочува со единствен проблем: не останува веќе ништо што тој би требал да стори.

Откако апсолутно и целосно ги реши сите меѓународни и домашни, и обезбеди совршена хармонија и воведе невиден мир и просперитет, Трамп беше принуден да ги поминува деновите расправајќи се со познати личности и случајни твитер корисници.

Но, вчера на изненадувачката прес-конференција, Трамп возбудено објави дека нашол една област во која сè уште не ги решил сите проблеми.

„Ќе ги насочам моите вештини за решавање на проблемите кон последната граница: Вселената!", изјави Трамп пред насобраните новинари, покажувајќи нагоре, што, според Трамп е, „правецот кој за повеќето научници се согласуваат дека се наоѓа вселената“. „Секоја ноќ гледаме во сите оние светла на небото и се прашуваме што се тие. Дали се терористи? Дали се само деца таму далеку со навистина моќни рефлектори? Што и да е, мора да се справиме со тоа. Затоа објавувам нов воен оддел: Вселенски сили! "

Трамп потоа продолжи детално да ги објаснува новите Вселенски сили и како ќе има „ракети, ласери, дехидриран сладолед - сите работи потребни за решавање на вселенски проблеми“. Трамп конечно го отпоздрави светот заминувајќи за да се приклучи на Вселенските сили, на седумгодишна мисија за решавање на сите проблеми на универзумот, пронаоѓање на нови цивилизации на новите планети и градење ѕидови за да ги „задржи надвор“.

Извор: babylonbee.net