Од Индиски рапсодии: 4. Жерав

28.06.2018 10:02

 

 

Чунки совршен бел чун
сочинет од чудни чинки –
жив мрамор врз одливот:

жерав, со трпелива желба
вежбана милион години,
чека ли чека прилив.

Чиниш дека в час
сал сенка станал што
дробни риби ја бараат за почин,

за тогаш да стрелне
ко ровја, да клукне мал залак
што го голта в миг

и пак мрамор да се стори.

Тотада, 2016

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото